Самсоненко веќе нема да биде на клупата на Вардар - Канал 5

Самсоненко веќе нема да биде на клупата на Вардар

Сергеј Самсоненко, главниот „виновник“ за создавањето на вадаровиот „дрим-тим“ изјави дека е задоволен од постигнато во досегашниот тек на сезоната и дека веќе нема да биде на клупата крај теренот за време на натпреварите на неговиот тим.

Самсоненко веќе нема да биде на клупата на Вардар
- Задоволни сме од постигнатото во Лигата на шампионите. Се соочувавме со многу објективни проблеми (повредени играчи), но и покрај тоа прикажавме добри игри. Првите 40 минути на гостувањето во Барселона беа најдобрите наши минути во елитното издание. Сега следува пауза во ова натпреварување и сметам дека нема потреба да бидам кај тренерското столче, рече на денешната прес-конференција првиот човек на македонскиот ракометен шампион.

Самсоненко информира дека по зимската пауза Вардар најверојатно ќе добие нов тренер, а се најавуваат и неколку засилувања од кои сигурно е доаѓањето на рускиот репрезентативец Сергеј Горбох.

На прес-конференцијата во пресрет на утрешната средба од СЕХА лигата со белорускиот претставник Брест Мешков своите очекувања ги искажа и тренерот Андон Бошковски.

- Посакувам 40.минути од Барселона утре да бидат 60. Ние сме фаворити, но во никој случај не смее да не залаже пласманот на Брест Мешков. Тие се квалитетен состав на ниво на Вардар, Металург, Загреб..., истакна Бошковски.

Натпреварот Вардар - Брест Мешков ќе се одигра утре со почеток од 17 часот и 45 минути во СРЦ „Кале“ во Скопје.

Вардар ќе настапи ослабен без Филип Лазаров и Алексеј Растворцев.

Македонскиот тим на 10 одиграни натпревари во регионалната СЕХА лига е трет со 22 бода (7 победи 1 нерешена и два пораза), додека Брест Мешков е на 5.место со 12 бода од седум натпревари (4 победи и 3 порази).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер