Сандерленд и Ал Атијах стартуваа со победи на релито „Дакар 2018“ - Канал 5

Сандерленд и Ал Атијах стартуваа со победи на релито „Дакар 2018“

Четириесетото издание на најпознатото светско рели „Дакар“ започна со победи на Сем Сандерленд и Насер Ал Атијах, во најатрактивните категории.

Сандерленд и Ал Атијах стартуваа со победи на релито „Дакар 2018“
Првата етапа која се возеше од Лима до Писко, кај мотоциклистите прв ја заврши бранителот на шампионскиот трофеј од лани Британецот Сем Сандерс кој со својот мотор КТМ, 242-та километри ги мина за 33 секунди побрзо од Французинот, Адриен Ван Беверли на Јамаха, односно за 56.секунди беше побрз од трето пласираниот Пабло Кунтиња од Чиле.

Во конкуренција на автомобили, најдобри беа членовите на Тојота, Насер Ал Атијах од Катар и Холанѓанецот, Бернард Тен Бринке.

Шампионот од минатата година Стефан Петерхансел со своето Пежо заостана две минути и 15 секунди и етапата ја заврши на 11 место.

Првата етапа не ја завршија четири од 92-та автомобили колку стартуваа, додека кај мотоциклите тројца не стигнаа на целта.

Денеска ќе се вози втората специјална етапа околу перуанскиот град Писко. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кацарска: Институциите брзаат да ги донесат реформските закони, но постои ризик поради некои мерки од минатата година

Моделот на постепена интеграција е позитивен пристап, но е тешко да се операционализира, а постои и загриженост да не стане алтернатива на полноправно членство.

Кацарска: Институциите брзаат да ги донесат реформските закони, но постои ризик поради некои мерки од минатата година

Моделот на постепена интеграција е позитивен пристап, но е тешко да се операционализира, а постои и загриженост да не стане алтернатива на полноправно членство, вели во разговор за Канал 5 директорката на Институтот за европска политика, Симонида Кацарска..

Според неа, во рокот кој истекува за два дена, Македонија ќе биде на половина пат со реформската агенда, а главниот предзвик ќе бидат мерките предвидени до крајот на годината...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Соборен е рекорд на Мундијалот- ова никогаш не се случило

Африканските фудбалски репрезентации прават спектакл на Светското првенство во 2026 година, при што девет од десетте репрезентации од континентот кои се квалификувале за Светското првенство се пласираа во нокаут фазата.

Соборен е рекорд на Мундијалот- ова никогаш не се случило

Ова го собори претходниот рекорд од не повеќе од две африкански репрезентации кои се пласирале во истата фаза од турнирот, кој беше поставен во 2014 и 2022 година.

Сè беше потврдено по резултатите од последните денови од натпреварувањето, кога Демократска Република Конго го победи Узбекистан со 3-1, додека Алжир одигра спектакуларно реми 3-3 против Австрија.

По 17 дена натпреварување, Мароко, Јужна Африка, Сенегал, Брегот на Слоновата Коска, Гана, Зелен ’Рт, Египет, Конго и Алжир го обезбедија своето место во 32-те екипи. Единствениот африкански тим кој не успеа да се пласира беше Тунис.

Мароко и Јужна Африка беа меѓу првите кои обезбедија пласман, а Јужна Африка особено се издвои, откако стигнаа до нокаут фазата на Светското првенство за прв пат во историјата.

Зелено’ртските Острови, исто така, оставија огромен впечаток, завршувајќи втори во Групата Х во своето деби на Светското првенство, пред Уругвај и Саудиска Арабија.

Иако само шест африкански тимови успеале да ја поминат групната фаза, при што некои тимови имаат повеќе настапи, овогодинешниот турнир покажува дека африканскиот фудбал има многу поголема длабочина и квалитет од порано.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филков ќе си оди од Министерството за правда, а ресорот ќе премине кај кадар од ВЛЕН

Првиот вицепремеир Беким Сали вели дека ова е затворено прашање во разговорите со премиерот Мицкоски, но лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски и натаму инсистира дека конечниот договор ќе биде познат во вторник. 

Филков ќе си оди од Министерството за правда, а ресорот ќе премине кај кадар од ВЛЕН

По реконструкцијата, со ресорот Правда ќе раководи кадар предложен од Влен, тврди првиот вицепремиер Беким Сали и покрај инсистирањето на Максим Димитриевски дека разговорите се уште не се завршени.

Но, според Сали, ова прашање е веќе решено со премиерот Мицкоски, а освен правда, Влен ќе добие уште 5 ресори.

Во нивни раце остануваат министерството за животна средина со кое и понатаму ќе раководи актуелниот министер Мухамед Хоџа, министерството за економија и министерот Бесар Дурмиши и министерството за европски прашања со кое раководи Сали.

Дополнително, ќе го добијат и Култура од каде заминува Љутков, и Министерството за односи со заедници со кое досега раководеше Иван Стоилковиќ. На негово место, најверојтно ќе дојде Азир Алиу, со оглед дека Влен ги отпсува ресорите здравство и социјална политика, кои ќе премиена т во ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на ЗНАМ, Димитривски пак, и денеска од Куманово тврдеше дека се уште ништо не е дефинитивно договорено и се ќе се зане во вторник. На партискиот настан видливо беше отсуството на министерот Филков, но Димитриевски рече дека тоа не е поврзано со реконструкцијата, туку со други обврски.

Според брифинзите од владините партии, Мицкоски на ЗНАМ во замена за ресорот Правда им го нуди Министерството за земјоделие, а како нов министер веќе се споменува актуелниот државен секратар Борче Серафимовски... Дефинитивниот состав на Владата, прмеиерот најави дека ќе го соопшти по седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вторник.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер