Сараево ќе ја одбележи 30-годишнината од ЗОИ 1984 - Канал 5

Сараево ќе ја одбележи 30-годишнината од ЗОИ 1984

Со меѓународната манифестација во уметничко лизгање „Сараево Опен 2014’’ ќе се одбележува 30-годишнината од одржувањето на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во овој град во 1984 година.

Сараево ќе ја одбележи 30-годишнината од ЗОИ 1984
Од утре до недела во главниот град на Босна и Херцеговина, односно Олимписката арена „Хуан Антонио Санмаранч’’ ќе настапат повеќе од 70 натпреварувачи во уметничко лизгање од 16 земји.

На меѓународната манифестација ќе настапат натпреварувачи во повеќе возрасни категории, а особено се истакнува бројката на јуниорките и сениорките кои се на самиот врв од ранг листата на европско и светско ниво. Оваа манифестација ќе биде и последна проверка за нивната форма во пресрет на ЗОИ Во Сочи кои започнуваат за девет дена, а каде од дел од овие натпреварувачки се очекува и висок пласман на претстојната Олимпијада. 14-тите ЗОИ во Сараево беа единствените Олимписки игри кои се одржаа на просторите на поранешна Југославија, а со безрезервна поддршка од сите гаѓани на тогашните републики сега независни држави. /Извор: МИА/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска се очекува ново зголемување на цените на горивата до 2,5 денари за дизелот и околу денар за бензините

Денеска се очекува ново зголемување на цените на горивата. 

Денеска се очекува ново зголемување на цените на горивата  до 2,5 денари за дизелот и околу денар за бензините

Премиерот Мицкоски вчера одговарајќи на новинарско прашање, изјави оти очекува да им зголемување на цените на дизелот за околу два до два и пол денари по литар и на бензините за околу еден денар по литар. Ваквите очекувања, рече тој, се врз основа на пресметките на владата направени според движењето на цените на нафтата и на нафтените деривати на светските берзи во текот на минатата седмица. „Врз основа на нашите калкулации имаме зголемување на цената на нафтата за 5-6 проценти на светските берзи во текот на минатата седмица и благо зголемување на цената на бензините за 2 до 3 проценти“,изјави тој.

Сепак, како што рече, за конечните цени на горивата што граѓаните ќе ги плаќаат од полноќ меѓу понеделник и вторник, треба да се почека одлуката на регулаторната комисија за енергетика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација

Со изведување на материјални докази од обвинителството денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. 

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација

Обвинителството, како што е најавено, треба да презентира листинзи од телефонска комуникација, со што од материјалните докази предложени од обвинителството ќе остане уште изведување на градежно вештачење и произнесување на вештите лица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски најави поскапување на горивата, ама за граѓаните не најави никакви мерки

Мицкоски го најави денешното поскапување на горивата, ама не најави никакви мерки со кои ќе ги заштити граѓаните од новиот ценовен удар.

СДСМ: Мицкоски најави поскапување на горивата, ама за граѓаните не најави никакви мерки

Исто како што кажа дека има пазари и компании кои работат со „повисоки маржи“, но рече дека „имињата засега нема да ги открие“.

Тоа се тие се двајца Мицкоски – едниот признава дека има проблем, другиот со лаги и манипулации се обидува да дефокусира од проблемот.

Додека граѓаните живеат крпен живот, од ден во ден се се посиромашни, Мицкоски не презема ништо.

Затоа секоја изјава му е „наскоро ќе види“. Тоа „наскоро“ не ги полни фрижидерите на граѓаните, ниту ги плаќа сметките.

Секое зголемување на цените на горивата директно ги зголемува транспортните трошоци, а тоа повторно се прелева во повисоки цени на храната.

На крајот, сметката повторно ја плаќаат граѓаните, кои крај со крај не можат да врзат во месецот.

Скоро 70.000 денари му се потребни на едно четиричлено семејство само за покривање на основните животни трошоци.

Инфлацијата ја јаде куповната моќ. Со ребалансот и нагорното ревидирање на инфлацијата на 4,5%, Владата призна дека цените ќе продолжат да растат.

Тоа значи уште поскапа храна, уште повисоки сметки, уште поскап и потежок живот. Помала вредност на платите и пензиите. Помала куповна моќ.

А Мицкоски не сака да слушне за 600 евра минимална плата и мерки. Не прифати ниту една мерка од СДСМ, ниту за замрзнување на маржите на основните прехранбени производи, ниту поддршка за најранливите категории граѓани.

Наместо конкретни мерки тој вели во четири очи со компаниите ќе ги решавал високите цени – класична манипулација и замајување на јавноста.

Нема конкретна политика, ниту мерка за намалување на цените – Мицкоски уште ќе „чека“.

Ама затоа за задолжувања за партиските тендери не чека – тоа оди експресно.

За две години екпспресно направија нов долг од 2,5 милијарди евра, не за 600 евра минимална плата, не за мерки за граѓаните, не за капитални проекти – само за криминални тендери на расипничката ВМРО.

Вистината е дека оваа Влада за две години го донесе народот до дното на сиромаштија. Се покажува дека немаат ниту план, ниту желба за заштита на економијата и животниот стандард на граѓаните. Последиците од неспособната ВМРО граѓаните секој ден ги чувствуваат на бензинските пумпи, во маркетите и во своите празни паричници.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер