Случај ФФМ: Три лица, меѓу кои и Ѓорѓиоски во ефективен притвор, пет во куќен, а четворица со мерки на претпазливост
2Случај ФФМ: Три лица, меѓу кои и Ѓорѓиоски во ефективен притвор, пет во куќен, а четворица со мерки на претпазливост
РакометСара Ристовска номинирана за најдобро младо светско десно крилоРакометарката на Вардар Сара Ристовска се најде во изборот за најдобро десно крило во светот меѓу младите ракометарки, во изборот на познатиот ракометен портал www.handball-planet.com. Порталот ќе ја избере најдобрата постава на млади ракометарки кои сезонава настапуваа за своите екипи. Во изборот има 28 ракометарки кои се родени 1995 или помлади. На позицијата десно крило каде е номинирана македонската репрезентативка и членка на Вардар, се и Викторија Лукач (ФТЦ Будимпешта, Унгарија), Ема Екенман (Савехоф, Шведска) и Малин Ауне (Опсал, Норвешка). Ристовска сезонава ја освои двојната круна во првенството на Македонија, титулата во Регионалната ВРХЛ лига и стана вицешампион во Лигата на шампионите. Со репрезентацијата на Македонија ги мина квалификациите и се пласираше во баражот за СП 2017. Гласањето е отворено до 31 мај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗакажана па откажана блокадата на бугарско – македонската граница15:00Васев ќе се брани од слобода, по една година помината во затворски притвор10:42Минчев: Има ли Македонец кој ќе прифати дека Гоце Делчев не е Македонец?09:50Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53
Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53
ЖивотВенеција ќе наплатува по 50 евра за влез во градот, одлуката за правниците е незаконска Предлогот на новиот градоначалник на Венеција, Симоне Вентурини, за можно значително зголемување на цената на билетите за еднодневните излетници во тој северноиталијански град предизвика дискусии, пишува денес агенцијата ДПА.„Ако во моментов таа цена е помеѓу 5 и 10 евра, мојот предлог е да се зголеми на помеѓу 30 и 50 евра во одредени денови“, ги објави неговите зборови весникот „Кориере дела Сера“. Вентурини победи на локалните избори кон крајот на мај како кандидат од десниот центар, наследувајќи го Луиџи Бруњаро, кој ја извршуваше функцијата градоначалник десет години. Оваа година, Венеција им наплаќа на посетителите што престојуваат во градот краткорочна влезница од 10 евра за вкупно 60 дена, до крајот на јули, дури и ако поминат само неколку часа на улиците околу плоштадот „Свети Марко“ и мостот Риалто. Оние што резервираат најмалку три дена однапред плаќаат 5 евра. Целта на таквата мерка е да се ограничи масовниот туризам, но критичарите веќе некое време тврдат дека сегашната цена на билетите не ги одвраќа туристите да ја посетат Венеција. Адвокат: Тоа може да се протолкува како ограничување на слободата на движење За време на изборната кампања, Вентурини предложи зголемување на цената на билетите во одредени денови кога се очекува особено голем број еднодневни посетители. Но, тој нема овластување самостојно да ја зголемува цената на билетите. Иако таксата е воведена во согласност со општинската уредба, горната граница е одредена од националното право. Затоа, Вентурини мора да се консултира со владата во Рим. Специјалистот за уставно право Лудовико Мацароли наведе одредени законски пречки за „Кориере дела Сера“, велејќи дека наплатата на билет од 50 евра може да се протолкува како ограничување на слободата на движење.Тагови: венеција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМаѓар: Забрзаниот влез на Украина во ЕУ би бил неправеден кон Западен БалканЗабрзаното членство на Украина во Европската Унија би било неправедно кон земјите од Западен Балкан, кои со години се во пристапниот процес, изјавил унгарскиот премиер Петер Маѓар пред почетокот на состанокот на Европски совет во Брисел.Маѓар нагласил дека проширувањето треба да се заснова на резултати и исполнети критериуми, а не на политички одлуки. Тој оценил дека не треба да се забрзува пристапувањето на одделни кандидати на сметка на државите од Западен Балкан, бидејќи тоа како што изјавил, не би било ниту праведно ниту прагматично. Според Маѓар малку е веројатно сите земји членки да имаат ист став по ова прашање, но нагласил дека Унгарија ќе ги застапува сопствените интереси во преговорите за идното проширување на ЕУ.Тагови: Маѓар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗакажана па откажана блокадата на бугарско – македонската граница15:00Васев ќе се брани од слобода, по една година помината во затворски притвор10:42Минчев: Има ли Македонец кој ќе прифати дека Гоце Делчев не е Македонец?09:50Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53
Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53
Црна хроникаСлучај ФФМ: Три лица, меѓу кои и Ѓорѓиоски во ефективен притвор, пет во куќен, а четворица со мерки на претпазливостЗа аферата во ФФМ предмалку со соопштение се огласија од Кривичниот суд од каде потврдија дека завршиле исказите на осомничените за случајотОд спроведени 12 лица, мерка притвор добиле три лица, 5 одат во куќен, за четворица се определени мерки за претпазливост, додека 5 лица се сѐ уште недостапни за органите. Според истите информации меѓу оние кои оди во ефективен притвор е и поранешниот претседател на ффм, Илчо Ѓорѓиоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter