3Денес граѓаните на Крива Паланка излегоа на мирен протест-Одиме до крај — додека не се спроведе законот и последното грло добиток не биде изнесено од градот!
ЗабаваСамо Канје може таков да се појави на свадба (ФОТО)Познатиот рапер Канје Вест и уште попознатата сопруга , старлетата Ким Кардашијан ги зачудија вчера сите гости на сведбата.Ким се појави со флуоресцентно зелен и тесен фустан , што одговара на нејзиниот стил . Но ; Канје , кој почна своја модна колекција и се обидува преку сестрите на Ким да ја промовира , сосема потфрли. Раперот се појави облечен во чудна комбинација. Носеше светло одело , под кое немаше ништо . А на нозете , наместо чевли , раперот облекол чорапи и влечки . Иако гостите на свадбата во мајами се навикнати на чудни стајлинзи , овој на Канје сите ги разочара. На социјалните мрежи с епојавија безброј коментари , не само за лошо облечената двојка , туку и за нивното однесување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПожар во ноќен клуб во Никозија – гости останале заробени на балкон Пожар избувнал во ноќен клуб во Никозија, при што повредено е едно лице. Поради чадот околу 50 лица останале заглавени во објектот и се засолниле на балконите каде што останале до гаснењето, при што биле безбедно евакуирани. Портпаролот на противпожарната служба на Кипар, Андреас Кетис, информираше дека околу 2:45 часот добиле пријава за пожар на влез на ноќен клуб во кипарскиот главен град, а од пожарот биле уништени тепихот и паркетот со кои бил обложен влезот на објектот. „Поради чадот, што се прошири на првиот кат, околу 50 лица (гости) останаа заробени во објектот. Еден маж се здоби со изгореници при обид да го изгасне пожарот“, изјавиле од противпожарната служба. Повредениот бил пренесен во болница, а во гаснењето на пожарот интервенирале три противпожарни возила со екипи од противпожарните станици во Никозија.Причините за пожарот треба да ги покаже истрагата, а кипарските медиуми пожарот најверојатно бил подметнат, бидејќи извори од полицијата посочиле дека на влезот била пронајден запалива материја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
БалканНовиот претседател на српското собрание Чупиќ поканет на Самитот во Брисел, но одбил да присуствува Новиот претседател на српското собрание, Александар Чупиќ, кој привремено ја извршува и функцијата претседател на Србија добил покана да учествува на Самитот на Европската унија и Западен Балкан, што ќе се одржи на 25 ноември во Брисел.Од делегацијата на Европската унија во Србија информирале дека Чупиќ изразил жалење што нема да може да присуствува на состанокот, но не ја наведуваат точната причина за тоа. Поканата ја упатил претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Во писмото тој навел дека самитот ќе биде можност за разговор за клучните прашања поврзани со соработката меѓу Европската унија и земјите од Западен Балкан. Инаку, поранешниот српски претседател Александар Вучиќ одби да учествува на Самитот во Брисел во декември 2024 година, незадоволен од тогашната одлука на Европската унија да не го отвори кластерот 3 во пристапните преговори со србија, кој се однесува на конкурентноста и инклузивниот раст.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
МакедонијаДенес граѓаните на Крива Паланка излегоа на мирен протест-Одиме до крај — додека не се спроведе законот и последното грло добиток не биде изнесено од градот!Под пораката „За безбедност, за заштита на имот и за спроведување на законот!“, присутните побараа неодложни, координирани активности на надлежните институции и трајно решавање на проблемот.Многубројни граѓани од Крива Паланка и околните села денес, 21 ноември, се приклучија на мирниот протест кај мотел „Македонија“, изразувајќи поддршка за барањата за безбедност, заштита на имотот и итно спроведување на решенијата за одземање на добитокот. Под пораката „За безбедност, за заштита на имот и за спроведување на законот!“, присутните побараа неодложни, координирани активности на надлежните институции и трајно решавање на проблемот. „Одиме до крај, додека не биде спроведен законот и последното грло добиток не биде изнесено од градот. Оваа агонија и голгота мора да престане. Дадов збор дека ќе останам со народот до крај и тој збор ќе го одржам“, порача градоначалникот Сашко Митовски. Митовски побара надлежните институции да ги исполнат своите обврски и да ги спроведат решенијата донесени пред повеќе од две и пол години. Нагласи дека граѓаните предолго ги трпат последиците и дека заштитата на нивните семејства, имоти и егзистенција бара итно постапување. На протестот се обрати и претседателот на Советот на Општина Крива Паланка, Миле Трајковски, кој порача дека остануваат со граѓаните до решавање на проблемот и најави порадикални протестни мерки доколку изостане конкретно институционално постапување. Оштетени граѓани сведочеа за уништени насади, оштетени имоти, големи материјални загуби и закани со кои се соочувале. Побараа заштита на своите семејства и услови за безбедно живеење и непречено обработување на земјоделските површини. Денешниот протест следува по мерките предложени од Општинскиот кризен штаб, барањето за прогласување 30-дневна кризна состојба и многубројните јавни апели. На 18 ноември, градоначалникот и засегнати граѓани поднесоа кривични пријави со барање да се испита одговорноста за неспроведувањето на решенијата. Доставени се и претставка до ДКСК и барање за вонреден инспекциски надзор до Државниот управен инспекторат. Општина Крива Паланка останува покрај своите граѓани, со јасно барање за спроведување на решенијата, институционална одговорност и конкретни резултати на терен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook