Сашко Кедев ексклузивно за Канал 5 раскажува за планинарските подвизи кои го внесоа во Гинис - Канал 5

Сашко Кедев ексклузивно за Канал 5 раскажува за планинарските подвизи кои го внесоа во Гинис

Сашко Кедев ексклузивно за Канал 5 раскажува за планинарските подвизи кои го внесоа во Гинис
Тој на почетокот не бил свесен дека еден ден еден по еден врвовите ќе бидат искачени и со оглед на возста, но позитивно раскажува се е во подготврноста физичката, но и психичката. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ново рочиште за пожарот во „Пулс“ – сведочеше ќерката на Дејан Јованов Деко

Во дискотеката „Пулс“ во Кочани имало повеќе противпожарни апарати, панични светла , функционална задна врата, а полиција редовно вршела контрола за проверка на малолетници. 

Ново рочиште за пожарот во „Пулс“ – сведочеше ќерката на Дејан Јованов Деко

Ова во судницата во Идризово денеска го истакна Магдалена Јованова, ќерка на Дејан Јованов Деко, првообвинет за пожарот во Пулс лани. Јованова рече и дека кога и да се користела пиротехника, секогаш имало лице задолжено за тој дел, но не можеше да се сети на неговиот идентитет.

-Противпожарни апарати имаше кај главната врата, кај бината и кај шанковите, а панични светла имаше и на задната врата, на вратата за излез, како и на вратата кај билетарницата. Често доаѓаше полиција и бараа лични карти, стоеја на врата и не дозволуваа никој да влегува или излегува. Кога се користеше пиротехника, имаше човек кој раководеше со тоа, а надвор, пред врата, сум видела комбе со натпис „Пиротехника“.– сведок Магдалена Јованова, ќерка на првообвинетиот Дејан Јованов

Во однос на задната врата од дискотеката рече дека и самата таа, но и гостите често ја користеле за да излезат да пушат цигари, но и дека таму никогаш не видела обезбедување. Покрај Јованова, во судот сведочеше и пријателка на Јованов, како и столар кој работел на внатрешноста во објектот. За родителите на жртвите во пожарот пак кои и денеска беа присутни во суднциата, ваквите сведочења се ирелевантни, а посебно го отфрлаат денешниот исказ на Јованова.

– Ова се првите своедоци на прообвинетиот. Мислам дека се многу неважни, бидејќи на околностите на кои сведочеа беа како паушално доведени, како да се злоупотреби рочиштето и не дадоа некое значење, посебно не Магдалена, бидејќи обвинителството мислам дека има многу повеќе докази за неа. - Александар Наунов, родител на жртва во дискотеката „Пулс“

Следното рочиште за трагедијата во Кочани со испитување на сведоци на одбраната ќе продолжи на 24 ноември.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предметот „Корабоски“ да се пресели во друго обвинителство и суд, аплеира адвокатот Туфегчиќ

 Според него, реакциите во јавноста се оправдани.

Предметот „Корабоски“ да се пресели во друго обвинителство и суд, аплеира адвокатот Туфегчиќ

Необичниот пресврт, од мерки на претпазливост за насилникот Кристијан Корабоски и пуштање дома па се до притвор неколку часа подоцна, е драстична промена која е показател на различни правни стандарди, кои со право отвораат сомнежи дека имало влијание во првичната одлука на јавниот обвинител, смета адвокатот Владимир Туфегчиќ. Според него, реакциите во јавноста се оправдани, а предметот во кој Корабоски е обвинет за претепување на неговата девојка Сара Ѓорѓиоска, од Охрид треба да се делегира на друго обвинителство и друг суд, поради непристрасноста во постапувањето.

-Мала локална средина создава голема локална моќ на одредени луѓе кои можат да имаат и имаат влијание врз институциите, вклучително и судиите и јавните обвинители. И ова што сега се случило, не е добро, затоа што не можете вие на еден човек денеска сабајле да му определите мерки за претпазливост, а по ручек, за истата работа, да му определите мерка притвор и тоа е прилично дискутабилно. Се примениле во конкретниот случај различни правни стандарди, отвора сомнеж дека имало влијание за првичната одлука на јавниот обвинител.- Владимир Туфегчиќ – Адвокат

Според правната квалификација на делото, која исто така доживеа промена во неколку часа, од „тешки телесни повреди“ до обвинение поднесено по три кривични дела „телесна повреда“, „против правно лишување од слобода“ и „загрозување на сигурноста“, според Туфегџиќ исто така е невообичаено. Вели, обвинителот, наместо десетина часа, законски можел да го држи во притвор осомничениот 24 – часа, што е доволно време да види со какви докази располага во моментот и да донесе соодветна одлука.

-По однос на правната квалификација на кривичното дело и самиот настан, ќе кажам дека ниту јас, ниту вие, ниту било кој е повикан да се стави во улога на јавен обвинител, таа работа треба да ја одработи јавниот обвинител кој денеска бара 40% поголема плата, треба да си го одработи судот и институциите, каде што е место за таква работа. Јавниот обвинител, не знам од кои причини, не го искористил законското овластување за задржување од 24 часа, тие во законот за кривичната постапка не се предвидени случајно, тоа е време кое е сосема доволно, се проценило дека е доволно, да јавниот обвинител види за што се работи, да види со какви докази располага и да, на некој начин, му биде овозможено да донесе соодветна јавно обвинителска одлука, а не вака со брзање, да се носат две различни одлуки од претпладне до попладне. - Владимир Туфегџиќ - Адвокат

Според адвокатот, реакциите во јавноста се оправдани и мора навремено да се елиминира некакво претпоставено влијание, па смета дека ваквите проблеми би се решиле доколку конечно Републичкото јавно обвинителство го примени законското овластување за хоризонтално преместување на судии и обвинители од едно во друго апелационо подрачје, особено во малите средини каде луѓето повеќето меѓусебно се познаваат.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљаносвка Давкова: Случаите на насилство врз жени стануваат епидемија

Сиљановска Давкова најави иницијатива со која на иста маса ќе седнат сите надлежни институции и ќе бараат решенија.

Сиљаносвка Давкова: Случаите на насилство врз жени стануваат епидемија

По низата напади врз жени во изминатиот период претседателката Сиљановска Давкова смета дека случаите прераснуваат во епидемија и најави иницијатива со која на иста маса ќе седнат сите надлежни институции и ќе бараат решенија за ваквите насилства.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер