Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
1Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
СветСаркози: Франција е десничарска земја и треба да има десничарски премиер Франција е десничарска земја и треба да има десничарски премиер, изјави денеска поранешниот француски претседател Никола Саркози.-Предвремените избори во Франција и изборите за Европскиот парламент покажаа дека Франција е десничарска земја и десничарските партии мора да преземат одговорност, изјави Саркози во интервју за весникот Фигаро, пренесува Политико. Поранешниот француски претседател ( 2007- 2012 година) ја повика конзервативната десничарска партија Републиканци, која тој ја основа, да се заложи за именување на десничарски премиер. -Франција е десничарска земја која истовремено се соочува со политичка, социјална и финансиска криза. Нема идеално решение. Политичките сили мора да го разберат тоа, додаде Саркози и ги повика политичките партии да постигнат компромис во интерес на земјата. Откако францускиот претседател Емануел Макрон распиша предвремени избори во јуни кои резултираа со хаотичен исход во кој ниту една партија не освои доволно места за да обезбеди мнозинство во парламентот, Франција е без нова влада речиси два месеци. Францускиот претседател Емануел Макрон претходно оваа недела одби да ја именува кандидатката на левичарската коалиција Луси Каст за премиер, велејќи дека тоа ќе доведе до нестабилност, а во вторникот започна нова рунда разговори со политичките лидери. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче: Во Буџетот нема пари за зголемување на платите – нема развој, само долгови и каматиПретседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во изјава за медиумите пред јавната дебата организирана од Фондацијата „Фридрих Еберт“, предупреди дека економските политики на Владата на Мицкоски ја водат државата кон растечка зависност од скапи кредити.Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во изјава за медиумите пред јавната дебата организирана од Фондацијата „Фридрих Еберт“, предупреди дека економските политики на Владата на Мицкоски ја водат државата кон растечка зависност од скапи кредити, без развој и без пари за зголемување на платите. „Сега се носи буџетот за следната година, после веќе многу брзиот ребаланс, што беше доказ за лошите економски политики. Нема пари за зголемување на платите во здравството, во образованието, во социјалата. Нема развојна компонента буџетот, немаше ни до сега“, истакна Филипче. Тој посочи дека сумата за отплата на камати достигнува рекордно ниво, додека наталожените обврски на државата го загрозуваат работењето на компаниите. „Никогаш ваква голема сума од близу дваесет и пет милијарди денари не одела за враќање на камати. И дополнително уште нешто што страшно загрижува огромниот долг кој што државата го има кон јавните претпријатија, кон локалната самоуправа, кон компаниите во здравството и така натаму, седумстотринаесет милиони евра, вклучувајќи го и долгот за поврат на ДДВ“, рече Филипче. Неисплаќањето на овие средства создава сериозни ризици за ликвидноста и функционирањето на стопанството. „Значи 713 милиони евра нема државата да ги даде на стопанството, а со тоа ги прави компаниите неликвидни и ги става во ризик како понатаму тие би функционирале. Сѐ на сѐ еден страшен дебакл. Животот е сѐ поскап. Граѓаните ништо не може да си приуштат. Три минимални плати не се доволни за потрошувачката кошничка“, нагласи Филипче. Претседателот на СДСМ изрази сериозна загриженост дека продолжувањето на ваквите политики може да ја доведе државата во ситуација тековните обврски да ги покрива единствено преку скапо задолжување. „Имајќи предвид дека сме сериозно загрижени дека на државата, вака како што сега Кристијан Мицкоски ја води економијата, не ѝ преостанува ништо друго освен за некоја година да се соочиме со грчкото сценарио, односно да стигнеме во ситуација кога единствен извор на тоа да се платат тековните расходи, плати, пензии, сѐ што се должи кон стопанството ќе бидат само скапите кредити“, предупреди Филипче. Одговарајќи на новинарско прашање за справувањето со економската криза, Филипче порача дека Владата не покажува ниту волја ниту способност да понуди решенија, а последиците директно ги чувствуваат граѓаните. „Прво, Владата треба да има желба да се справи со кризата. Понатаму треба да има знаење и капацитет, а ништо од ова очигледно е дека го нема. И како тоа сега се реперкутира и како тоа граѓаните го гледаат, го гледаат во своите паричници и во своите фрижидери. И паричниците и фрижидерите на граѓаните се празни. И тоа е доказ дека оваа Влада апсолутно не знае како се води државата“, заклучи Филипче. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПремиерот Мицкоски на Форумот за проширување на Европската Унија – „EU Enlargement Forum 2026“-Денеска присуствував на Форумот за проширување на Европската Унија – „EU Enlargement Forum 2026“, во организација на Европската комисија,на Фејсбук објави Премиерот Христијан Мицкоски .Заедно со Марта Кос го проследивме обраќањето на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со кое беше отворен Форумот во Брисел. Проширувањето на Европската Унија претставува геостратешки императив и долгорочна инвестиција во мирот, стабилноста и безбедноста на европскиот континент. Овој процес мора да остане заснован врз постигнатите резултати, но истовремено да биде подинамичен, праведен и предвидлив. За Македонија, европската интеграција е стратешка определба и долгорочен национален интерес. Нашата посветеност на реформите, заштитата на националните интереси и исполнувањето на европските стандарди мора да бидат проследени со јасна и кредибилна европска перспектива, стои во објавата на Мицкоски. Тагови: Марта Кос Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПоранешна амбасадорка на Белгија во Србија откри што направила ЕУа во ноќта на поразот на ВучиќПоранешниот српски претседател Александар Вучиќ ги повлече војската и полицијата од Пионирскиот парк во Белград во изборната ноќ, по притисокот од Европската унија, која се обиде да спречи судири што би можеле да прераснат во граѓанска војна. Ова го изјави Дениз де Хаувере, поранешната белгиска амбасадорка во Србија, во интервју за телевизијата „Инсајдер“. Според неа, Европската унија активно ги следела настаните во Србија пред парламентарните избори на 25 октомври, на кои „Студентската листа“ ја победи СНС на Вучиќ и стави крај на неговото долгогодишно владеење. „Сигурно сте слушнале дека токму благодарение на Европската унија, Вучиќ ги повлече војниците и полицијата од Пионирски парк. Унијата изврши притисок врз него да не започнува нешто што би можело да заврши со граѓанска војна. Тоа значи дека ЕУ многу внимателно следи што се случува“, изјави Де Хаувере. Во изборната ноќ, владата на Вучиќ распоредила голем број припадници на безбедносните сили околу зградата на Претседателството и Републичката изборна комисија во Белград. Ваквото распоредување на војската и полицијата го зголемило стравот од можни судири по објавувањето на изборните резултати. Де Хаувере смета дека Европската унија не само што ги набљудувала настаните, туку презела и чекори за да спречи насилство. Поранешната амбасадорка изјави дека Европската унија е подготвена да им помогне на новите власти во Србија во спроведувањето на реформите и во зачувувањето на политичката стабилност. „Сега не е време за одмазда или за расчистување сметки со политичките противници, туку за работа на реформирање на институциите. Европската унија е тука и е подготвена да помогне“, рече Де Хаувере. Таа ја истакнала важноста од одржување на функционирањето на економијата и обезбедување стабилна политичка ситуација за време на транзицијата на власта. Де Хаувере, која служеше како белгиски амбасадор во Белград од 2006 до 2011 година, го обвини Вучиќ дека во Брисел зборувал поинаку за Европската унија отколку што со години им зборувал на граѓаните на Србија. Според неа, на средбите со европските претставници тој се претставувал како политичар посветен на европските интеграции, додека во Србија тврдел дека Брисел поставува неправедни барања. „Се разбира, тоа беше лага. Но, тоа функционираше некое време – сè додека критиките не станаа навистина пресилни“, изјави поранешната амбасадорка. Таа оцени дека ваквата политика придонела за назадување на демократијата во Србија и дека, со текот на времето, ЕУ престанала да прави отстапки пред Вучиќ.Тагови: Александар Вучиќ ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55