Саша Барон Коен сподели трогателна порака за поранешната сопруга Исла Фишер - Канал 5

Саша Барон Коен сподели трогателна порака за поранешната сопруга Исла Фишер

Актерот Саша Барон Коен сподели трогателна порака за својата поранешна сопруга Исла Фишер на Инстаграм, речиси три години откако се разделија.

Саша Барон Коен сподели трогателна порака за поранешната сопруга Исла Фишер

Барон Коен покажа дека се уште се блиски посакувајќи ѝ среќен 50-ти роденден на Фишер. Во објава на Инстаграм, покрај нејзината фотографија, тој напиша: „Среќен роденден на најсмешната и најрадосна личност, неверојатно талентирана актерка и прекрасна мајка. Нека твојата следна деценија биде уште подобра.“

За потсетување, актерката потврди на Инстаграм во 2024 година дека официјално поднеле барање за развод.

Покрај фотографија од нив во тениска опрема, таа напиша: „По долг тениски натпревар што траеше повеќе од дваесет години, конечно ги тргаме нашите рекети. Заедно поднесовме барање за развод во 2023 година.“

Фишер подоцна рече дека разводот бил најтешкиот период низ кој поминала, но се чини дека останале во добри односи.

Иако шпекулациите за проблеми во нивниот брак кружеа со години, ниту Коен ниту Фишер не дадоа никакви јавни изјави до 2024 година, кога ја потврдија својата разделба. Официјалниот развод беше финализиран кон средината на јуни 2025 година.

Саша Барон Коен, познат по улогата на Борат, и австралиската актерка Исла Фишер се запознаа во 2001 година во Сиднеј. Три години подоцна, тие се свршија и се венчаа во 2010 година во Париз на приватна церемонија со нивните најблиски пријатели. Двојката има три деца заедно, а Исла неодамна нагласи колку е важно родителството за неа: „Тоа е најтешкото нешто низ кое сум поминала и научив толку многу за себе во тој процес. Никогаш не замислував дека моето семејство ќе се распадне, но ние сме посветени родители кои ги сакаат своите деца пред сè.“

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УЕФА: Сите натпревари ќе почнуваат со минута молчење

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денеска објави дека пред претстојните натпревари од првото коло на Лигата на шампионите ќе се одржи минута молчење во спомен на загинатите во поплавите во Непал.

УЕФА: Сите натпревари ќе почнуваат со минута молчење

Натпреварите од првото коло на Лигата на шампионите ќе се играат од вторник до четврток.

„Како знак на солидарност и поддршка, пред почетокот на сите натпревари од Лигата на шампионите ќе биде одржана минута молчење и ќе биде истакнат транспарент на кој ќе пишува: „Не си сам, Непал“, соопшти УЕФА.

Според најновите бројки, повеќе од 1.300 луѓе загинаа во поплавите во Непал, кои ја погодија земјата на 26 август, додека околу 5.000 се водат како исчезнати.

„Целото европско фудбалско семејство е обединето пред натпреварите што се играат оваа недела за да изразиме најдлабоко сочувство и поддршка до народот на Непал. Им посакуваме сила и упорност да се опорават од оваа голема трагедија и нејзините последици“, изјави претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се урна кат од зграда во центарот на Рим- спасувачите извлекуваат преживеани од урнатините (ВИДЕО)

Во центарот на Рим, се урна кат од деловна зграда, но за среќа четири лица беа спасени, соопштија властите.

Се урна кат од зграда во центарот на Рим- спасувачите извлекуваат преживеани од урнатините (ВИДЕО)

Зградата на Виа Кола ди Риенцо, во која се наоѓаат продавницата „Норт Фејс“ и хотелот „Консоли“, моментално е затворена поради несреќата, според агенцијата „АднКронос“.

Хотелот е во процес на реновирање.

Директорката на противпожарната служба, Беатрис Танци, изјави дека таванот помеѓу приземјето и првиот кат делумно се урна. Иако четири лица беа спасени, екипи со кучиња трагачи и специјалисти кои го пребаруваат подрачјето сè уште бараат.

Таа додаде дека во тек се работи за реновирање во хотелот „деи Концоли“ и истакна дека не е исклучено „натрупаниот материјал“ на градилиштето да ги „преоптоварил подовите“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсена е скопјанка, која запалила тревна површина во центарот на градот

Лишена од слобода скопјанка, предизвикала пожар во централното подрачје на Скопје.

Уапсена е скопјанка, која запалила тревна површина во центарот на градот

На 06.09.2026 во 13:05 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Ш.И.(51) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека со запалива материја предизвикала пожар, при што опожарени биле поголема тревна површина со дрва, а биле зафатени и две бандери.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер