Сандра Булок прв пат по три месеци се појави во јавност, по смртта на нејзиниот партнер - Канал 5

Сандра Булок прв пат по три месеци се појави во јавност, по смртта на нејзиниот партнер

По долго време папараците ја снимија актерката Сандра Булок во јавност.

Сандра Булок прв пат по три месеци се појави во јавност, по смртта на нејзиниот партнер

59-годишната актерка пред три месеци го загуби партнерот Брајан Рандал, кој последните неколку години се бореше со АЛС (амиотрофична латерална склероза).

Снимена е додека одела во центарот за убавина, а била облечена во црно. На многу фанови им е мило што по големата загуба, Сандра повторно се насмевнува.

Американскиот фотограф Брајан Рандал, со кого Сандра одгледа две посвоени деца, почина на 5 август како последица на АЛС. Имаше само 57 години, а Сандра се грижеше за него во последните две години од неговиот живот и ги ангажираше најдобрите лекари да му помогнат.

„Со голема тага објавуваме дека на 5 август, Брајан Рандал почина мирно по тригодишна битка со АЛС“, соопшти неговото семејство. „Брајан рано избра да го задржи своето патување со АЛС приватно, а ние што се грижевме за него дадовме сѐ од себе да го исполниме неговото барање“, додаваат тие.

Булок го запозна Рандал кога го фотографираше роденденот на нејзиниот син Луис во јануари 2015 година. Тие ја објавија својата врска истата година, појавувајќи се заедно на свадбата на Џенифер Анистон и Џастин Теру.

"Ја најдов љубовта на мојот живот. Не ми треба хартија за да бидам посветена партнерка и мајка", рекла еднаш Сандра во едно интервју за нивната врска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Како настанала „коњската сила“?

Иако моќноста на моторот кај современите автомобили официјално се изразува во киловати (kW), коњските сили (hp) сè уште се користат во секојдневната употреба. Но, зошто?

Како настанала „коњската сила“?

Кон крајот на 18 век, шкотскиот пронаоѓач Џејмс Ват создал нова, поефикасна парна машина.

За да ги стави своите подобрувања во контекст што е попријателски кон луѓето, Ват сметал дека споредувањето на неговиот мотор со моќта на коњ ќе им помогне на клиентите да ја разберат вредноста на неговиот нов изум, пишува Ревијахак.

Ват работел со коњи во рудник за јаглен. Тој проценил дека просечното животно може да помести 100 килограми јаглен на растојание од 30 метри за една минута.

Од друга страна, тој пресметал дека неговата парна машина може да ја изврши истата работа како десет коњи, и затоа тврдел дека има десет коњски сили. Ова значело дека неговиот мотор во суштина може да помести 1.000 килограми, низ рударско окно, 30 метри секоја минута.

Ова добро резонирало кај клиентите, а тврдењата на Ват за перформансите на моторот формираа основа за споредба со машините на конкурентските инженери.

Наскоро сите почнуваат да ја користат единицата коњски сили, како груба проценка дефинирана на начин што би бил разбирлив за обичните луѓе.

И токму благодарение на Џејмс Ват денес ја имаме мерната единица дефинирана во Меѓународниот систем на единици (SI) - „ват“. За да се конвертира 1 kW (киловат) во коњски сили, потребно е да се помножи со 1,35962.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одбележани 82 години од ослободувањето на Ѓорче Петров - почит за хероите и сеќавање на историјата

Со свечена церемонија и положување цвеќе, денеска беше одбележана 82-годишнината од ослободувањето на Општина Ѓорче Петров -14 Ноември.

Одбележани 82 години од ослободувањето на Ѓорче Петров - почит за хероите и сеќавање на историјата

Со свечена церемонија и положување цвеќе, денеска беше одбележана 82-годишнината од ослободувањето на Општина Ѓорче Петров -14 Ноември, ден кој претставува траен симбол на слободата, храброста и пожртвуваноста на генерациите кои се бореле за подобра иднина.

На одбележувањето присуствуваа градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, претседателката на Советот Бранкица Дуковски, членовите на Советот, претставници на делегации, вработени во општината и бројни сограѓани, кои со положување цвеќе и минута молчење им оддадоа почит на борците и хероите кои ги положиле своите животи за слободата.

Особена чест на настанот му даде присуството на 97-годишниот Јован Манчевски, единствениот жив борец од тој период и драгоцено живо сведоштво за историските настани. Со своето обраќање, тој сподели спомени и сведоштва за времето на борбата и ослободувањето, потсетувајќи на храброста, жртвата и решителноста на генерациите кои ја извојувале слободата.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во своето обраќање истакна дека 14 Ноември не е само историски датум, туку и потсетник за одговорноста што секоја генерација ја има кон својата заедница и иднината.

-Денес, кога се поклонуваме пред споменот на борците и хероите, ја изразуваме нашата длабока почит кон нивната храброст и жртва. Тие ни ја оставија слободата како највредно наследство, а наша должност е тоа наследство да го чуваме и да го надградуваме. Денес, нашата борба е поинаква - таа е борба за подобри услови за живот, современа инфраструктура, квалитетно образование, безбедни населби и еднакви можности за сите граѓани. Наша заедничка цел е да ја градиме Општина Ѓорче Петров во општина во која младите ќе ја гледаат својата иднина, семејствата ќе се чувствуваат сигурно, а секој граѓанин ќе биде почитуван - истакна Стојкоски.

Тој посочи дека вистинската вредност на локалната самоуправа не се мери само преку реализираните проекти, туку и преку довербата, одговорноста и грижата за граѓаните.

Одбележувањето на 14 Ноември е потсетник дека слободата не се подразбира, дека историското наследство треба да се чува, а иднината да се гради со работа, единство и одговорност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во валандовско, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

На 12.11.2026 во село Казандол, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ш.Е.(43) од истото село.

Претрес во валандовско, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени пиштол „Blow“ калибар 9 мм и ловечка муниција, кои ги поседувал без дозвола. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер