КултураСанација и реставрација на музејскиот комплекс Куќата на Робевци во ОхридСо средства обезбедени од Охридскиот Завод и музеј и ресорното Министерство за култура се спроведуваат обемни зафати за санација и реставрација на Куќата на Робевци во Охрид.Со средства обезбедени од Охридскиот Завод и музеј и ресорното Министерство за култура се спроведуваат обемни зафати за санација и реставрација на Куќата на Робевци во Охрид, еден од најзначајните и најпрезезентативни објекти од старата градска архитектура. Станува збор за еден од најголемите проекти за кој досега се издвоени три милиони денари, а реконструкцијата е предвидено да биде заокружена некаде до крајот на март годинава. Директорот на охридскиот Завод и музеј, Горан Патчев, појаснува дека се работи за градежни интервенции на фасадите и на крововите, како на самата куќа така и на попратните објекти од споменичниот комплекс, како што се Магазата, депото и Лапидариумот. Предвидена е и внатрешна реконструкција на подовите, како и вградување нов систем за проветрување и затполување на Куќата на Робевци. „Со тоа ќе обезбедиме идеални услови за самите експонати во објектот, меѓутоа и подобри услови и за вработените и посетителите“, вели Патчев. Предвидено е објектот да добие и нов систем за обезбедување, со оглед на тоа што во него се наоѓа и „Златната соба“, поставка во која се изложени околу 500 златни и позлатени предмети од временски период подолг од 25 века, како и златната маска. „Покрај другите работи ќе се обезбеди нов видео-надзор, посовремен и нов алармен систем, особено на златната соба која ни е од големо значење за градот и републикава“, каде што се чува златото на Лихнитида“, појаснува Патчев. Инаку, оценка на директорот на Заводот и музеј е дека Куќата на Робевци не е објект соодветен за презентација на археолошки експонати, па оттаму потребата Охрид што поскоро да добие археолошки музеј каде ќе бидат изложени големиот број предмети што се наоѓаат по музејските депоа, а далеку од очите на јавноста.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото „Жешката“ Италијанка„го запали“ Светското првенство и социјалните мрежите Атрактивната италијанска ТВ водителка Елеонора Инкардона импресионираше на самиот почеток на Светското фудбалско првенство иако нејзината Италија не учествува на 23 Мундијал.Сексапилната Елеонора со серија фотки го запали социјалните мрежи и сега сите како што минуваат деновите, очекуваат нови изненадувања од неа. Италијанската водителка Елеонора Инкардона, која многумина ја нарекуваат најубавата Италијанка, објави серија фотографии од Светското првенство, овој пат го следеше натпреварот помеѓу Франција и Сенегал. Елеонора на мечот се појавила во комплет составен од панталони и топ, во светли нијанси. Ефективна шминка и само една нараквица дополнително го надополнија целото издание, а Елеонора позираше со насмевка и уживаше во сите комплименти што ги привлече. Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалНејмар го пропушта и 2 коло на МундијалотЅвездата на фудбалската селекција на Бразил, капитенот Нејмар го пропушта и дуелот од 2 коло против Хаити на Светскиот шампионат во САД, Канада и Мексико, потврди тамошната Федерација.Нејмар нема да патува во Филаделфија за натпреварот од второто коло од групната фаза. Тој ќе остане во Њу Џерси, каде што влегува во завршната фаза од процесот на рехабилотација од повредата. Синоќа Нејмар тренираше за прв пат откако се приклучи на репрезентацијата на Бразил за Светското првенство. Тој работеше индивидуално во теретаната на хотелот каде што престојува делегацијата. Сè уште му е забрането да учествува во активности што бараат физички контакт. Тој не одиграл официјален натпревар од 17 мај, а оттогаш е посветен на единствената цел - рехабилитација. Прашањето е дали ќе биде во протоколот за натпреварот против Шкотска на 25 јуни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Кралицата на провокациите повторно во секси бикиниЕдна од најубавите жени на светот, манекенката Емили Ратајковски повторно го запали интернетот со серија објави каде што позира во бикини, но во некои провокативни фустани. Моделот Емили Ратајковски се појави во центарот на вниманието кога откри непознати детали за нејзиниот развод и животот потоа, откривајќи сè за нејзините авантури за една ноќ ... Убавата Емили која е позната и како кралицата на провокациите сега ги воодушеви фановите на социјалните мрежи со серија фотки на кои позира или во бикини или во провокативен фустан . Бидејќи моментално ужива во одморот, таа ја одбра својата омилена дестинација - Мајорка, Емили позираше во бикини кои речиси откриваа премногу, а потоа покажа црвен мрежест фустан кој речиси ништо не покрива. Тагови: Емили Ратајковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter