Денеска не очекува променливо облачно време со сончеви периоди, се најавува и локална нестабилност со пороен дожд
2Денеска не очекува променливо облачно време со сончеви периоди, се најавува и локална нестабилност со пороен дожд
Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
2Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
ТенисСамо Ѓоковиќ, Федерер и Надал успеале да го направат ова, но - никој не е како СинерЛидерот на АТП листата, Италијанецот, Јаник Синер стигна до финалето на Мастерсот во Мадрид и стана најмладиот тенисер во историјата што стигнал до финалето на сите девет турнири во оваа серија.Најдобриот тенисер на светот го победи Артур Фис со 6:2, 6:4 во полуфиналето и ја забележа својата 27-ма последователна победа на турнирите од Мастерс сријата, продолжувајќи ја својата неверојатна серија. Пред него, само Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер го постигнаа овој подвиг, но во подоцнежните години – на 25, 27 и 30 години, додека Синер успеа на 24-годишна возраст. Италијанецот ќе го игра своето петто последователно финале на Мастерсот, а негов ривал во борбата за титулата ќе биде Александар Зверев, против кого води со 9-4 во меѓусебните натпревари. Доколку ја продолжи серијата, Синер би можел да стане првиот тенисер во историјата со пет последователни титули на турнири од оваа категорија.Тагови: Јаник Синер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПетнаесет повредени лица се примени во скопските клиники по невремето што вчера го зафати Скопје08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47
Петнаесет повредени лица се примени во скопските клиники по невремето што вчера го зафати Скопје08:33
МакедонијаПетнаесет повредени лица се примени во скопските клиники по невремето што вчера го зафати СкопјеПетнаесет повредени лица се примени во скопските клиники по невремето што вчера го зафати Скопје. Најсериозно е повредена повозрасна жена што се здобила со повреда на главата по пад на дрво. 100 тици дрвја беа откорнати низ целиот град, откорнати беа кровови од станбени објекти. Летаа предмети од силниот ветер,според информациите ветрот достигнал брзина и до 90 километри на час, а на единствениот број за итни повици 112 штети пријавиле над илјада граѓани. Невремето беше кратко, но многу интезивно за само 10 минути направи вистински хаос.Тагови: Град Скопје невремето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоДенеска не очекува променливо облачно време со сончеви периоди, се најавува и локална нестабилност со пороен дождОд УХМР (Управата за хидрометеоролошки работи) предупредуваат за голема нестабилност на времето денес.Според УХМР денеака времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има повремени врнежи од дожд и локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер. Наместа ќе има услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (наместа над 60 km/h). Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има повремени врнежи од дожд и услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. До петок под влијание на серија влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град. Во петок ќе има пообилни врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север температурата значително ќе опадне. Во Скопје, до петок ќе биде променливо облачно, повремено нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално во делови од котлината ќе има нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 22. јули 2026 година Дневен хороскоп за среда, 22. јули 2026 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Оние кои во моментот имаат љубовни проблеми , денеска нека побараат друштво на пријатели, бидејќи со нив ќе гледаат појасно. Кариера Ќе бидете расположени за самостојна работа , иако нема да бидете целосно затворени за соработка. Но , кога вие би се прашувале , најубаво ви е кога работите сами. Здравје и совет Наспијте се. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно ќе ви се чини како љубовта да отишла некаде далеку од вас. најдобро ќе се чувствуваат оние кои се помириле со осаменоста. Кариера Малите тековни работи ќе се одвиваат добро , но во преговорите , на состаноците или договарањата би можело да се јават мали тензии. Здравје и совет Не сте задоволни. Девица 23.8.-23.9. Љубов Копнеж , тага и слични чувства ќе ви се вовлечат во срцето полесно од вообичаеното. Побарајте ведри луѓе и весели содржини. Кариера Ќе функционирате добро и без поголем застој ќе одредувате она што треба. Ќе ви недостигаат предизвици. Здравје и совет Телесно сте добро , но емоционално сте фрустрирани. Вага 24.9.-23.10 Љубов Загонетки , сплетки , соништа- сето тоа денеска ќе ве привлекува повеќе од кога било. Можни се дискретни погледи и читање меѓу редови. Кариера Она околу што неодамна се препиравте , денеска ќе биде ставено во втор план. Ќе продолжите да работите како да не било ништо. Здравје и совет Послужете се со својата интуиција. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе бидете многу расположени за љубов и за покажување емоции , па така и ќе постапите.некои ќе си ја отворат душата. Кариера Борбите што ги водевте ви носат победи , а тоа ве поттикнува и натаму дасе развивате , храбро и без пречки. Здравје и совет Ќе бидете весели и емотивни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ние кои бараат љубов добро нека погледаат околу себе во лицата со кои професионално соработуваат. Кариера Преминете од зборови на дела. Сепак , постојат уште некои одложувања , поради што дел од работите чекаат. Здравје и совет Ќе се веселите со блиски луѓе. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Можно е да ви се чини дека е долг патот до нечие срце, но тоа е чувство што ќе трае само денеска. Кариера Веројатно соработниците ќе ве критикуваат , но важно е тоа да го сфатите како конструктивна опомена. Здравје и совет Потпрете се на вашата смисла за хумор. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете склони да ја идеализирате саканата личност или таа навистина денеска ќе се покаже во најдобро светло. Кариера Врз основа на старите успеси и завршените работи, ви подготвено работите и натаму . Ништо не мкоже да ве запре. Здравје и совет Полни сте со енергија. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Би можеле да добиете повик за убава забава и дружење со кое ќе го компензирате сегашното љубовно незадоволство. Кариера Ви претстои соработка со млади лица , кои ќе ги обучувате во работата. Има уште некои ситни работи што треба да гио довршите. Здравје и совет Свртете се кон себеси. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе имате добра волја своите приватни односи да ги доведете во ред. Сепак , други ќе ве попречуваат во намерата. Кариера Важно е да го прифатите она што ви се нуди , дури и во моментов да ви изгледа неповолно. Добро ќе биде на долг рок. Здравје и совет Користете ги паузите на работа. Бик 21.4- 20.5. Љубов Некои би стекнале пријател со личност , која е позрела од нив. Ќе добиете конструктивна критика. Кариера Не сонувајте за невозможното , туку задржете го она што го имате. На тој начин еден ден ќе ги достигнете своите соништа. Здравје и совет Би било корисно добро да се наспиете. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов И натаму ќе работите на зацврстување на својата врска и ќе уживате во тоа. Другата страна ви возвраќа со љубов и тоа е доволно за среќа. Кариера На момент ќе ви се пристори дека вашите колеги не се толку доверливи како вас , но тоа е само преодна слабост што набргу ќе исчезне. Здравје и совет Занимавајте се со спорт.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook