КошаркаСан Антонио ја обезбеди стартната позиција број 1Кошаркарите на Сан Антонио со победата над Феникс имаат биланс од 62 победи и 18 порази, недостижен за конкурентите во двете Конференции од НБА лигата. Така во разигрувањето за титулата Сан Антонио ќе тргне од местото број 1 кое обезбедува предност натпревар повеќе на домашен терен.Нов лидер на Истокот повторно е Мајами, додека место во плеј-офот, обезбеди и Голден Стејт. Остануваат да се пополнат уште две празни места во плеј-офот од Западната конференција и едно од источната, за кое најмногу шанси има тимот на Перо Антиќ Атланта. Постигнати резултати на НБА натпреварите играни ноќеска: Орландо – Вашингтон 86:96, Торонто – Њујорк 100:108, Бостон – Шарлот 106:103, Бруклин – Атланта 88:103, Мајами – Индијана 98:86, Чикаго – Детроит 106:98, Мемфис – Филаделфија 117:95, Минесота – Хјустон 112:110, Оклахома Сити – Њу Орлеанс 116:94, Милвоки – Кливленд 119:116, Сан Антонио – Феникс 112:104, Јута – Портланд 99:111 и ЛА Лејкерс – Голден Стејт 95:112. Вечерва играат: ЛА Клиперс – Сакраменто, Шарлот – Филаделфија, Вашингтон – Милвоки, Атланта – Мајами, Кливленд – Бостон, Хјустон – Њу Орлеанс, Далас – Феникс и Денвер – Јута. Пласман Источна конференција: Мајами 54-25 (победи-порази), Индијана 54-26, Чикаго 47-32, Торонто 46-33, Бруклин 43-36, Вашингтон 41-38, Шарлот 40-39, Атланта 36-43, Њујорк 34-45,... Пласман Западна конференција: Сан Антонио 62-18 (победи-порази), Оклахома Сити 58-21, ЛА Клиперс 55-24, Хјустон 52-27, Портланд 52-28, Голден Стејт 49-30, Далас 48-32, Феникс 47-32, Мемфис 47-32,...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче пет пари не дава за ГостиварФилипче пет пари не дава за Гостивар, прати дилери на дрога и насилници да прават инциденти во Ново Село.СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА СДС Венко Филипче пет пари не дава за Гостивар, прати дилери на дрога и насилници да прават инциденти во Ново Село. „Децата“ на Филипче, кои ги претставува како деца на Македонија во Ново Село, се лица кои се правосилно осудени на условни казни затвор за насилство и за кривично дело поседување дрога и наркотични средства. Христијан Ефтимов, внук на Вице Заев и менаџер на неговата фирма „Тотал Инженеринг“, осуден на една и пол година условна казна затвор бидејќи заедно со Илија Стојанов крвнички тепале луѓе на плоштадот во Струмица. Илија Стојанов, е условно осуден за кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик "Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори" затоа што при полициски претрес кај него била пронајдена опојна дрога. СДС има историја и генеза на соработка со луѓе со сомнително однесување, личности кои консумираат наркотични средства и криминалци. Токму затоа СДС денес е без доверба и без кредибилитет токму поради таквите политиките. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
МакедонијаЈанчев: Во напредна фаза се и градежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар!Во напредна фаза се и градежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар!- информира преку својот фејсбук, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Во напредна фаза се и градежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар! Посебна благодарност до Лидл за донацијата и поддршката во реализацијата на овој проект. Со заеднички сили продолжуваме да ја градиме модерна и функционална урбана средина. Овој значаен инфраструктурен проект ќе придонесе за подобрување на сообраќајниот проток, зголемена безбедност и полесно движење за сите граѓани. [✔️] Побрз сообраќај [✔️] Поголема безбедност [✔️] Подобра поврзаност Продолжуваме со инвестиции во инфраструктурата – за подобро секојдневие на сите!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаАлексеј Покушевски се сели во РусијаРепрезенативецот на Србија, Алексеј Покушевски има нов клуб. 24 годишниот Алексеј Покушевски е нов кошаркар на Локомотив Кубан, соопшти клубот. Србинот се раздели со Партизан и му се приклучи на тимот на Локомотив Кубан предводен од Томислав Томовиќ, поранешен стратег на Звезда и помошник-тренер во националниот тим на Србија. На 14-годишна возраст, како еден од најголемите европски таленти на своја возраст Покушевски се пресели во системот на атински Олимпијакос. На само 17 години, популарниот Поко дебитираше во Евролигата и влезе во историјата на грчкиот гигант како најмлад играч што зачекорил на теренот во оваа елитна европска конкуренција. Неговиот потенцијал беше забележан и од НБА-скаутите, па во 2020 година беше избран како 17-ти пик на драфтот. Во најсилната лига во светот, тој мина четири сезони играјќи за Оклахома Сити Тандер и Шарлот Хорнетс. Во европската кошарка се врати во 2024 година, кога го облече дресот на белградски Партизан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04