Сара Џесика Паркер сака уште од „Сексот и градот“

По хит серијата и двата филма „Сексот и градот“, актерката инсистира на трето продолжение од филмскиот хит.

Во последниот филм, снимен во 2010 година, Кери и Ѕверка по турбулетни заплети на крајот се смирија и останаа во брак, откако таа се бакнуваше со Ејдан, нејзинот поранешен свршеник во серијата. Во третото продолжение наводно Кери и нејзиниот господин Ѕверка ќе станат родители.

- Рековме дека завршивме, меѓутоа остана една важна приказна да се раскаже и се надевам дека наскоро ќе имаме можност да ги израдуваме фановите со продолжение - изјави Паркер.

Ѓоковиќ ги охрабри навивачите: Очекувам да бидам во врвна форма на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ одржа прес конференција во Рим, каде ќе учествува на Мастерсот, што е негова последна подготовка пред Ролан Гарос.

Ноле истакна дека е задоволен од тоа како ги одработил тренинзите и очекува да биде во топ форма за Ролан Гарос, како и за Вимблдон и Олимписките игри потоа.

- На добар пат сум да бидам во топ форма на Ролан Гарос. Одработив добар тренинг, се надевам дека ќе играм подобро овде отколку во Монте Карло. Целта е да се оди што подалеку.

- Задоволен сум од тоа како поминаа последните 14 дена, со оглед на серијата на Ролан Гарос, Вимблдон и Олимписките игри, што е важен блок за мене... Но, тренинзите со спаринг-партнерите не е исто што и играњето против најдобрите играчи во светот. Мора да го вратам ритамот и интензитетот на натпреварувањето - истакна Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ е слободен како прв носител, а во вториот носител ќе игра против победникот од мечот Роман Сафиуљин - Корентан Муте.

Првични резултати од центарот на ВМРО-ДПМНЕ: Силјановска 68.65%, Пендаровски 27.28%

На 8% од обработените гласови во Македонија, Гордана Силјановска Давскова води со над 50.000 гласови разлика пред Стево Пендаровски.

Според центарот на ВМРО-ДПМНЕ, на кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановкса Давкова досега гласале 86.688 лица, а за кандидатот поддржан од страна на СДСМ, Стево Пендаровски гласале 34.450 лица. Регистрирани се и 5134 неважечки ливчиња.

притисни ентер