2Клековски: Ги мобилизираме сите надлежни институции за координиран одговор на западнонилската треска
КултураСамостојна изложба „Еве го човекот“ од Стефан Младеновски во Крива Паланка Годинашното издание на алтернативниот мултимедијален фестивал "ГИГА Фест" вечерва ќе биде затворено со самостојната изложба "Еве го човекот" на младиот академски уметник од градот, Стефан Младеновски.Изложбата ќе биде отворена во 20 часот, во уметничката галерија на Локална установа Градски музеј, Крива Паланка. Поставката содржи 50 дела на хартија, создадени во последните две години, а претставуваат заокружување на еден тематски циклус на авторот. Настанот ќе биде придружен со музичкиот перформанс на Ади Имери и Александар Бошков, едни од најзначајните македонски гитаристи, кои оставаат длабок печат на македонската музичка сцена. Стефан Младеновски е роден во Крива Паланка, дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек графика, во класата на професорот Зоран Јакимовски, а подоцна и магистрира графика. Иако е графичар, во последно време сѐ повеќе е посветен на цртежот и е меѓу ретките кои успешно го афирмираат овој ликовен израз, подзаборавен во современата македонска уметност. Младеновски е добитник на три национални награди за графика, досега реализирал осум самостојни и над триесет групни изложби во земјава и странство. Од 2020 година е член на ДЛУМ и важи за перспективен, атрактивен и талентиран автор од помладата генерација графичари во државата./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
МакедонијаСДСМ: Експлозија на бомба во дворот на М. Б, вработен во МВР, поврзан со кумот на МицкоскиСДСМ објави видео од експлозија на бомба во дворот на М. Б, вработен во МВР, поврзан со кумот на премиерот Христијан Мицкоски.Зошто се крие од јавноста? Која е позадината? Утре објавуваме детали кои свиркачи ги доставија до СДСМ, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОЈО: Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во СрбијаДосегашниот тек на истрагата, што од февруари годинава се води во ОЈО ГОКК за организиран транспорт на наркотична дрога марихуана од Македонија во Србија, укажува на поширок круг лица инволвирани во организираната криминална активност. Обезбедените докази што произлегуваат од преземените истражни дејствија и меѓународната соработка со надлежните органи на Србија, резултираа со донесување нова Наредба за спроведување истражна постапка против уште седум лица. Седуммината се осомничени дека како припадници на организираната криминална група го сториле истото кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори од член 215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Имено, од засега неутврден период во текот на 2025 година до крајот на јануари 2026 година, на македонската и српска територија, шестмината против кои се води постапка во Србија, шестмината опфатени со истрагата на ОЈО ГОКК од февруари, седуммината новоосомничени, како и други засега непознати лица, се здружиле заради неовластена продажба и пуштање во промет наркотична дрога марихуана. Секој од нив имал определена улога, при што самите или преку други непознати лица преземале, држеле и пренесувале наркотична дрога марихуана заради нејзина понатамошна неовластена продажба и пуштање во промет на територијата на Република Србија и други држави. Како параван за недозволените активности било користено правното лице во Скопје кое поседува одобрение за одгледување канабис за медицински цели и дозвола за производство на екстракти од канабис за медицински потреби. Сопствениците на правно лице од Скопје, од кои едниот е и управител, заеднички и по претходен договор организирале и други засега непознати лица од Србија и Македонија за заеднички да набавуваат наркотична дрога марихуана и во повеќе наврати да ја транспортираат од Македонија во Србија. За таа цел користеле товарни возила и царински декларации со кои се прикажувало дека се превезува текстилна, прехранбена и друг вид стока. Откако наркотичната дрога ќе била пренесена преку државната граница, организирале нејзино складирање во месноста Коњух кај Крушевац, каде марихуаната се препакувала и дистрибуирала за натамошна продажба. Според досега обезбедените докази, истиот modus operandi бил применет при најмалку пет транспорти, за кои биле користени различни патнички и товарни моторни возила. Кај товарните возила со претходно царинета и пломбирана стока се отстранувала пломбата и се вадел дел од царинетата стока, а на нејзино место се ставале кутии со наркотична дрога марихуана со тежина приближно еднаква на тежината на извадената стока. Потоа товарното возило се упатувало кон ГП Табановце, при што било следено од некој од осомничените со патничко моторно возило. На овој начин марихуаната била транспортирана прикриена како прехранбени производи, перници и јоргани. На 21 јули 2026 година, српското Јавно обвинителство за организиран криминал поднесе обвинителен акт против шест членови на организирана криминална група за меѓународен недозволен транспорт на марихуана. Според тамошното обвинение, двајца од сопствениците на правното лице од Скопје давале насоки и инструкции и ги координирале припадниците на криминалната група кои имале задача во месноста Коњух да ја примат и складираат наркотичната дрога марихуана во магацински простор на правно лице, чиј сопственик и управител е исто така обвинет. Дел од дрогата потоа се складирала во помошни објекти во неговиот дом во Коњух, каде било организирано нејзино препакување за натамошна продажба, по што марихуаната наменета за продажба на територијата на Белград му била предавана на друг обвинет член на групата. Во меѓувреме, во постапката што се води пред ОЈО ГОКК, на 10 август 2026 година Основниот кривичен суд Скопје донесе две пресуди врз основа на предлог-спогодби склучени со двајца осомничени. Со спогодбите осомничените признаа дека го сториле кривичното дело што им се става на товар. Притоа им се изречени казни затвор во траење од три години и шест месеци, односно три години и осум месеци, соопштувата од Обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМП: Работна средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правотоМинистерот за правда Јетон Шасивари одржа работна средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото, на која беа разгледани досегашната соработка и договорени идните активности.Во изминатиот период проектот обезбеди значајна експертска и финансиска поддршка во клучни реформски процеси, вклучително и во подготовката на законите за Академијата за судии и јавни обвинители, Судскиот совет и Законот за судовите, како и во работата на Советот за следење на реформите во правосудството. Воедно, подготвени се анализи и документи согласно европските стандарди, организирани се работни сесии, јавни расправи и работилници, а обезбедена е и поддршка во спроведувањето на Развојната секторска стратегија за правосудството 2024–2028 и Акцискиот план. Заедничките активности ќе бидат дополнително интензивирани, со фокус за зајакнување на европскиот дух преку исполнување на обврските од процесот на европската интеграција, за модерно, ефикасно, транспарентно и независно правосудство. Министерство за правдаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter