Се намалуваат цените на горивата, од полноќ дизелот поевтинува за 8 денари, бензинот за 4 денари за литар
2Се намалуваат цените на горивата, од полноќ дизелот поевтинува за 8 денари, бензинот за 4 денари за литар
Итната помош со зголемен број интервенции на терен поради топлотниот бран, здравствените власти алармираат да се почитуваат препораките
1Итната помош со зголемен број интервенции на терен поради топлотниот бран, здравствените власти алармираат да се почитуваат препораките
ЖивотСара Силверман ги тужи „Мета“ и „Опен-АИ“ поради ВИКомичарката и писателка Сара Силверман, заедно со писателите Ричард Кадри и Кристофер Голден, поднесе тужба против „Мета“ и „Опен-АИ“.Комичарката и писателка Сара Силверман, заедно со писателите Ричард Кадри и Кристофер Голден, поднесе тужба против „Мета“ и „Опен-АИ“, поради наводна неовластена употреба на нивните дела и содржината за вештачка интелигенција што собира сознанија, т.е. „учи“ јазици. Американските писатели бараат парична отштета, без да наведат износ. Содржината на нивните книги е заштитена со авторски права, а била користена од „Мета“ и „Опен-АИ“ за обука на чет-ботови, според тужбата поднесена во петокот во Федералниот суд во Сан Франциско, САД. Во обвиненијата против „Мета“, писателите тврдат дека анонимно откриените податоци за бизнисот на компаниите покажуваат дека вештачка интелигенција го користела напишаното без дозвола. Во тужбата против „Опен-АИ“, тужителите се повикуваат на резимеа за својот труд генериран од чет-ботот на тужената компанија - „Чет-ГПТ“, за кои тврдат дека покажуваат оти чет-ботот научил од нивната содржина заштитена со авторски права. „Некои подробности во резимеата се погрешни, но тие сепак покажуваат дека 'Чет-ГПТ' го задржува знаењето од конкретни дела во базата на податоци - за обука“, се вели во тужбата. „Мета“ и „Опен-АИ“ не одговорија веднаш на барањето на западните медиуми за коментар за обвинението. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеИтната помош со зголемен број интервенции на терен поради топлотниот бран, здравствените власти алармираат да се почитуваат препоракитеКолапси на улица, сообраќајни незгоди и нагло влошување на хронични заболувања кај граѓаните..Топлотниот бран го зема данокот во здравје, барем според повиците на Итната медицинска помош која само во изминатово деноноќие интервенирала на терен на над 60 различни локации низ Скопје. Оттаму апелираат до граѓаните да не излегуваат без потреба во најжешкиот период од денот, а вода да се пие постојано, дури и кога не се чувствува дирекна жед. Превенцијата започнува со навремена грижа за себе. Од Институтот за јавно здравје велат дека освен да се носи лесна облека мора да се избегнува напорна и физичка активност преку ден од 11 до 17 часот, а во однос на работниците кои работат на отворено велат дека треба да имаат повеќе паузи. За повозрасните лица препораките се и да избегнуваат користење на шпорет, рерна и други уреди што дополнително го загреваат домот во периодот од 13 до 17 часот. Во меѓувреме, граѓаните што ги затекнавме на пладне велат дека периодов се разладуваат кој како знае и умее. Некои одат на река, други на планина, а сите се трудат да ги слушаат советите, но обврските не се завршуваат од дома. Според климатскиот мониторинг на Европската унија порвите два месеци од летото во западна Европа се најжешките досега, додека континентот се подготвува за уште еден топлотен бран. Лето како „под вршник“.. Иако ова лето веќе се оценува како најтопло досега, научниците предупредуваат дека во иднина можеби ќе го паметиме како едно од најпријатните. Од година во година температурите ќе растат, топлотните бранови ќе бидат сè подолги и поинтензивни, а ризиците по здравјето на граѓаните ќе бидат сè поголеми. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЖивата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18
МетеоЖивата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степенОд утре повторно температури од 40 степени, за два степени потопло од денеска, велат од УХМР. Според прогонозите што ги следат во секој момент синоптичарите за вечер најавуваат нестабилност во делови од земјата, а пад на температурите ќе има од четврток. Според синоптичарите најавеното нестабилното време не може да се каже каде ќе биде, првично е највено за југоистокот на земјата. Според последниот извештај за пожари од страна на центарот за управување со кризи регистриани се седум пожари на отворен простор, три се активни, два се ставени под контрола, два се изгаснати.Од ЦУК со апел, големо внимание поради високите температури и ветерот. Професроот од Факултетот за земјоделски науки и храна Миле Маркоски објаснува дека палењето стрништата, како причина за големи пожари се штетни во екологијата но и за самата почва и таа навика не помага во подобрување на земјата и исто така е казниво по закон. Градоначалниците на Крива Паланка и на Делчево објаснија дека пожарите на депониите се ставни под контрола. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСе намалуваат цените на горивата, од полноќ дизелот поевтинува за 8 денари, бензинот за 4 денари за литар Горивата од полноќ значително поевтинуваат. По речиси месец и половина постојан раст на цените со последната одлука на Регулаторна литар дизел од ноќеска на полноќ поевитнува за 8 денари. Намалување е забележано и кај бенизните и тоа за 4 денари по литар. Па оттука новата цена на 95 ката ќе изенусува 87 додека на 98цата 89 денари за литар. Од полноќ литар дизел пак ќе се точи по цена од 91,5 денари. „ Со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени на 04.08.2026 година. “ – се наведува во образложението на Регулаторна. Од Владата за Канал 5 велат дека се додека на сила е кризната состојба акцизите ќе се нивелираат согласно закон. Во моментов во пресметките на Регулаторна и оваа недела се вкалкулирани намалени акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот. Премиерот Мицкоски минатата недела повтори дека поради владините политики, земјава откако е почната војната на Блискиот исток има најниски цени на горивата. „Ја одржавме ценовната стабилност понудивме на пазарот најниски цени на горивата и на тој начин 50 % во одредени денови се зголеми потрошувачката поради притисокот на граѓаните од соседните земји. Од прилика по половина евро по литар понудивме поевитни горива од некој од соседните земји и таков е случајот и сега. “- Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Инаку на светските берзи денеска барел се тргува по цена од 84 долари, цените на берзите варираат поради неизевсноста околу договорот за повторно воспоставување на поморски сообраќај низ Ормутскиот тенсец – кој е еден од најважните енергетски коридори во светот. Тагови: бензините Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЖивата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18