Само шести пораз на лидерот во НБА, Индијана - Канал 5

Само шести пораз на лидерот во НБА, Индијана

Кошаркарите на Индијана со пораз ја почнаа новата година откако ноќеска загубија на гостувањето кај Торното со 95:82.

Само шести пораз на лидерот во НБА, Индијана
За најдобриот тим (Индијана) до овој натпревар ова е вкупно 6. пораз сезонава во НБА лигата. Сега и двата водечки тима во двете конференции имаат ист скор победи и порази (25-6). Со победата Торонто дојде до 50% успешност (15-15).

На другите натпревари одиграни ноќеска беа постигнати следниве резултати: Вашингтон - Далас 78:87, Минесота - Њу Орлеанс 124:112, Денвер - Филаделфија 102:114 и Лос Анџелес Клиперс - Шарлот 112:85.

Пласман Источна конференција: Индијана 25-6 (победи-порази), Мајами 24-7, Атланта 18-14, Торонто 15-15, Вашингтон 14-15, Шарлот 14-19, Детроит 14-19, Бостон 13-18,...

Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 25-6, Сан Антонио 25-7, Портланд 25-7, Лос Анџелес Клиперс 22-12, Феникс 19-11, Хјустон 21-13, Голден Стејт 20-13, Далас 19-13,...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран објави снимка од Хамнеи, но непознато е кога и каде е направена

Иранската агенција „Мехр“ објави нова снимка на врховниот лидер на Иран, Модџтаба Хамнеи, во момент кога сè погласни се шпекулациите за неговата здравствена состојба.

Иран објави снимка од Хамнеи, но непознато е кога и каде е направена

На краткото видео, кое „Мехр“ го објави на „Телеграм“ и на својата официјална веб-страница, Хамнеи разговара со група луѓе.

Агенцијата не соопшти кога и каде е направена снимката, ниту пак ги идентификуваше лицата кои се појавуваат со него.

Снимката е објавена откако во медиумите и на социјалните мрежи се појавија тврдења дека Хамнеи бил хоспитализиран и дека неговата здравствена состојба е сериозна. Хамнеи беше избран за врховен лидер во март годинава, откако во воздушен удар беше убиен неговиот татко и неколку членови на семејството, а од тогаш воопшто не се појавил во јавност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски и бројките - или како да се лаже со статистика додека фрижидерот е празен

ВМРО-ОКГ денеска повторно се фали со „бројки“ и тврди дека СДСМ ширел паника за инфлацијата.

СДСМ: Мицкоски и бројките -  или како да се лаже со статистика додека фрижидерот е празен

Ајде да ги видиме тие „деманти“:

27 март – Филипче вели: цените на храната растат секој ден.

Реалност: инфлацијата во април достигна 5,7%.

Граѓаните плаќаат повеќе за леб, масло, млеко и месо.

На граѓаните не им треба статистика - им треба полн фрижидер.

22 април – Филипче предупредува, спиралата на поскапувања е започната.

Реалност:

Бензинот беше 70 денари - денес 91 денари за литар.

Дизелот беше 65 денари - денес 100 денари за литар.

Треба ли уште објаснување?

21 јуни - Филипче вели дека Владата потфрли и дека растот на цените е огромен.

Реалност: откако сè веќе поскапе, сега се фалат дека поскапувањето забавило. Класика.

ВМРО вели: „Ама просекот е понизок од 2022 година!“

Реалност: споредуваат со една од најтешките светски кризи - пост-ковид, почеток на војната во Украина и енергетската криза.

А не споредуваат што граѓаните можат да купат денеска со истата минимална плата од околу 400 евра.

Ете како ВМРО ја пласира својата статистика.

14 јули - Филипче повторно укажува на пад на стандардот и нова спирала на поскапувања поради горивата.

Реалност: дизелот е 100 денари, минималната плата во Македонија е најниска во Европа.

И ако ВМРО сака да ја споредува 2022 година со денес, тогаш да споредиме и цени:

• Млеко - поскапено околу 50%

• Леб - поскапен околу 60%

• Ориз - поскапен околу 70%

• Јајца - поскапени околу 60%

• Месо - поскапено меѓу 50 и 70%

И што сега, ВМРО?

Морате да сфатите дека бројките што Мицкоски ги црта по табла како Вучиќ, и соопштенијата што ви ги пишуваат Манасиевски и Петрушев, повеќе не поминуваат.

Ова е истата логика како и досега:

• Трета економија во Европа, а луѓето немаат за леб,

• Најголема куповна моќ, а фрижидерите се празни,

• Буџетот е во одлична кондиција, а секоја недела ново задолжување (државата ја задолжија со 2,5 милијарди евра за две години),

• Инфлацијата е под контрола, а сè што се јаде и пие чини повеќе,

Бројките на Мицкоски живеат во презентации. Граѓаните живеат во продавница.

И таму статистиката е јасна: паричникот е потенок, а сметките се подебели.

Продолжете да се фалите со проценти.

Народот веќе одамна ве мери со празни кеси.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вечерва во Драчево продолжува киното на отворено со филмот „Трето полувреме“

Откако вчеравечер филмскиот викенд започна со култниот „Бал-Кан-Кан“, киното на отворено во Драчево продолжува и вечерва. 

Вечерва во Драчево продолжува киното на отворено со филмот „Трето полувреме“

Општина Кисела Вода, во соработка со Кинотека на Македонија, ги поканува граѓаните на уште една филмска вечер во Амфитеатарот на Домот на културата во Драчево.

Вечерва, 09.08.2026 (недела), со почеток во 20:00 часот, на големото платно ќе се прикаже „Трето полувреме“, уште едно извонредно остварување на режисерот Дарко Митревски.

Присутните ќе имаат можност да погледнат филмска приказна инспирирана од вистински настани, во која ќе можат да уживаат во одличните улоги на Катарина Ивановска, Сашко Коцев, Ричард Самел, Раде Шербеџија, Емил Рубен, Митко Апостоловски, Мето Јовановски, Владо Јовановски, Тони Михајловски и други.

Влезот за сите посетители е слободен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер