Сара потрошила 11.000 евра за свадба, младоженецот не се појавил (ВИДЕО) - Канал 5

Сара потрошила 11.000 евра за свадба, младоженецот не се појавил (ВИДЕО)

Сара Вилкинсон (42) потрошила дваесет години штедејќи за својата свадба, но немала шанса да го запознае „Господинот совршен“. Сепак, таа не очајувала, туку се одлучила на необичен потег.

Сара потрошила 11.000 евра за свадба, младоженецот не се појавил (ВИДЕО)

Купила дијамантски прстен, организирала венчавка и се омажила за себе, јавува Би-Би-Си.

Сара открива дека потрошила 11.500 евра, а во трошоците биле изнајмување простор, купување венчаница, храна за околу стотина гости...

„До мојата 15 година бев убедена дека ќе имам близнаци и тројки и голема куќа со бела ограда. Но, како што минуваше времето, сфатив дека тоа можеби нема да се случи, па си помислив: „Зошто да не се омажам за себе?“ - рекла таа.

Британката додава дека не организирала официјална венчавка, бидејќи церемонијата ја водела нејзината пријателка.

„Денот беше како што се надевав дека ќе биде. Само прекрасно. Воопшто не ми недостигаше маж“, истакна Сара.

Церемонијата била организирана на 30 септември во кругот на најблиското семејство и пријателите, во локалниот тениски клуб. Луѓето кои ја познаваат Сара не биле изненадени од нејзината одлука.

„Се смеевме и уживавме цел ден“, рекла невестата и додала дека идејата за венчавката ја добила кога наполнила 40 години, во време на рестрикциите со Ковид-19.

Таа не ја исклучува можноста еден ден да го најде „вистинскиот“ и да се омажи како што треба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Змија виси над волан на автомобил во БиХ

Корисниците на социјалните мрежи биле изненадени од видео од Сјеница кое неодамна кружи на интернет.

Фото: Змија виси над волан на автомобил во БиХ

Сопственикот на автомобилот снимил змија како виси од вратата на автомобилот.

Таа висеше веднаш над воланот, обидувајќи се да се ослободи; како успеа да се заглави во вратата на автомобилот останува непознато.

Оваа необична глетка ги забавуваше многу корисници. „Ја закачи како освежувач на воздух“, гласеше еден од коментарите.

https://www.instagram.com/reel/DbjENoYxfSq/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Саша Зверев: „Новак има 400 милиони во банка, мислиш ли дека го интересира тоа?“

Еден од најдобрите свтески тенисери, Германецот, Саша Зверев застана во одбрана на најтрофејниот свтески тенисер, Новак Ѓоковиќ, кој беше нападнат поради одлуката да се откаже од турнирот „Мастерс“ во Монтреал на 40-годишна возраст.

Саша Зверев: „Новак има 400 милиони во банка, мислиш ли дека го интересира тоа?“

Мастерс турнирот во Монтреал повторно ги разочара навивачите бидејќи не успеа да ги привлече најголемите тениски ѕвезди.

Ниту оваа сезона во Канада нема да ги видиме Новак Ѓоковиќ, Јаник Синер и Карлос Алкараз; тие одлучија да се повлечат од турнир кој, со оглед на случувањата таму со години наназад, можеби и не заслужува статус на турнир што носи 1.000 бодови.

Постојат различни причини поради кои тенисерите се откажуваат, но најважна е календарот. Турнирот се одржува по Вимблдон, а пред Синсинати и Ју-Ес Опен, и трае две недели. Токму затоа најдобрите во светот нема да настапат, иако некои почнаа да ги критикуваат, тврдејќи дека се незадоволни поради парите.

Поради тоа, Саша Зверев – овогодишниот победник на Ролан Гарос и моментално трет тенисер во светот – одлучи да застане во одбрана на своите колеги, а пред сè на Новак Ѓоковиќ:

„Дали мислите дека бонусите му се важни на Новак? Верувам дека тој има – ако можам да проценам – повеќе од 400 милиони во банка, така што не верувам дека тоа му е важно. Уште помалку го интересира пласманот на светската АТП-листа...“, се насмеа Зверев.

И додека челниците и организаторите на турнирите се обидуваат да најдат други виновници наместо да ја признаат грешката со форматот, Саша Зверев не може да поверува дека се размислува за одземање бодови од АТП-листата или за укинување на бонусите за тенисерите кои не сакаат да играат.

„Дали сакате да паднеме на светската ранг-листа ако не играме? Искрено, ако форматот се врати на стариот, со времетраење од седум дена, би можеле да разговараме за тоа. Но, ако треба да бидеме на овие натпреварувања две и пол недели, а притоа сме среде сезоната на Грен слем турнирите, тогаш не можете да нè присилувате“, додаде одлучно Зверев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали се ближи крајот на пребрзото возење? Ќе забавува ли самиот автомобил?

Европската комисија разгледува воведување на напреден систем кој автоматски би ги забавувал автомобилите кога возачот ќе ја надмине дозволената брзина.

Дали се ближи крајот на пребрзото возење? Ќе забавува ли самиот автомобил?

Европската комисија разгледува воведување на напреден систем кој автоматски би ги забавувал автомобилите кога возачот ќе ја надмине дозволената брзина; доколку биде одобрен, неговата имплементација би можела да започне околу 2030 година.

Според достапните информации, системот би користел сателитска навигација, дигитални мапи, 5G мрежи и камери за препознавање сообраќајни знаци за да ја одреди дозволената брзина, по што електрониката на возилото би ја ограничила моќноста на моторот и би спречила понатамошно забрзување, а воедно би овозможила привремено зголемување на брзината во итни ситуации.

Ова опфаќа понапредна верзија на системот за интелигентна помош за брзина (ISA), кој е задолжителен од јули 2024 година за сите нови автомобили што се продаваат во Европската Унија, а кој во моментов само ги предупредува возачите кога ќе го надминат ограничувањето на брзината.

Иако организациите за безбедност во сообраќајот сметаат дека ваквата технологија би можела значително да го намали бројот на тешки сообраќајни несреќи предизвикани од пречекорување на брзината, критичарите предупредуваат на можни грешки при препознавањето на сообраќајните знаци, застарени дигитални карти, неточности во GPS-системите, како и на ризици по приватноста на корисниците и сајбер-безбедноста на возилата.

Европската комисија нагласува дека проектот сè уште се разгледува и дека се водат консултации со производителите на автомобили и со експертите за безбедност во сообраќајот во врска со можните регулативи; следствено на тоа, сè уште не е донесена конечна одлука за негово спроведување, пренесува „iamexpat“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер