Само една фирма се пријавила на тендерот за набавка на нова компресорска станица - Канал 5

Само една фирма се пријавила на тендерот за набавка на нова компресорска станица

Само една понуда е пристигната од фирма која учествувала на вториот тендер за компресорска станица на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ што го распиша министерство за здравство, потврдија од кабинетот на министерот Арбен Тараври.

Само една фирма се пријавила на тендерот за набавка на нова компресорска станица

Од министерството посочуваат дека во наредниот период ќе се изврши разгледување на оваа понуда.

„Ве известуваме дека пристигната е една понуда за која во наредниот период во рамки на законските рокови ќе се изврши евалуација од страна на Комисијата за јавни набавки и доколку истата ги исполнува условите од тендерската докуменатација ќе биде донесена одлука за избор на најповолна понуда и се пристапи кон склучување на договор за јавна набавка.“

Извор министерство за здравство

Денеска беше последниот ден за пријавување на заинтересирни фирми за учество на вториот тендер за компресорска станица на клиничкиот центар „ Мајка Тереза“. Потребата од промена на целата компресорска станица доаѓа откако во Мај беа затворени дел од хируршките сали беа затворени а некои од причините поради кои не работат салите се непријатниот мирис којшто се ширел низ вентилацискиот систем, како и проблемот со доводот на кислород. Оттогаш, дел од салите работат со надворешни компресори и се оперираат само итни пациенти. Дел се препраќаат во двете други болници во Скопје, ГОБ „8 септември“ и „Св.Наум Охридски“. Директорот на Наум Охридски Небојаша Настов за Канал 5 потврди дека притисокот врз нивната болница е многу намален со воведувањето на двете смени за хирушки интервенции и во Клиничкот центар како и во Наум Охридски, а додека во ГОБ „8 Септмеври“ се уште велат имаат оптеретување во делот на операции. На првиот за набавка на нова компресорска станица, кој пропадна бидејќи не пристигна ниту една понуда.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Со позитивна оценка од Европската комисија е потврден реформскиот напредок на Македонија во рамки на Планот за раст

Јули е важен месец за Македонија и проценките што ги прави Европската комисија за сите кандидати.

ВМРО-ДПМНЕ: Со позитивна оценка од Европската комисија е потврден реформскиот напредок на Македонија во рамки на Планот за раст

Позитивната оценка од Европската комисија е признание за успешно спроведените реформи во држата.

Според информациите со кои располагаме, Македонија, заедно со Албанија и Црна Гора, е меѓу земјите кандидати кои бележат најдобар напредок во спроведувањето на Реформската агенда и обврските што произлегуваат од Планот за раст на Европската Унија.

Ова е значајно признание за институциите и за сите кои активно придонесуваат во исполнувањето на реформските приоритети.

Оценката од Европската комисија е дополнителен мотив Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да продолжи со уште посилна динамика во реализацијата на реформите.

Оценката од Европската комисија ги фрла во вода лагите на СДС и ги побива обидите за создавање лажна слика дека државата не ги исполнува своите обврски кон Европската унија.

Неопходно е сите политички чинители да покажат одговорност и конструктивност во периодот што следува. Усвојувањето на Изборниот законик, како дел од Реформската агенда, претставува обврска која е резултат на широк процес на консултации и договор во рамки на работната група при Министерството за правда, во согласност со препораките на ОБСЕ и ОДИХР.

За поздравување е и определбата на Европската комисија реформскиот напредок да биде основа за распределбата на средствата за земјите кандидати. Очекуваме во текот на јули да биде донесена одлука, при што Македонија, како една од најуспешните земји во спроведувањето на Реформската агенда, ќе ја добие заслужената поддршка.

Благодарност и до Делегацијата на Европската унија во Скопје, амбасадорот Рокас и неговиот тим за континуираната поддршка и соработка во успешно спроведување на реформите.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дешан за специјалната задача: „Им кажав на двајца од нашите најкрупни фудбалери...“

Селекторот на Франција, Дидие Дешан, изјави дека неговиот тим го очекува тешка задача против Парагвај во осминафиналето на Светското првенство.

Дешан за специјалната задача: „Им кажав на двајца од нашите најкрупни фудбалери...“

Фудбалерите на Франција го совладаа Парагвај со минимални 1:0 и обезбедија пласман во четвртфиналето по тежок натпревар во Филаделфија, а единствениот погодок го постигна Килијан Мбапе од пенал во 70-тата минута.

Дешан, кој со оваа победа стана првиот селектор со 10 триумфи во нокаут-фазата на светските првенства, откри дека им дал посебна задача на своите играчи пред крајот на натпреварот.

„Им реков на двајца од нашите најголеми и најсилни фудбалери да бидат блиску до Килијан, бидејќи знаев дека ќе се обидат да го соборат. Не беше лесно. Тие користат секакви можни трикови. Можеби тоа не е фудбалот што ја привлекува публиката на стадионот, но тие добро се бранеа. Секогаш е тешко да се игра против јужноамерикански репрезентации“, рече Дешан.

Мбапе беше цел на противничките играчи во текот на целиот натпревар, но остана смирен и на провокациите одговараше со насмевка, не дозволувајќи грубата игра на ривалите да го исфрли од ритам.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Одговор на прашањата на ВМРО: “ВМРО-ОКГ се плаши од КПУ Идризово, Штип и Шутка”

Многу нервозно реагираат ВМРО кога се зборува за нов Изборен законик.

СДСМ:  Одговор на прашањата на ВМРО: “ВМРО-ОКГ се плаши од КПУ Идризово, Штип и Шутка”

СДСМ сака нов Изборен законик, но не сака закон за кражба на изборите по мерка на Мицкоски. Сакаме дијаспората да гласа, како што гласаше и досега - само не сакаме Мицкоски да гласа од Белата палата наместо дијаспората.

Не се караме со нашите членови, функционери, аналитичари и професори. Оние кои вие ги претставувате како „наши“ се ваши сателити и дел од вашиот проект ЗНАМ 2.0. Тоа е ваша конструкција, а не наша.

СДСМ разговара со факти, докази и бројки. Голата реторика, популизмот и нарачаните анкети се ваша територија и територија на Орбановите медиуми.

Сега велите дека СДСМ е трета или четврта партија во државата, а во анкетата која ја објавивте денеска, СДСМ е втора партија.

Во истата анкета покажавте дека ВМРО-ОКГ има пад од 3,5% за само два месеци. Од изборите, според вашите нарачани анкети, вашиот пад е веќе 8%, додека СДСМ расте.

Вашата организирана криминална група го презеде синдромот од шефот на бандата Мицкоски, сите многу лажете. Веќе ни самите не знаете што лажете.

Како што вели народот: Кој лаже, тој и краде. А вие, како дел од владеачката тендер коалиција, тоа најдобро го знаете.

СДСМ сака ЕУ.

Таму судството и обвинителството се независни, а за криминалот се одговара.

За организиран криминал следуваат Шутка, Идризово и Штип. Токму од тоа се плаши Мицкоски и неговата екипа.

Скопје, 05.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер