Македонското еколошко друштво ќе биде домаќин на деветтата средба на „Еуролинкс“ – европска научна иницијатива за евроазискиот рис
Во кривичниот суд денеска продолжуваат три судски процеси за „Државна Лотарија“, Ѓоко Ристов и пожарот во „Пулс
1Македонското еколошко друштво ќе биде домаќин на деветтата средба на „Еуролинкс“ – европска научна иницијатива за евроазискиот рис
2Во кривичниот суд денеска продолжуваат три судски процеси за „Државна Лотарија“, Ѓоко Ристов и пожарот во „Пулс
Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
1Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
НБАСан Антонио убедлив во дуелот со Оклахома СитиСан Антонио со убедлива победа од 124:92 (43:20; 30:20; 32:16; 19:26) ја почна полуфиналната серија од плеј офот од „Запад“ против Оклахома Сити.Победата на првиот натпревар што се одигра ноќеска беше најавена веќе по првиот период кога Сан Антонио постигна 43 поени. Најдобар поединец на дуелот беше Ламаркус Олдриџ кој постигна 38 поени, а целиот тим на Сан Антонио запиша 39 асистенции. Вечерва се играат три натпревари од НБА плеј офот. На програмата се две мајстрорки од Источната конференција: Торонто – Индијана (3-3 во победи) и Мајами – Шарлот (3-3), додека Голден Стејт е домаќин на Портланд во првиот натпревар од полуфиналето на „Запад“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59
ФудбалПортугалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став Најплатениот светски фудбалер и спортист, 41 годишниот Кристијано Роналдо во вторникот објави опширна изјава во врска со контроверзијата што ја потресува португалската репрезентација. Легендарниот капитен се извини што самоиницијативно го напуштил репрезентативниот камп, но истовремено упати остри критики кон селекторот Жорже Жесус, обвинувајќи го дека двапати го погазил дадениот збор. По овие нови случувања, португалскиот спортски весник „А Бола“ спроведе анкета во која праша дали Роналдо – икона и легенда на репрезентацијата, како и рекордер по бројот на настапи (234) и голови (136) – треба и понатаму да го носи националниот дрес. Резултатите од анкетата, во која гласаа повеќе од 25.000 луѓе, се поразителни за Роналдо. Ставот на читателите е јасен: повеќе од 70 проценти сметаат дека Роналдо веќе нема основа за враќање во репрезентацијата и дека ова претставува вистинска казна за него поради напуштањето на тимот за време на кампањата во Лигата на нации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59
МакедонијаМакедонското еколошко друштво ќе биде домаќин на деветтата средба на „Еуролинкс“ – европска научна иницијатива за евроазискиот рисБројни странски и регионални проучувачи на рисот во Европа ќе се сретнат во Вевчани, каде што од 12 до 14 октомври ќе се случува деветтата средба на „Еуролинкс“ во организација на Македонското еколошко друштво.„Еуролинкс“ (EUROLYNX) претставува европска научна иницијатива за споделување податоци и знаење за екологијата на движењето на евроазискиот рис, основана во 2018 година. Замислена како просторна база на податоци, „Еуролинкс“ ги чува податоците за евроазискиот рис (Lynx lynx) што засега ги споделуваат 42 групи од 19 земји. Меѓу нив е и Македонското еколошко друштво (МЕД) кое преку Програмата за закрепнување на балканскиот рис веќе 20 години работи на зачувување на овој загрозен подвид на евроазискиот рис. „‘Еуролинкс‘ е платформа што спојува научници од Европа со иста пасија и научна цел - проучување на рисот. Ова е прилика да се споделат новите истражувања од областа и да се остварат соработки од поголеми размери, со фокус на цели популации на рисот. Така значително се збогатуваат сознанијата и се стекнува подетална слика за трендовите и поврзаностите меѓу популациите на континентално ниво. Средбата е од затворен карактер и е наменета само за членовите на ‘Еуролинкс‘. Тоа што МЕД е домаќин на ваков настан е афирмација на нашата долгогодишна научноистражувачка работа, но и признание од научната фела дека нашата организација е дел од една поголема заедница на научници“, вели Александар Павлов, биолог кој е во тимот на МЕД што работи на закрепнување на балканскиот рис. Податоците што се достапни преку овој отворен информациски систем овозможуваат да се истражи однесувањето на рисот во неговите живеалишта и да се евидентира како неговите популации реагираат на промена на живеалиштата, разни човекови активности, густината на пленот или методите на одгледување добиток. Со оглед на тоа што ваквите теренски поткрепени информации пристигнуваат од повеќе земји, „Еуролинкс“ дава одлична основа за компаративни теориски и применети истражувања за однесувањето и екологијата на рисот на европско ниво. Евроазискиот рис е голем грабливец од семејството на мачките (Felidae) и е најголем од шесте вида во родот Lynx. Благодарение на неговиот широк ареал и стабилните популации низ Евроазија, на Црвената листа на загрозени видови на Меѓународната унија за зачувување на природата спаѓа во категоријата „најмала загриженост“ (LC). Меѓутоа, одредени изолирани популации во Централна Европа поединечно се сметаат за загрозени, како што е и популацијата на балканскиот рис која денес населува мала површина од Балканскиот Полуостров. Иако евроазискиот рис се вратил во некои од своите историски живеалишта, сепак не е имун на човековите активности. Меѓу најсериозните закани за него се криволовот, губењето и фрагментацијата на живеалиштата и вкрстувањето меѓу блиски сродници во многу мали популации во Централна Европа, што доведува до генетско ослабување на популациите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо кривичниот суд денеска продолжуваат три судски процеси за „Државна Лотарија“, Ѓоко Ристов и пожарот во „ПулсВо кривичниот суд денеска продолжуваат три судски процеси за „Државна лотарија“, Ѓоко Ристов и пожарот во „Пулс“. Продолжува судењето за „Државна лотарија“, во кое обвинети се Артан Груби, Перпарим Бајрами и уште шест лица.Тие се сомничат за злоупотреба на службената положба и проневера на околу 600 милиони денари. Во случајот треба да продолжи доказната постапка, по сведочењето на директорот Владо Петковски. Во Кривичниот суд продолжува и судењето против поранешниот апелациски судија Ѓоко Ристов. Треба да сведочат родителите во чиј семеен дом во Неготино беа пронајдени 350.000 евра.Претходно сведочеше Фехми Стафа, кој негираше дека примил 20.000 евра за влијание врз ристов.одбраната тврди дека обвинението нема доволно издржани докази, додека обвинителството посочува дека има материјални и електронски докази.во судницата во „Идризово“ продолжува и судењето за пожарот во дискотеката „Иулс“ во Кочани.Во трагедијата загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, а предметот се наоѓа во доказна постапка.по завршувањето на доказите на обвинителството, одбраната треба да започне со изведување на своите докази.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook