Сандра Булок: Ќе правам долга пауза од актерството - Канал 5

Сандра Булок: Ќе правам долга пауза од актерството

Познатата актерка сака да им се посвети на децата.

Сандра Булок: Ќе правам долга пауза од актерството

Сандра Булок блесна на премиерата на својот нов филм, романтичната авантура „ The Lost City“, а по прикажувањето на филмот неочекувано призна дека кариерата ќе ја стави во мирување во следните неколку години и целосно ќе им се посвети на децата.

По тригодишна пауза, ова е нејзина втора премиера, а во „ The Lost City“ Булок игра вдовица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Унгарска вечер на „Охридско лето“ со младите и талентирани уметници Ноеми Салаи и Александра Балог

Прекрасен концерт за кларинет и пијано се одржа вчеравечер во рамки на Унгарската вечер на фестивалот „Охридско лето“ што се организира со поддршка од Амбасадата на Унгарија во Скопје. 

Унгарска  вечер на „Охридско лето“  со младите и талентирани уметници Ноеми Салаи и Александра Балог

Во црквата „Света Софија“ настапија младите унгарски уметници со плодни меѓународни кариери, кларинетистката Ноеми Салаи и пијанистката Александра Балог.

Александра Балог се вбројува помеѓу највозбудливите пијанисти на нејзината генерација. Таа е добитничка на стипендијата „Фулбрајт“, наградена е со наградата „Прима“ во 2023 година, што е најпрестижна награда за младите уметници во Унгарија и во 2024 година е вброена на листата „Најдобри 30 под 30 години“ од страна на „Форбс“ – Унгарија. Исто така е победничка на Меѓународниот натпревар за пијанисти „Бела Барток“ во Грац во 2017 година.

-Да се настапи во оваа црква со воодушевувачка историја и неверојатна акустика е навистина фасцинантно. Ноќта ја започнавме со две дела од Роберт Шуман кои се познати за кларинет а исто така и за друг инструмент, во случајов пијано. Потоа свиревме унгарска музика. Мојата колешка Ноеми живее во Њујорк, а јас повремено таму, повремено во Европа, така што кога сум во Њујорк настапуваме многу често заедно, изјави младата пијанистка Балог која оваа концертна сезона настапува во Салата „Корто“ во Париз, Палатата на убави уметности во Мексико Сити, како и во Будимпешта, Лондон, Токио, Сингапур, Пекинг и во Шангај.

Александра Балог дипломира на Кралската музичка академија во Лондон во класата на Иан Фоунтаин (2019), ја поминала тригодишната уметничка програма на Унгарската академија за уметности и се стекнала со уметничка диплома од Универзитетот во Грац во класата на Маркус Шример (2023). Како Фулбрајтова стипендистка, во моментов студира на Музичкиот конзерваториум на Колеџот „Бард“ во класата на Риеко Аизава.

Кларинетистката Ноеми Салаи е родена во Унгарија. Започнува да учи музика на осумгодишна возраст, а кларинет свири од нејзината десетта година. Дипломира на колеџот „Бард“ во САД, а потоа магистрира на „Џулијард“ во Њујорк. Таа е единствена кларинетистка која во периодот 2018-2020 е избрана да биде дел од престижната програма „Ансамбл конект“ која ја организира „Карнеги Хол“. Учесничка на повеќе фестивали во Унгарија и во САД и соработува со познати уметници како Чарлс Најдих, Франк Морели и Питер Франкл. Како победничка на натпреварот „Призма“ во 2018 година во Канада, таа добива можност да настапува со Московскиот симфониски оркестар во Русија.

Како оркестарски музичар настапува со престижниот Унгарски фестивалски оркестар под диригентство на Иван Фишер на нивната турнеја во Единбург, во Будимпешта и во Њујорк. Соработува со камерниот оркестар „Орфеус“, со Симфонискиот оркестар на Бингхамптон, со ансамблите на „Џулијард“, со Симфонискиот оркестар на Принстон, како и со ансамблот за современа музика „Аксиом“. Свири и во Светскиот оркестар кој го носи името на Золтан Кодај под диригентската палка на Тамаш Васари.Во 2019 година таа е добитничка на златен медаљ на Интернационалниот натпревар на Менхетен во Њујорк, а е носителка на признанија и награди од натпреварите во Унгарија, Италија, Словенија, Босна и Херцеговина, Канада и САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран ја губи контролата во Ормускиот Теснец

Контролата врз Ормускиот теснец стана клучно прашање во конфликтот со Иран. Во последните месеци, и Иран и САД изнесуваа тврдења за доминација, создавајќи неизвесност. 

Иран ја губи контролата во Ормускиот Теснец

Сега доказите стануваат појасни: САД, чија морнарица патролира низ теснецот, ја зацврстуваат својата позиција, додека Иран губи значителен дел од контролата врз оваа витална поморска рута, пренесува Си-Ен-Ен (CNN).

Според податоците на „Кплер“ (Kpler), компанија што ги следи пловилата преку транспондери и сателити, повеќе од 80 проценти од преминот низ Ормускиот теснец во изминатите две недели се одвивал по рутата кај Оман.

Станува збор за бродска рута одобрена од ОН, на која Иран силно се противи. Иран инсистира на контрола врз теснецот и има нападнато десетици пловила што се обиделе да поминат покрај северниот брег на Оман. И покрај овој ризик, повеќето бродови во последно време ги игнорираат барањата на Иран и минуваат низ теснецот под ветената заштита на американската морнарица.

„Сè укажува на тоа дека Иран ја изгубил контролата врз теснецот, барем делумно“, изјави Хомајун Фалакшахи, виш аналитичар за сурова нафта во „Кплер“.

Ова претставува целосен пресврт во однос на ситуацијата пред еден месец, кога „Kpler“ не забележа речиси никаков сообраќај по оманската рута.

Остриот пад на сообраќајот на рутата што ја претпочита Иран го спречи Техеран да наплаќа транзитни такси – нешто што се обидуваше да го направи во текот на пролетта. Иако Меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран истече оваа недела – што теоретски би му овозможило на Техеран повторно да започне со наплата на такси – податоците на „Kpler“ покажуваат дека тие не успеваат во тоа.

„Повеќето актери од Блискиот Исток ниту се согласуваат, ниту го спроведуваат барањето на Иран за транзитни такси. Токму затоа оманската рута е најлогичното решение“, изјави Ден Пикеринг, основач и главен директор за инвестиции во „Pickering Energy Partners“. Кувајт, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати ангажираат супертанкери (VLCC) за транспорт на нафта од Персискиот Залив низ Ормускиот Теснец.

Потоа, тие ја префрлаат нафтата на танкери на купувачите надвор од опасната зона, во Оманскиот Залив, според зборовите на Енди Липоу, претседател на „Lipow Oil Associates“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чешкиот министер за надворешни работи Петр Мацинка во официјална посета на земјава

На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре во официјална посета на земјава ќе престојува заменик-претседателот на владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка.

Чешкиот министер за надворешни работи Петр Мацинка во официјална посета на земјава

Во рамки на посетата, денеска во Охрид ќе се одржат билатерална средба меѓу министрите Муцунски и Мацинка, како и пленарна средба меѓу официјалните делегации на двете министерства.

По билатералната и пленарната средба, министрите Муцунски и Мацинка ќе одржат заедничка прес-конференција за медиумите во вила „Охрид“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер