Само три хируршки сали се активни во Клиничкиот центар - Канал 5

Само три хируршки сали се активни во Клиничкиот центар

И по една недела, проблемот во хируршкиот блок при комплексот клиники Мајка Тереза остана не решен. 

Само три хируршки сали се активни во Клиничкиот центар

Освен трите сали кои деновиве се оспособени за работа но се користат само за исклучително итни случаи, останатите се надвор од функција поради ширењето на лошата миризба. Од ресорното министерство иако со денови се обидуваме да добиеме одговори на прашањата дали проблемот е надминат, кога повотрно би се ставиле во функција сите хируршки сали и која беше причината за нивното затворање, одговори нема.

Освен хируршките сали, од ВМРО ДПМНЕ денеска на прес конференција обвинија дека не работат ниту лифтовите на клиниката за трауматологија, па велат, пациенти со скршеници, но и оние што одат на контрола или во посета, или треба да одат по скали или да се туркаат со оние лифтови кон операционите сали. И за овие обивнувања се обративме до министерството за здравство но одговор нема.

„Цела недела 4 лифта не работат, ниту двата мали кај влезот, ниту двата кај трауматологија, па пациенти со скршеници, но и оние што одат на контрола или во посета, или треба да одат по скали или да се туркаат со оние лифтови кон операционите сали. Цела недела, од минатата сабота трае проблемот со системот односно цевководот за кислород до операциски сали, цела недела нема испитување што е, што мириса, дали е загадено, дали навистина има јаглерод диоксид, “-изјави Наум Стоилковски ВМРО ДПМНЕ.

Оние пациенти кои не се третираат како итни случаи изминативе денови се препраќаат во ГОБ 8ми септември и клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“. Вчера и од 8ми септември и од на клиниката за хируршки болести, за Канал 5 посочија дека изминатава една недела имаат зголемен број на пацинети, и се прават сите напори никој да не биде изоставен.

Од она што досега е познато е дека надзор на хирургија направија и инспектори од Државниот здравствен и санитарен инспекторат, но оттаму велат немаат ингеренции да постпауваат понатаму освен да го информираат министерстрвото за фактичката состојба и непријатната миризба во блокот. Тие упатија апел до надлежните служби да го решат проблемот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тензично во Тирана: Полицијата со водени топови и солзавец, студентите со бехатон плочки и запалени контејнери (ВИДЕО)

Демонстрантите се судрија со полицијата пред Министерството за образование во Тирана. 

Тензично во Тирана: Полицијата со водени топови и солзавец, студентите со бехатон плочки и запалени контејнери (ВИДЕО)

Со слоган на кој пишуваше „Рама во затвор, Бериша во затвор“, студентите јасно им ставија до знаење на демократите дека не се поканети на нивниот протест пред Министерството за образование, објави Топ ченел.

Демократските пратеници не заминаа, туку останаа на крајот од протестот, набљудувајќи ги од далечина поддржувачите кои се судрија со оние кои бараа нивниот претседател да биде во затвор.

Попладнево демонстрантите запалија два контејнера, а полицијата одговори со бибер спреј и солзавец. Агресивните демонстранти беа растерувани со водени топови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Епилог на трагедијата во Шпанија: Европското обвинителство поведе истрага за злоупотреба на пари при реновирање на пругата

Европското обвинителство денеска соопшти дека покренало истрага за можна злоупотреба на средствата на Европската унија (ЕУ) за време на реновирањето на пругата меѓу Мадрид и Севиља.

Епилог на трагедијата во Шпанија: Европското обвинителство поведе истрага за злоупотреба на пари при реновирање на пругата

Европското обвинителство денеска соопшти дека покренало истрага за можна злоупотреба на средствата на Европската унија (ЕУ) за време на реновирањето на пругата меѓу Мадрид и Севиља, каде на 28 октомври се случи тешка железничка несреќа во која загинаа 69 лица.

Агенти на Централната оперативна единица (УЦО) на Цивилната гарда пристигнале во седиштето на Управата за железничка инфраструктура (АДИФ), Државната агенција за безбедност на железницата (АЕСФ) и Ревизорскиот суд за да подигнат документи, пренесува „Паис“.

Истрагата е покрената на иницијатива на тоа обвинителство по трагичната несреќа на 28 октомври во Урда.

Ова не е прв пат Европското обвинителство, независно тело задолжено за истрага на злосторства кои ги загрозуваат финансиските интереси на ЕУ, да покрене истрага за работите на тој дел од шпанската железница.

Тоа тело покрена истрага и по железничката несреќа во Адамуз во јануари годинава, кога загинаа 46 лица.

Во двата случаи, фокусот на истрагата е да се утврди како Шпанија искористила субвенција од 111 милиони евра доделена од Брисел во јуни 2024 година за големото реновирање на железничката линија Мадрид-Севилја, која е најстарата брза линија во Шпанија.

Европското обвинителство побара договори и досиеја за работи поврзани со делниците каде што се случија несреќите.

Обвинителството има истражен модел сличен на оној на многу земји на ЕУ, во кои обвинителите ја водат истрагата, додека судијата назначен во Шпанија е единствено одговорен за надзор над напредокот на постапката во согласност со законските гаранции, надзор на мерките што ги ограничуваат основните права, како што се претреси на куќи или прислушување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Застрелан полицаец од блиску пука во напаѓачот во Краков (Вознемирувачко видео)

Драматично видео од полициската интервенција по денешната пукотница на главниот градски плоштад во Краков, Полска, во која загинаа пет лица, а повеќе од десет беа повредени, се појави на социјалните мрежи. 

Застрелан полицаец од блиску пука во напаѓачот во Краков (Вознемирувачко видео)

Видеото го објави и полскиот портал Niezależna.pl, наведувајќи дека го прикажува моментот во кој полицаецот пука во напаѓачот.

На видеото се гледа полицаец како стои над маж во маскирна облека и пука во него. Недолго потоа, полицаецот исто така паѓа на земја, веројатно ранет.

Полицијата потврди дека напаѓачот е ранет и уапсен

Полската полиција потврди дека напаѓачот е ранет и уапсен за време на интервенцијата.

„Во инцидентот на главниот плоштад, пет лица загинаа, а повеќе од десет беа повредени. Полицајците го раниле сторителот и тој во моментов е превезен во болница. Интервенцијата на службите на местото на настанот сè уште е во тек“, објави полицијата.

Полицијата, исто така, потврди дека меѓу повредените има полицајци, но сè уште не објавила детали за нивните повреди.

Влегол на плоштадот со автомобил и почнал да пука

Нападот се случил околу 15 часот во историскиот центар на Краков, една од најпосетуваните туристички области во Полска.

Според полициското соопштение, мажот влегол на главниот градски плоштад со автомобил и почнал да пука кон минувачите.

„Во тек е полициска операција на главниот плоштад во Краков. Околу 15 часот, еден маж почнал да пука кон случајни луѓе од автомобилот што го користел за да влезе на плоштадот. Сторителот е уапсен“, објави полицијата.

Првичните информации беа за двајца мртви, но полицијата подоцна потврди дека бројот на мртви се искачил на пет.

Идентитетот на напаѓачот и мотивот за пукањето се уште се непознати. Полицијата продолжува да ги истражува околностите на нападот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер