Санчез на турнеја низ Западен Балкан-им се обрати на босанските политичари:Покажете одговорност - Канал 5

Санчез на турнеја низ Западен Балкан-им се обрати на босанските политичари:Покажете одговорност

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска во Сараево ги повика политичарите од БиХ на договор со кој земјата ќе биде функционална и со тоа ќе го отвори патот за членство во евроатлантските интеграции.

Санчез на турнеја низ Западен Балкан-им се обрати на босанските политичари:Покажете одговорност

Санчез им порача дека мора да покажат одговорност кон граѓаните.

Санчез, кој е познат како добар познавач на ситуацијата во Босна и Херцеговина бидејќи претходно беше во дипломатската служба во Канцеларијата на високиот претставник (ОХР), беше во прва официјална посета на таа земја во својство на шпански премиер.

Оваа станица е на неговата регионална турнеја, чија цел е да ги промовира реформите и напредокот на земјите од Западен Балкан на патот кон членство во ЕУ, а Санчез пристигна во Босна и Херцеговина во време кога земјата ја тресе длабока криза предизвикана со контроверзи околу измените на изборниот закон.

„Пред сè, потребно е намалување на тензиите и реториката на поделби, враќање на одлучувањето во институциите, изнаоѓање добри решенија за отворените прашања кои секогаш ќе имаат поддршка од меѓународната заедница и, конечно, интересот на граѓаните за подобар живот мора да се земе предвид“, е пораката што Санчез ја испрати до политичарите во Босна и Херцеговина.

По средбата со членовите на Претседателството на БиХ, шпанскиот премиер пред новинарите изјави дека дошол да ја поддржи таа земја и зајакнувањето на демократијата и дека Шпанија силно го поддржува територијалниот интегритет на БиХ и нејзиниот влез во Европската унија.

Тој ги повика политичарите во Босна и Херцеговина да ја искористат можноста што им се нуди оваа есен, бидејќи сите политички сили во Унијата сакаат деблокирање на политичките процеси во Босна и Херцеговина и нејзино стабилизирање. Тој објасни дека пред тоа, сепак, потребно е да се донесат реформските закони на кои инсистира ЕУ, како и да се обезбеди демократско спроведување на изборите во октомври.

Тој рече дека го разбира постоењето на различни интереси, но политичарите мора да покажат одговорност кон граѓаните.

Претседавачот на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ, разговорите со Санчез ги оцени како силна поддршка за европските и реформските напори во БиХ, кои треба да обезбедат стекнување кандидатски статус за членство во ЕУ.

„Тоа е многу важно за БиХ, особено затоа што Шпанија ќе претседава со Советот на ЕУ во 2023 година“, рече Џаферовиќ, додавајќи дека тогаш очекува нов импулс за членство во Унијата откако БиХ ќе добие кандидатски статус следната година, како што очекува Џаферовиќ. .

„БиХ нема и не може да се врати назад“, нагласи тој и додаде дека сите реформи во изминатите 27 години се спроведени во согласност со Дејтонскиот договор.

По посетата на Сараево, Санчез отпатува за Мостар на средба со градоначалничката Марија Кордиќ, а во програмата на посетата е предвидено двајцата да оддадат почит и да положат венец на споменикот на шпанските војници кои загинаа во Босна и Херцеговина од 1992 година до 1995 година како членови на Заштитните сили на Обединетите нации (УНПРОФОР).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Срдановиќ најавува продолжување на европската интеграција и подобрување на односите со соседите

Во меѓусебен демократски дијалог ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и ќе продолжи да ја води земјата во најдобар интерес на нашите граѓани – вели во првото интервју по победата на предвремените избори во Србија носителот на Студентска листа Илија С.

Срдановиќ најавува продолжување на европската интеграција и подобрување на односите со соседите

Во меѓусебен демократски дијалог ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и ќе продолжи да ја води земјата во најдобар интерес на нашите граѓани – вели во првото интервју по победата на предвремените избори во Србија носителот на Студентска листа Илија Срдановиќ, за хрватски Индекс.. Сега имаме голем број мандати во Собранието, а меѓу тие луѓе веќе има доволно кредибилни кандидати кои можат да бидат членови на владата или премиер – вели Срдановиќ.

Тој најавува подобрување на соработката и продолжување на европската интеграција на Србија, додавајќи дека првите чекори во полицијата, обвинителството и судството ќе бидат многу важни а како што нагласил за тоа ќе бидат потребни и слободни медиуми. За хрватски Индекс Срдановиќ потврдил и дека разговарал со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, од кого добил честитка за изборната победа најавувајќи конкретизирање на соработката по изборот на новата влада.

Инаку, челниците на ЕУ беа меѓупрвите кои ја честитаа изборната победа на студентска листа.. Подготвени сме да и дадеме поддршка на новата влада на србија на нејзиниот европски пат, порача еврокомесарката Марта Кос

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд

Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег.

Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд

Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен, наместа повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени.

Според УХМР времето во Скопје, променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од утре ќе преовладува променливо облачно време, освен во северните делови каде ќе има услови за појава на врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, а денес и утре наместа долж Повардарието повремено засилен до силен северозападен ветер. Во петок и за време на викендот ќе има услови за врнежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 27. октомври 2026 година

Дневен хороскоп за вторник, 27. октомври 2026 година. 

Дневен хороскоп за 27. октомври 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Во вашата работна средина би можеле денеска да забележитер личност која ви е посебно наклонета.

Кариера

Ќе бидете мотивирани само за многу интѕересни теми како што се алтернативни , уметнички и слично.

Здравје и совет

Не манипулирајте со луѓето.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Разговорот што ќе го водите со личност која ви е особено драга , ќе биде доста сериозен , па дури и мрачен.

Кариера

Ако тргнувате на деловно патување , проверете ја состојбата на автомобилот , дали сте ги набавиле сите дозволи и слично.

Здравје и совет

Не е исклучена кашлица..

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Веројатно ви претстои убаво помионато време во тишината на домот. Оние во врска , ќе го повикаат партнерот кај себе , а самците ќе размислуваат дали да излезат.

Кариера

Ќе мора малку повеќе да се потрудите околу финансиите . Имате добра шанса , па би било штета да ја пропуштите.

Здравје и совет

Одете кон својата цел.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе почуствувате колку е тешко постојано да објаснувате зошто избегнувате блискост. Едбноставно дистанцата ви одговара.

Кариера

Ќе се обидете да ги направите поедноставно работите околу финансиските трансакции. За некои тоа ќе биде чекор напред.

Здравје и совет

Позанимавајте се со својата листа на приоритети.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Оние кои сеуште бараат сродна душа , денеска би можеле да ја запознаат на своето работно место.

Кариера

Ќе бидете наклонети да мешате деловно со приватно , но тоа нема да ви пречи во доброто функционирање на работното место.

Здравје и совет

Пазете се од провев.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Денеска не е најдобар ден за еротика , зашто ќе бидете студени. Затоа покажете љубов до одредена граница на физичко зближување.

Кариера

Загрижено ги следите сите новости , но се уште не го наоѓате она што го сакате. Сеуште постојат ограничувања.

Здравје и совет

Бидете трпеливи.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Пред вас е пријатен љубовен ден во кој ќе ги надминете сите критики кои биле кажани на ваша сметка.

Кариера

Добивате одредена заштита , но тоа не значи дека и натаму не треба да се докажувате.

Здравје и совет

Бидете праведни.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Со паметен избор на зборови ќе ја пополните празнината во личните односи. Се ќе успеете да надоместите со интелектот.

Кариера

Ако повторно се посомневате во вашите способности , само погледнете што сте постигбнале до сега. Набргу ќе се охрабрите.

Здравје и совет

Соработувајте со младите.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Партнерот ќе ве поттикне на нежност. Вашиот меѓусебен однос ќе се подобрува секој ден се повеќе.

Кариера

Со своето знаење ќе придонесете работата да се заврши што подобро , како и деловните партнери да ве почитуваат.

Здравје и совет

Одлично сте расположени.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Убавите љубовни шанси ќе бидат занемарени поради мала семејна тага или проблем.

Кариера

Ќе се чувствувате распнати меѓу желбите и можностите. Излезот е во реалното согледување на состојбата.

Здравје и совет

Бидете одговорни.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Пред вас е многу ветувачки љубовен ден. Ќе имате можност да поминете преубаво заедничко време со саканата личност.

Кариера

Држете се до своите деловни партнери , зашто тие во моментов одлично ја водат целата работа. Не им замерувајте ако понекогаш се малку поостри.

Здравје и совет

Прошетајте се на свеж воздух.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе покажете дека цврсто верувате во своите љубовни идеали и дека од саканата лилчност очекувате повеќе отколку што мисли.

Кариера

Во стручните прашања би можело да дојде до една расправија или натпревар во докажување кој е во право. По обичај , никој.

Здравје и совет

Несоница по кошмарните сништа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер