Санкционирани 72 возачи на автопатот Куманово-Скопје-Велес поради брзо возење - Канал 5

Санкционирани 72 возачи на автопатот Куманово-Скопје-Велес поради брзо возење

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот денеска од 8 до 13 часот на автопатот Куманово-Скопје-Велес, во рамки на засилена акциска контрола санкционирала 72 возачи поради брзо возење.

Санкционирани 72 возачи на автопатот Куманово-Скопје-Велес поради брзо возење

Од нив, 23 возачи возеле со брзина над 50 километри на час над пропишаната, а четворица со дури над 70 километри на час над дозволеното.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Регистриран силен земјотрес во Индонезија

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот Сумбава во Индонезија, соопшти Германскиот истражувачки центар за геолошки науки (GFZ).

Регистриран силен земјотрес во Индонезија

Земјотресот се случил во саботата во 22:55 часот по Гринич, со епицентар на длабочина од 10 километри.

Според прелиминарните податоци од „GFZ“, епицентарот е регистриран на 9,69 степени јужна географска ширина и 118,93 степени источна географска должина.

Засега нема информации за можни жртви или материјална штета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Нови градинки, спортски сали и мега-парк во Карпош за поквалитетен живот на граѓаните

Во изминатиот период во Карпош фокусот е на она што им е најважно на граѓаните на чистотата, инфраструктурата и подобри услови за живот.

ВМРО-ДПМНЕ: Нови градинки, спортски сали и мега-парк во Карпош за поквалитетен живот на граѓаните

Општина Карпош продолжува со реализација на конкретни проекти насочени кон подобрување на секојдневниот живот на граѓаните.

Во изминатиот период беа преземени низа активности за уредување на општината. На критични локации беа расчистени над 3.500 кубни метри наталожен материјал, а со отстранување на хаварисани возила беа ослободени повеќе од 150 паркинг места.

Во делот на инфраструктурата, завршена е реконструкцијата на улиците „Џумајска“ и „Трифун Бузев“, реконструиран е дел од „Бранислав Нушиќ“, а започна и реконструкцијата на „Јуриј Гагарин“ во Козле.

Во периодот што следува, Општина Карпош го продолжува инвестицискиот циклус со изградба на детската градинка „Пролет 2“, нови и унапредени спортски сали, како и реализација на мега-парк и нови зелени површини.

Целосно беа обновени игралишта на повеќе локации кај фонтаната во Карпош 3,плоштад ПБК – спроти студентски дом „Гоце Делчев“, ул. Никола Парапунов спроти „Специјал" Карпош 4, во дворот на ООУ „Ј. А. Коменски„, ул. Љубљанска до Адреналинскиот парк, ул. Јуриј Гагарин 23, ул. Јуриј Гагарин (помеѓу 25 и 35), плоштад Млечен, во населба Жданец (кај спортските терени), ул. Козле 8, Нерези.

Фокусот останува на повеќе инвестиции, подобра инфраструктура, повеќе зеленило и поквалитетни услови за живот.

Карпош продолжува да се развива со конкретни проекти и видливи резултати.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Две и пол години ВМРО-ОКГ и Мицкоски, што доби Македонија? Сиромаштија, изолација и празен фрижидер!

Гета. Нула денари чини, рече арамијата Мицкоски. За 24 часа вистината излезе на виделина: 5,53 милиони евра од Лотарија. Дивиденда што требаше да оди во буџет. Пари на граѓаните, фрлени на бина.

СДСМ: Две и пол години ВМРО-ОКГ и Мицкоски, што доби Македонија? Сиромаштија, изолација и празен фрижидер!

Пет нови рудници во просторниот план до 2040 година. Антимон кај Крива Паланка- пет милиони долари грант, помалку од концерт на ди-џеј.

Јаловина во почва и вода. Дата-центри за туѓа дигитализација: струја на грб на граѓанинот, вода на земјоделецот.

Гостивар - дванаесет недели без извештај дека водата е чиста. Над педесет места без информации. Лепенец и Вардар затруени, без име, без да се знае кој, без одговорност. Ѓубре во Скопје на секој чекор. Проверка од дрон. А одговорни нема.

Броила: Адамовиќ–Мицкоски, извршители Божиновска–Лазаревиќ, Руднап. Орбанови автобуси во круг. Криминални тендери од стотици милиони евра. Тендер за татко, па таткото не е татко.

Обвинителство на повик. За вода нема одговорен. За тендери нема одговорни.

Циркус-дипломатија. Две недели екскурзија, педесет луѓе, стрини и тетки, на народен грб. Лобирање од 1,56 милиони долари, платено од трговец со оружје. Резултат: ходник со Рубио, пет милиони за антимон. Концертот поскап од „стратешката инвестиција“.

Потрошувачка кошница со изнајмен стан - 95.000 денари. Гориво преку 100 денари.

Земјоделците се на раб на егзистенција, работат без пари, нема откуп, нема субвенции, ИПАРД загорзен затоа што директорот е уапсен за корупција.

Нема реформи. Има руска агенда и агенда на Вучиќ.

Министри од кругот на БИА го слават осудениот воен злосторник Ратко Младиќ.

Економски колапс. Работниците се понижени, нема пари за поголеми плати, нема пари за минимална плата од 600 евра.

Пензионерите се украдени. Нема пари за пензии. Дупката во ПИОМ зголемена на 1 милијарда евра.

Вториот столб сакаат да го национализираат. Сега нов предлог - да им се земат парите на луѓето за да се инвестира. Од каде, кога нема пари? Значи ново задолжување.

Секоја недела државата зема 40, 50, 70, 100 милиони евра. За две години - четири милијарди евра нов долг. Половина од долгот за 30 години независност. Сè е потрошено на криминални тендери.

Нема подобри услови за преговори со ЕУ. Фон дер Лајен го кажа во лице: идентитетот и јазикот се зачувани. Чекорот останува. Ковеши пред членство. Тој е незадоволен. Затоа што лагата му ја одзедоа.

Што донесоа две и пол години ВМРО и Мицкоски? Сиромаштија. Изолација. Уништено стопанство. Полош стандард. Уште поголемо иселување на младите. „Трета економија“ во Европа со празни празни паричници и празни фрижидери.

Што сега? Пролетни избори? Да избега од обврските кон ЕУ? Да му фрли ракавица некој Спутник? Да го предизвика големиот арамија? Да рече: народе, бирајте. Уште лаги. Уште анти-ЕУ пропаганда. Уште Латас и останатите.

СДСМ нема да биде алиби. Власта наскоро се враќа во рацете на граѓаните. Бандата ќе одговара пред независно судство и европско обвинителство.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер