Саша Поповиќ гради луксузна населба на Бежаниска коса - Канал 5

Саша Поповиќ гради луксузна населба на Бежаниска коса

Саша Поповиќ наводно гради луксузна населба на Бежаниска Коса. За изградба на овој величествен комплекс вложил 7.350.000 евра.

Саша Поповиќ гради луксузна населба на Бежаниска коса

Поповиќ го продаде „Гранд“ во септември 2020 година, својата заработка ја инвестираше во недвижен имот.

Добро информиран извор за Информер вели дека Поповиќ купил неколку поврзани парцели на почетокот на Бежаниска Коса, во близина на неговата вила и таму почнал да гради луксузна населба со бројни капацитети за станари, опкружена со зеленило. Населбата ќе биде добро обезбедена, а на влезот во комплексот ќе биде поставена рампа со чувари. Првите станари би требало да се вселат кон средината на 2024 г.

За становите постои голем интерес меѓу јавните личности, а некои пејачи и спортисти веќе уплатиле капар. Цените за квадрат се од 2.200 до 2.600 евра без ДДВ. Најбарани се малите станови од 47 квадрати. Изворот за Информер додава и дека Саша ја ангажирал сопругата Сузана да ги продава становите.

извор

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево за време на викендот со температури од 0 до 20 степени

Утре времето ќе биде сончево со умерена локална облачност, соопштуваат од УХМР.

Сончево за време на викендот со температури од 0 до 20 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

4 Попова Шапка, 8 Крушево, 11 Берово, 12 Прилеп, 14 Претор, Крива Паланка, 15 Битола, Охрид, Тетово, Штип, 16 Зајчев Рид, Виница, Велес, Скопје Петровец, 17 Кавадарци, 18 Демир Капија, Струмица, Гевгелија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2)

1 Штип.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше променливо облачно, наместа со повремени локални врнежи од дожд. Дуваше слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Во вечерните часови ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 18 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Следува период на стабилно и релативно топло време со променлива облачност во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Нашата програма е остварена речиси 90 проценти, а Кавадарци се развива со нови милионски инвестиции

„Нашата програма е остварена речиси 90 проценти, а Кавадарци се развива со нови милионски инвестиции“ .

Јанчев: Нашата програма е остварена речиси 90 проценти, а Кавадарци се развива со нови милионски инвестиции

„Нашата програма е остварена речиси 90 проценти, а Кавадарци се развива со нови милионски инвестиции“ — вака градоначалникот Митко Јанчев му одговори на советникот Круме Богевски од Левица, на обвинувањата на последната седница, за слаба буџетска реализација.

Најавени се нови трговски објекти и фабрички капацитети, како и проширување на Генералниот урбанистички план, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: По 30 години чекање - за само пет месеци работа, булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршување

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во градежните активности за изградба на булеварот Борис Трајковски.

Ѓорѓиевски: По 30 години чекање - за само пет месеци работа, булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршување

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во градежните активности за изградба на булеварот Борис Трајковски и истакна дека дека до крајот на годината, скопјани по 30 години чекање ќе добијат целосно завршен, модерен и безбеден булевар.

- За рекордно време, пред предвидениот рок, ставаме крај на децениската сообраќајна голгота на една од најважните скопски артерии. Дадов збор дека нема да дозволам мојот народ повеќе да живее со лажни ветувања. Денес, делата говорат. Повеќе од 100.000 граѓани ќе добијат нов, модерен и безбеден булевар за полесно секојдневие, помалку метеж и повеќе време со своите семејства. Даден збор. Исполнето ветување – изјави Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер