СветСамо две држави би можеле да преживеат светска нуклеарна војна Во случај на глобална нуклеарна војна, т.е. во крајниот, најлош можен исход, само две земји - Австралија и Нов Зеланд би имале долгорочна шанса за преживување. Новинарката и истражувачка Ени Јакобсен ги дискутира можните последици од нуклеарна војна во својот подкаст, но и во книгата „Нуклеарна војна: Сценарио“, во којашто опишува како би можел да изгледа таков судир. Според нејзините проценки, огромен број луѓе би умреле во првите 72 минути по првиот нуклеарен напад. Предупредувањето доаѓа во време кога расте набојот на Блискиот Исток, со САД, Израел и Иран во конфликт што би можел да прерасне во нуклеарна војна. Светски нуклеарен судир би убил стотици милиони луѓе во самите почетни детонации. Луѓето кои ќе ги преживеат првичните нуклерани експлозии, би се соочиле со долгорочни последици коишто би можеле да бидат подеднакво катастрофални. Од последиците, можеби најтешка би била тн. „нуклеарна зима“. Јакобсен објасни дека области како американската држава Ајова или Украина би биле покриени со снег со години, што би го оневозможило одгледувањето храна. Освен тоа, чадот и пепелта од експлозиите би ја покриле атмосферата, температурите би паднале, озонската обвивка - долгорочно оштетена, а земјоделството низ целиот свет речиси целосно би пропаднало во период од околу 10 години. Се проценува дека тие неколку години, околу пет милијарди луѓе би можеле да умрат од гладта, зрачењето и од пропаста на општествените системи. - Кога земјоделството ќе пропадне, луѓето едноставно почнуваат да умираат... Австралија и Нов Зеланд би имале најголеми шанси за преживување поради нивната географска изолација и климатските услови. Во овие делови од светот, последиците од „нуклеарната зима“ би биле поблаги, а земјоделството би можело да преживее, за разлика од повеќето други делови од нашата планета каде што земјоделските култури би пропаднале, предупреди Јакобсен. Сепак, животот таму не би бил лесен. Во тој постапокалиптичен свет, луѓето би морале да живеат во сурови услови, со ограничени ресурси и постојана борба за храна. Многумина веројатно би се засолниле и би живееле под земја. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15
МакедонијаПожарот на Китка, меѓу Студеничани и Зелениково го обви во чад и Скопје Пожарите во околината на Скопје, го обвија главниот град во густ чад и непријатна миризба. Граѓаните од претпладнето се жалат на чадот, кој е раширен буквално во сите населби. Во центарот на градот е Афродита Рамос. Афродита се знае ли точно на што се должи ваквата состојба? -Зачаденоста на Градот е од ветерот кој го носи чадот од актуелниот пожар во Китка, Општина Студеничани и Општина Зелениково, На тој пожар до сега дејствуваше хеликоптерот на МВР. До овој момент ЦУК нема пријава за можен пожар на Водно, освен двата пожари на сува трева и ниско деградирана шума во Општина Илинден, ЦУК. Во моментов во Македонија се активни неколку пожари. Каде се има жаришта и каде е најкритично? -Најкритично меѓу Студеничани и Зелениково Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПопладне услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветерТоплото време ќе продолжи, но метеоролозите најавуваат дека попладнево на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Слично време се очекува и во Скопје. Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15
МакедонијаСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупаПоранешниот прв вицепремиер Артан Груби седна на обвинителна клупа откако против него и седум други лица беше поднесено обвинение за злоупотреби при набавка во Државна лотарија. По шест месеци во домашен притвор утринава беше спроведен во скопскиот Кривичен суд. Но наместо низ главниот влез на судската зграда каде вообичаено ги спроведуваат обвинетите кои се со мерка домашен притвор, со полициско возило Груби беше спроведен преку гаражите на судот. Во истрагата за случајот беше осомничен за проневера во службата но обвинителството го преквалификува делото во „злоупотреба на службената положба и овластување“, за кое е предвидена поблага казна, односно од 1 до 5 години затвор. -Вториот обвинет, кој имал реално влијание во раководењето со АД Државна лотарија, во својство на одговорно лице, претседавал со седница на Влада на Р. С. Македонија во својство на собрание на Државната лотарија и предложил вака дополнетата точка на дневен ред да се усвои, иако бил свесен дека одлуката не е во надлежност на Владата како Собрание на Акционерското друштво, стои во обвинението. - ОЈО Скопје Првообвинет во случајот е поранешниот генерален директор на Државна Лотарија, Перперим Бајрами кој е во бегство и за кој се уште има активна потерница. Обвинети се и поранешниот генерален секретар на Влада, Методија Димовски, потоа поранешниот претседател и членови на надзорниот одбор Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамаданоски, Александар Димитриоски и Башким Авди. Во случајот „Државна лотарија“ обвинети се вкупно осум лица: Перпарим Бајрами – поранешен генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Државна лотарија“ – во бегство. Артан Груби – поранешен прв вицепремиер Методија Димовски – поранешен генерален секретар на Владата Скендер Мехмети – поранешен член/претседател на Надзорниот одбор Бојан Јанев – поранешен член на Надзорниот одбор Фатмир Рамаданоски – поранешен член на Надзорниот одбор Александар Димитриоски – поранешен член на Надзорниот одбор Башким Авди – поранешен член на Надзорниот одбор. Сите се товарат за исто кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинението во текот на 2023 и 2024 година заеднички презеле дејствија со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и должности и со намера на „Државна лотарија“ ѝ нанеле штета од 8,2 милиони евра. Пред судот обвинението го застапуваат обвинителите Даниел Коцев и Александар Давчевски од скопското обвинителство. Вина кај обвинетите ќе докажуваат со 231 матертијален доказ и 7 сведоци. На денешното прво рочиште на обвинетите им беа доставени доказите и беше договорена диманиката на рочиштата. Со оглед на тоа дека се работи за обвинителен предлог и предмет кој се суди по скратена постапка, судијката Билјана Шуплиновска Јовевски им остави простор од десетина дена на одбраната да ги разгледа доказите и следно рочиште закажа за 7 септември. Сега обвинетиот поранешен прв вицепремиер Артан Груби кој во случајот го застапуваат двајца адвокати, Гоце Ристевски и Владимир Доневски, речиси една година беше во бегство. Во декември 2024 година преку граничниот премин Блаце кон Косово пеш ја преминал границата иако бил на стоп листа. На 23 февруари годинава во утринските часови се појави на истиот гранничен премин каде беше уапсен, но по распитот наместо во затворски притвор кој првично се бараше, обвинителството кое тогаш објасни дека е поради безбедносни причини, побара куќен притвор, мерка која ја определи Кривичниот суд. Тагови: Груби Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook