Видео: Десетици китови насукани на плажа: Спасувачите се обидуваат да ги вратат преживеаните во водата
2Видео: Десетици китови насукани на плажа: Спасувачите се обидуваат да ги вратат преживеаните во водата
ЗдравјеСамо две лица под 18 години досега вакцинирани во Македонски БродЕдна од општините со најмал број пријавени и вакцинирани млади лица е Македонски Брод , каде само две лица од 12 до 17 години ја примија првата вакцина на Фајзер, потврди д-р Силвана Стефаноска, лекар од Здраствениот дом во Македонски Брод.-Во нашата општина само две лица на возраст од 12 до 17 години се пријавија и ја примија првата вакцина против ковид 19 .Не знаеме од кои причини, но интересот на младите да се вакцинираат против коронавирусот речиси и да не постои, рече докторката и посочи дека, спротивно, постарите лица во општината се многу заинтересрани да се вакцинираат. Стефаноска посочиа дека во општината досега се вакцинирани 1600 постари лица, а во исто време се реваквинирани 850 граѓани. Што се однесува до вакцинирање во домашни услови на лица болни и хендикепирани, таа наведе дека кај нив ваквите посети се практикувани од почетокот на вакцинација и за нив ова не е нова работа. -Ние вработените во Здраствениот дом во Македонски Брод од почетокот на вакцинација сме практикувале посета на лица кои поради одредени здраствени проблеми не се во можност да дојдат во домот и да се вакцинираат. Ги посетувавме во нивните домови и ги вакциниравме а такви интервенции во изминатиот период имавме над 100, додава докторката. Посочи дека со несмален интензитет се одвива и теренската вакцинација и досега се поминати половина од селата во бродска општина. -Од почетокот на теренската вакцинација 12 август досега во руралните средини се вакцинирани околу 350 постари лица. Бидејќи селата не се од развиен тип, екипите многу време губат по пат, инаку нивниот број ќе беше и многу поголем. Денес нашите вработени вршат вакцинација во селата Белица, Драговдол и Модриште, подвлече Стефаноска и потсети дека вакцинацијата се одвива и во Здраствениот дом, каде дневно се вакцинираат од 20 до 30 граѓани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАЛука Дончиќ испишува НБА историја: Го надмина и Џордан – вакво нешто не е видено уште од далечната 1963 годинаЕден од најдобрите светски кошаркари, ѕвездата на ЛА Лејкерс, Словенецот, Лука Дончиќ е на прагот на НБА историјата, со просек од 38,5 поени – достигнување што не е видено уште од 1963 година и Вилт Чемберлен.Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ја продолжува својата сезона од сништата. Лука ја игра сезоната на кариерата, а синоќа ја демонстрираше својата моќ во победата на Л.А. Лејкерс против Сакраменто (116:103) – тим кој, иако неочекувано, беше неговиот „прв“ избор на НБА-драфтот. Со оглед на тоа што Сакраменто ја пропушти можноста да го избере, Дончиќ секогаш е посебно мотивиран кога игра против „Кингси“, а со оглед на формата во која се наоѓа на почетокот на сезоната, дополнителна мотивација и не му е потребна. Така, Дончиќ повторно ја покажа својата сила и докажа дека во моментов е главен кандидат за МВП-наградата, бидејќи никој не е ни блиску до бројките што ги остварува Словенецот. Дополнително, тимот на Лејкерс изгледа многу подобро отколку минатата година. Претходната вечер, Лука Дончиќ постигна 40 поени, оствари девет скока и седум асистенции. Во играта на Лејкерси, апсолутно сè се врти околу него, па овој пат тој „ги држеше сите конци во свои раце“ додека беше на теренот. Имаше солиден шут од 11 од 23, погоди шест тројки, а единствена негативност беа шесте изгубени топки. Дончиќ стана првиот кошаркар во историјата на НБА кој на шест натпревари по ред остварил повеќе од 35 поени, пет скока, пет асистенции и пет погодени тројки, а никој досега нема постигнато повеќе од 300 поени и 50 асистенции во една НБА сезона побрзо од него. И што е најинтересно – тоа не е сè; Дончиќ е на прагот на бројки какви што во НБА не се видени уште од шеесеттите години на минатиот век. Most PPG over a player's first 8 games of a season, NBA history: Wilt Chamberlain - 52.3 (1962-63) Wilt Chamberlain - 50.0 (1961-62) Wilt Chamberlain - 39.6 (1959-60) Luka Doncic - 38.5 (2026-27) Michael Jordan - 38.4 (1986-87) https://t.co/BremYunAZ6 — Underdog NBA (@UnderdogNBA) November 5, 2026 Поточно, тој има најдобар просек во првите осум натпревари уште од времето на Вилт Чемберлен во 1963 година (52,3 поени), а го надмина и остварувањето на славниот Мајкл Џордан од сезоната 1986/87, кој тогаш имаше просек од 38,4 поени. Лука Дончиќ моментално има просек од 38,5 поени.Тагови: ЛА Лејкерс Лука Дончиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - ПалентаВо четврток (29.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Александар Терца Мишковски.Состојки за денешниот рецепт: 200 гр. палента 100 гр. кашкавал 50 гр. сирење 1 мала кисела павлака 20 гр. путер сол, бибер, сув зачин и свежо нане Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗдружение на млади паравници: За несобран отапд испратете фотографии на [email protected]Македонското здружение на млади правници со интересна иницијатива, ги повикува граѓаните да пријавуваат локации во Скопје каде има несобран комунален отпад, со цел да се побара инспекциски надзор и реакција од надлежните институции.За да се документираат проблемите, граѓаните треба да испратат фотографија или видео од отпадот, точна локација, како и датум и време кога е направена снимката. Пријавите може да се достават преку приватна порака или на електронската адреса на здружението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00