Саркози пред апелацискиот суд: Одговарам со вистина на страдањето на жртвите, јас сум невин - Канал 5

Саркози пред апелацискиот суд: Одговарам со вистина на страдањето на жртвите, јас сум невин

Поранешниот француски претседател Никола Саркози изјави пред апелациониот суд во Париз дека ќе одговори на „страдањето“ на семејствата на жртвите од нападот врз авионот UTA DC-10 со „вистината“ за својата невиност.

Саркози пред апелацискиот суд: Одговарам со вистина на страдањето на жртвите, јас сум невин

Поранешниот француски претседател Никола Саркози изјави пред апелациониот суд во Париз дека ќе одговори на „страдањето“ на семејствата на жртвите од нападот врз авионот UTA DC-10 со „вистината“ за својата невиност во случајот против него за наводно либиско финансирање на неговата кампања во 2007 година.

Саркози е меѓу деветте обвинети кои повторно се судат откако во септември беше осуден на пет години затвор за заговор за извршување злосторства, објави „Ле Фигаро“.

Тој е осомничен дека им дозволил на своите најблиски помошници да преговараат за финансирање на кампањата со високиот либиски функционер Абдула Сенуси кон крајот на 2005 година, кој беше осуден на доживотен затвор за организирање на нападот во 1989 година во кој загинаа 170 лица, меѓу кои и 54 француски државјани.

„На страдањето, толку неописливо, може да се одговори само со вистина, но страдањето не може да се поправи со неправда: јас сум невин“, рече Саркози, зборувајќи пред неговата сопруга Карла Бруни-Саркози, која беше присутна за прв пат од почетокот на жалбената постапка.

Поранешниот француски претседател нагласи дека „во кампањата немало ниту еден цент либиски пари“ и дека никогаш не дејствувал во корист на Абдула Сенуси, либискиот функционер осуден за организирање на нападот од 1989 година во кој загинаа 170 лица.

Испитувањето ќе трае три до четири дена, а семејствата на жртвите и сведоците претходно изјавија дека нивните гласови биле потиснати и посочија на „лагите и негирањата“ на обвинетите.

Саркози беше осуден на пет години затвор во септември, но тој поднесе жалба и беше ослободен под судски надзор по само 20 дена зад решетки во затворот Санте.

Саркози е првиот француски претседател кој е затворен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски: Охридскиот Регион останува на Листата на светско наследство на УНЕСКО

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржа тематска прес-конференција во Владата, на која информираше за исходот од 48. сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО.

Муцунски: Охридскиот Регион останува на Листата на светско наследство на УНЕСКО

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржа тематска прес-конференција во Владата, на која информираше за исходот од 48. сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Бусан, Република Кореја.

Министерот Муцунски информираше дека во првичниот предлог на одлуката било предвидено Охридскиот Регион веднаш да биде впишан на Листата на светско наследство во опасност. По усвојувањето на амандманот, оваа формулација е отстранета. Охридскиот Регион останува на Листата на светско наследство на УНЕСКО и во оваа фаза нема да биде впишан на Листата во опасност.

„Ова претставува значаен дипломатски успех за државата. Резултатот произлегува од координирана државна акција, предводена од претседателот на Владата, и од посветената работа на сите институции вклучени во процесот“, истакна Муцунски.

Во активностите беа вклучени Министерството за култура и туризам, Министерството за транспорт, Министерството за животна средина и просторно планирање, општините Охрид и Струга, како и Амбасадата во Париз, која имаше значајна улога во комуникацијата со УНЕСКО и со државите членки на Комитетот за светско наследство.

Министерот посочи дека во изминатиот период биле водени интензивни разговори и дипломатски консултации со цел да се изгради поддршка меѓу државите членки на Комитетот. Во рамките на дијалогот биле јасно претставени позициите на државата, преземените обврски и политичката волја за заштита на Охридскиот Регион.

„Покажавме дека дипломатијата носи конкретни резултати. Таа не е само присуство на меѓународни состаноци, туку способност да се градат партнерства, да се создава доверба и да се заштитат најзначајните национални интереси“, нагласи Муцунски.

Осврнувајќи се на значењето на Охридскиот Регион, тој оцени дека станува збор за природно и културно богатство од исклучителна универзална вредност, чие значење ги надминува националните граници. Охридското Езеро, со својата природна уникатност, биолошка разновидност и богато културно-историско наследство, претставува непроценливо светско добро и симбол на регионалната соработка, одржливиот развој и заедничката грижа за светското наследство.

Муцунски потенцираше дека зачувувањето на Охридскиот Регион е национален приоритет и одговорност кон идните генерации, а постигнатиот резултат ја потврдува јасната определба на Владата за негова трајна заштита.

Со дипломатскиот ангажман е обезбеден дополнителен простор за исполнување на преземените обврски и за спроведување на Стратегискиот план за рехабилитација до 2030 година. Во следниот период, заедно со Албанија, треба да биде подготвена временски ограничена рамка за спроведување на Планот, а до 1 февруари 2027 година да биде доставен нов извештај за постигнатиот напредок.

„Дипломатијата го обезбеди потребниот простор. Сега обврската е на сите надлежни институции тој простор да го претворат во конкретни и мерливи резултати, преку целосно исполнување на преземените обврски“, порача Муцунски.

Министерството ќе продолжи со активна дипломатска работа и координација со Албанија, УНЕСКО, државите членки на Комитетот и меѓународните партнери, со јасна цел – трајно зачувување на Охридскиот Регион како светско природно и културно наследство.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јирген Клоп е новиот селектор на Германија

Германската фудбалска федерација (DFB) официјално го именуваше Јирген Клоп за нов селектор на репрезентацијата, ставајќи крај на повеќенеделната неизвесност околу наследникот на Јулијан Нагелсман.

Јирген Клоп е новиот селектор на Германија

Претседателот на DFB, Бернд Нојендорф, објави дека сите членови на раководството едногласно го поддржале изборот на прославениот германски стручњак, нагласувајќи дека Клоп е „идеален кандидат“ за оваа позиција.

„Голема чест е да седам тука денес“, рече Клоп на прес-конференцијата по официјалното претставување.

Германија одлучи да му ја довери репрезентацијата на еден од своите најуспешни тренери по разочарувачкиот настап на Светското првенство, каде што беше елиминирана откако загуби од Парагвај на пенали во осминафиналето. По тој неуспех, Јулијан Нагелсман ја напушти својата позиција како селектор.

Германија одлучи да ја довери репрезентацијата на еден од своите најуспешни тренери по разочарувачкиот настап на Светското првенство, каде што тимот беше елиминиран по изведувањето пенали против Парагвај во осминафиналето.

По тој неуспех, Јулијан Нагелсман ја напушти селекторската функција. Клоп набрзо стана прв избор на раководството на Сојузот, а преговорите се водеа во Њујорк, каде што тој работеше како стручен телевизиски консултант за време на Светското првенство.

На 11 јули, Германскиот фудбалски сојуз (DFB) потврди дека е постигнат начелен договор, а сега соработката е и официјално потврдена. Договор до Светското првенство во 2030 година. Поранешниот тренер на Ливерпул потпиша договор што стапува на сила на 15 август и трае до летото 2030 година, односно до крајот на следниот циклус на Светското првенство.

„Репрезентацијата може да ги обедини Германците како малку што друго. Токму затоа оваа функција е толку посебна за мене“, изјави Клоп.

Клоп ќе ја предводи Германија од клупата на првиот натпревар на 24 септември против Холандија во Амстердам, во рамките на првото коло од Лигата на нации.

Тоа ќе биде неговиот прв тренерски ангажман откако го напушти Ливерпул во 2024 година, кога одлучи да направи пауза поради исцрпеност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Труjачите на водата добија уште 5 години да го спасуваат Охрид

УНЕСКО одлучи да не го става Охридскиот регион на Листата на светско наследство во опасност. На оваа власт ѝ даде уште пет години.

СДСМ: Труjачите на водата добија уште 5 години да го спасуваат Охрид

Истите што за три дена дозволија загадена вода во четири града, истите што не можеа да обезбедат безбедна вода ниту во болница, сега добија нов рок да го „спасуваат“ Охрид и Охридското Езеро.

Пет години.

Проблемите се исти со децении: дивоградби, загадување, уништување на крајбрежјето, неисполитени обврски.

Ништо ново. Само уште еден алиби-рок за власт што докажано не знае да штити ниту вода за пиење, а камоли светско наследство.

Екипата на ВМРО-OKГ не знае ни билборд да направи, а не да сочува наследство.

Знаејќи ги, после пет години повторно ќе биде виновен некој друг. Некој од пред 35 години. Секој е виновен, освен Мицкоски и тендер-коалицијата што ја сочинува оваа власт. Тие денес ја имаат целата моќ и ја носат целата одговорност, и на локално и на државно ниво.

Ако во овие пет години не се направи она што мора, ќе биде доцна.

Нови пет години нема да добиеме. Охрид нема бесконечни рокови. А оваа власт има само бесконечни изговори.

СДСМ, преку своите советници, бара вонредни анализи на водата за пиење во Велес и околните населени места.

Конкретно во Велес СДСМ побара да се проверат сите водоводи поради тоа што последните наоди и стручни мислења коишто се јавно објавени покажуваат дека скоро секаде во селските водоводи има Escherichia coli индикатор за фекално загадување.

Дури и во училишта. Нема никаква информација каква е сега состојбата, дали општината и централната власт нешто презела?

Советниците на СДСМ бараат и посебна точка на дневен ред за состојбата со водата во Велес.

Откако за неколку дена добивме загадена вода во Гостивар, Валандово, Лешок и Крушево, не може да се молчи.

Сега СДСМ бара итна и целосна проверка на водата за пиење во сите градови и општини во Македонија. Без исклучок. Без селективност.

Без прикривање на резултатите.

Нема да дозволиме Мицкоски и ВМРО-ОКГ да ја отрујат цела земја.

Граѓаните имаат право да знаат што пијат. А оваа власт има обврска конечно да одговори - не со изговори, туку со факти и со чиста вода.

Скопје, 24.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер