ЗабаваСамохрана мајка купила стар автобус за да живеат во него со синот (видео)Тврди дека наскоро ќе го среди за живеење, а цената е „ситница“.Џес решила да потроши нешто помалку од 10.000 евра за купување и опремување на ова возиоло за од него да направи дом. Самохраната мајка Џес (25) одлучила да го реши проблемот со високите трошоци за изнајмување стан, па купила стар зелен двокатен автобус со намера да живее во него со својот петгодишен син. Автобусот го нарекла „Детелина“ и планира да го опреми со соларни панели и дрвен котел за да обезбеди енергија за својот нов дом. Во серијата споделени видеа на Тикток, Џес открива дека автобусот го купила од еден маж во Корнвол кој веќе не бил во можност да го вози. Бидејќи таа нема возачка дозвола за управување со автобус, планира автобусот да го претвори во дом. Џес и нејзиниот син Берти во последниве три години патувале низ светот со камп приколка, но бидејќи Берти треба да тргне на училиште, Џес решила да најде трајно живеалиште за нив двајца. Оваа жена истакнува дека во текот на изминатата година сама го реставрирала автобусот додека нејзиниот син спиел. Патем, стекнала бројни вештини, меѓу кои работење со брусилка и други алатки. Исто така, во видеата што ги објавува на Тикток, таа навела дека за обнова на автобусот користи само бесплатни материјали, донирани или најдени по плацевите за отпад. Таа планира вкупните трошоци за купување и реновирање на автобусот да не бидат повисоки од 9.400 евра, што е многу поевтино од изнајмување стан. Кога ќе заврши со реновирањето, автобусот ќе има две спални соби и работен простор на катот, како и кујна и простор за седење на приземјето. Таа веќе поставила бојлер на дрва и големи резервоари за вода. Џес, исто така, планира да постави соларен панел на покривот за да обезбеди доволно енергија во нејзиниот мал дом. Џес е пример за храбра и независна жена која решила на свој начин да се соочи со предизвиците на животот, наоѓајќи креативно решение за станбеното прашање. Нејзиниот потфат го привлече вниманието на многу луѓе, а таа верува дека нејзиниот автобус наскоро ќе стане удобен дом за неа и нејзиниот син. Видеата што таа ги објавува на Тикток станаа многу популарни и го привлекоа вниманието на повеќе од 60.000 лица. Многу корисници ја изразија својата поддршка и ентузијазам за нејзината храбра одлука да живее во автобус со нејзиниот син. @jas_in_a_bus The bus is home - and what a journey it was 😅 #busconversionuk #femalevanbuild #vanconversionproject #doubledecker #buslife #solowomanbusbuild #busconversion #busconversions #youngmum #thebus #travelwithkids #busvibes #vanliving #bushome #livinginmyvan ♬ original sound - Jas_in_a_bus Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветГолема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинатиБројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП. Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица. „Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса. Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка. Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата. Извор: Б92Тагови: Кенија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПосебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратонМВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија. Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.Тагови: Скопски маратон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДрама: Авион исчезна над океанотСпоред неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него. Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс. Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“. Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа. Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата. BREAKING: Gulfstream G100 with 6 persons on board has reportedly crashed into the Atlantic while flying from Bermuda to Boston pic.twitter.com/gHZI5Sq2vc — Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) October 3, 2026 Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook