Чешката влада сака да ја укине задолжителната претплата за јавниот сервис- новинарите најавија штрајк
Од идеја до акција: ЗНАМ гради нова генерација млади лидери, вториот младински камп започна на Пелистер
1Чешката влада сака да ја укине задолжителната претплата за јавниот сервис- новинарите најавија штрајк
2Од идеја до акција: ЗНАМ гради нова генерација млади лидери, вториот младински камп започна на Пелистер
АвтомобилизамСамо два отсто од возилата користат плин, Македонците претпочитаат дизел и бензинМакедонија има стар возен парк со просечна старост на возилата од 18 години. Половина од регистрираните возила користат дизел-гориво, додека од 218.544 возила со бензински погон, пренаменети на гас и метан се само 12 илјади возила, или само 2,6 проценти од возилата. Владата најави субвенции за инсталирање уреди на гас во возилата, но предвидува да бидат искористени само за 1.200 возила. Емисијата на цврсти честички при согорување на пропан бутан или метан е речиси нула Даме Димитровски, професор на Машинскиот факултет и раководител на Лабораторијата за мотори и горива, нагласува дека транспортот не е главен фактор за цврсти честички, ниту во Скопје ниту во другите градови, но дека сепак во суштина нешто треба да се воведе во врска со емисиите на возилата. – Дали се тоа вакви лепенки, дали е тоа даночење по емисија, што ќе оди во фондот за животна средина, кој ќе се справува со оваа тема. Некаков систем во кој ги промовираме зелените возила треба да направиме, па макар и ваков систем со лепенки со кој, без разлика колку некој вистински загадува, бидејќи не знаеме колку километри поминува, ставаме лепенка и го ограничуваме каде во градот смее да вози. Сметам дека за почеток може да се направи доста полесно или полабаво ограничување, така што Еуро 4, 5 и 6 треба да се зелена лепенка, а да се промовираат возила на ТНГ и метан, што секако ќе добијат зелена лепенка, вели Димитровски. Во однос на најавените субвенции за монтирање уреди на гас во возилата, Димитровски смета дека со конверзија на гас може да се очекува одредено намалување во емисијата од возилата речиси по сите параметри. – Би требало да се очекува дека ќе се намалат сите емисии од возилото со бензиски мотор, независно дали е тоа Еуро 1, 2, 3 или 4. Очекуваме дека емисијата на цврсти честички при согорување на пропан бутан или метан ќе биде речиси нула, вели Димитровски. Конверзија на гас е можна и кај бензиски и кај дизел-мотори Конверзија на погонските мотори на возилата, посочува Димитровски, е можна и кај бензинските и кај дизел-моторите, со тоа што бензинските мотори може многу лесно да поминат на метан или пропан бутан и тоа не е прескапа метода, додека кај дизел-моторот се прави конверзија, но и понатаму е потребно да се користи и дизел и гасно гориво. – Кај дизел-моторот се прави конверзија, но за да остане циклусот дизелов треба да користи и дизел и гасно гориво. Таква конверзија во Македонија е направена во 2006 година во ЈСП, кое имаше 30 автобуси со најлошите дизел-мотори во тоа време и ги направија да бидат со двојно гориво, 50 проценти дизел и 50 отсто метан. Како што знам, а бевме вклучени во мерењата како факултет, емисиите драстично се намалија на цврсти честички и исплатливоста беше голема, затоа што метанот е многу поевтин од дизелот. Со тој проект се престана и понатаму се купија Еуро 5 дизел-автобуси, изјави Димитровски. Во тој контекст посочува дека одлуката на Град Скопје да купи гасни автобуси е за поздрав, затоа што емисијата од нив е нула цврсти честички, има инфраструктура за полнење, има сервисери и може веднаш откако ќе ги купат да ги користат. – Електричните автобуси не се лоши, но за нив немаме инфраструктура и можеби треба постепено да ги носиме. Ќе треба доста време за да се замени тоа што ЈСП сега го има како возен парк, изјави Димитровски. Многу е јасно дека дизел-технологијата е повалкана од ото-технологијата, затоа што користи потешко гориво, но од друга страна дизеловиот циклус дава поголема моќност. – Ако кај лесните возила многу полесно може да ги убедиме луѓето да возат полесно гориво, кај тешките товарни возила сѐ уште е голем проблем да се најде добар камион што е со исти перформанси и користи чисто гориво. Во најава следува дека ќе има некакви електични или други почисти технологии и затоа Еуро 7 и 8 нормите ќе се развиваат кај тешките возила, а потоа и кај автомобилите, изјави Димитровски. Субвенции за вградување уреди на гас до 300 евра за 1.200 возила годишно Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули со новите законски измени најави и субвенции за електрични и хибридни возила, како и субвенции за течен нафтен гас или метан. Со Програмата за субвенционирање за купување нови хибридни и електрични возила се предвидуваат субвенции од 5.000 евра во денарска противвредност за набавка на електрични возила, а 3.000 евра во денарска противвредност за набавка на хибридно возило, а во првата година се предвидува да бидат доделени субвенции за 200 возила. Со овој закон се предвидува Програма за субвенционирање на трошоците за вградување уред за погон на ТНГ, метан или друг вид алтернативно гориво во постојните возила. Со Програмата се субвенцинираат 50 проценти од цената на трошоците за набавка и вградување на уредот, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност за возило и се предвидува да бидат опфатени над 1.200 возила на годишно ниво. Истовремено со овој предлог-закон се предвидува Програма за субвенционирање за купување нови возила со одјава на старо возило со цел да се зголеми увозот на нови возила во однос на половните и значително ќе се забрза обновата на возниот парк, што значително ќе влијае на намалувањето на загадувањето на амбиенталниот воздух. Во Македонија половина од возилата се дизел со просечна старост од 18 години Во Македонија има над 400 илјади регистрирани автомобили со просечна старост од 18,7 години. Од нив, над 80 отсто се постари од десет години, а речиси половина користат дизелски погон. Податоците од МАКСтат базата покажуваат дека просечната старост на патните моторни возила во Македонија е зголемена од 18,4 години во 2016 на 18,7 години во 2017 година, додека во истиот период и бројот на автомобили е зголемен за осум илјади од 395 илјади во 2016 на 403 илјади во 2017 година. Најголем дел автомобили 84,1 отсто се постари од десет години, што во однос на 2016 година е зголемување од околу два процента од 81,8 отсто. Вкупниот број автомобили до пет години изнесува десет илјади, или 2,5 проценти од вкупниот број возила и во 2016 и во 2017 година. Забележително е дека со растот на бројот на возила во Македонија и дозволениот увоз на половни се менува и процентот на застапеност на дизел-возила во однос на бензинските. Така, во 2012 година од вкупно 301 илјада автомобили на дизел биле помалку од една третина, или 92.799 автомобили. Таа бројка е во постојан раст, и во 2016 година во Македонија има вкупно 192.816 дизел-автомобили, што е речиси половина од вкупниот број автомобили и се изедначува со бројот на бензински возила, што изнесува 197.880 возила. Во истиот период, бројот на бензински автомобили е речиси стабилен, со тоа што има минимално зголемување на бројот на автомобили што користат бензин и гас, односно од 9.501 возило во 2012 година, на вкупно 11.445 возила во 2016 година. Бројот на електрични возила, иако незначителен, е намален во овој период, па така од 41 електрично возило во 2012 година, во 2016 година има 37 електрични возила во Македонија./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
ЕвропаЧешката влада сака да ја укине задолжителната претплата за јавниот сервис- новинарите најавија штрајк Во ретко ноќно гласање, чешката владејачка коалиција ги протурка промените во финансирањето на јавните медиуми во првото парламентарно читање, и покрај критиките дека тие би можеле да ја ослабнат независноста на јавниот радиодифузер.Популистичката влада на милијардерот премиер Андреј Бабиш, поддржана од крајно десничарската партија СПД, честопати го критикуваше известувањето на јавните и приватните медиуми за своите политики и ги обвинуваше одредени медиуми за пристрасност. Опозициските партии ги споредија предложените промени со реформите во Унгарија под поранешниот премиер Виктор Орбан, кој надгледуваше масовно проширување на прорежимските медиуми. Чешката влада сака да ја укине задолжителната претплата на јавниот сервис. Новинарите најавија штрајк. Владата вели дека ја укинува месечната претплата за домаќинствата од 205 круни (9 евра) со цел да ги намали трошоците за потрошувачите. Наместо тоа, финансирањето би се обезбедило директно од државниот буџет. Предлогот беше ставен на дневен ред во петокот надвор од планираниот работен распоред. Претседателот на парламентот Томио Окамура од СПД-аф ја ограничи дебатата и го закажа гласањето за сабота во 4:36 часот наутро. Владејачката коалиција потоа гласаше да го испрати законот до комисиите за понатамошна дискусија. Стотици демонстранти се собраа пред парламентот, а некои останаа таму цела ноќ. Локалните медиуми објавија дека неколку лица безуспешно се обиделе да влезат во зградата. Критичарите предупредуваат дека промените ќе го ослабат јавното радиодифузно емитување и ќе го направат ранлив на политички притисок. Чешката телевизија е најгледаниот радиодифузер во земјата меѓу сите главни возрасни групи, додека јавните медиуми се меѓу најдоверливите извори на вести во земјата - според анкетата на Институтот Ројтерс за 2025 година. Новинарите најавија штрајк Предлогот предвидува намалување на финансирањето на Чешката телевизија и Чешкото радио за околу 15 проценти, можеби веќе следната година, и задржување на номиналниот износ на финансирање непроменет неколку години. „Нема војна за независни медиуми“, рече Бабиш на Фејсбук доцна во петокот. „Нема борба за демократија, ниту се подготвува национализација на медиумите.“ Предлогот и неговото итно разгледување предизвикаа остри критики од јавната радиотелевизиска компанија, меѓународните новинарски здруженија и институциите што ги вклучуваат универзитетите и Католичката црква. „Предложениот закон е спротивен на Европскиот закон за слобода на медиумите (EMFA), кој бара соодветно, стабилно и предвидливо финансирање на јавните медиумски услуги“, изјави Европската федерација на новинари во соопштението. Новинарите и другите вработени во јавниот сектор најавија штрајк за 3 ноември, додека граѓанското здружение повика на протест во недела.Тагови: новинарите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаТрагедија во Истанбул: Жена отишла на липосукција во луксузна болница, не се разбудила по операцијатаТугба Онур (46) почина вчера околу 16 часот за време на липосукција (отстранување на маснотии) во приватна болница во населбата Зејтинбурну во Истанбул. По добивањето на трагичната вест, Мурат Онур тврдеше дека неговата сопруга починала како резултат на погрешна интервенција за време на операцијата. Се дознава дека болничките службеници не сакале да даваат никакви изјави во врска со случајот, објави Хуријет. Мурат Онур (46) опиша што се случило и нагласи дека неговата сопруга немала здравствени проблеми пред операцијата, и дека лекарот во болницата дури и не ја посетил пред процедурата. „Пристигнавме во болницата во 08:30 часот наутро. Чекавме до 15:30 часот. Кога пристигна докторот, мојата сопруга беше внесена во операционата сала. Докторот дури и не ја видел пред операцијата. По околу еден час, тој дојде до мене и рече дека мојата сопруга имала срцев удар и дека не можеле да ја реанимираат. Моментално нема никој од администрацијата на болницата или од лекарите. Болницата е отворена, но немаме со кого да разговараме. Ни кажаа дека анестезиологот не е во болницата, дека си отишол дома. Како може анестезиолог да ја напушти болницата за време на процедура што се изведува под општа анестезија? Кој ќе биде одговорен за ова? Дознавме дека слични инциденти се случиле во оваа болница и претходно. Претходно немавме сознанија за ова. Мојата сопруга работеше како негувателка во домот за стари лица „Дарулаџазе“. Само една недела претходно, таа беше подложена на општи систематски прегледи во таа институција. Немаше хронични заболувања“, рече Онур.Тагови: Истанбул липосукција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд идеја до акција: ЗНАМ гради нова генерација млади лидери, вториот младински камп започна на ПелистерНа Пелистер денес започна вториот младински камп на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, посветен на едукацијата, развојот на лидерските вештини и активното вклучување на младите во политичкиот живот. Кампот претставува можност младите од различни општински организации да разменат искуства, да ги прошират своите знаења и да разговараат за улогата што ја имаат во развојот на ЗНАМ и иднината на Македонија. Овогодинешниот камп е продолжение на иницијативата започната минатата година во Струга, кога младите ја потпишаа иницијативата за формирање на Клубот на млади. Она што тогаш беше поставено како заедничка идеја, утре ќе добие конкретна институционална форма во рамките на Движењето ЗНАМ, со одржувањето на Првата изборна конференција на Клубот на млади. Првиот ден од кампот е посветена на теми од непосредно значење за младите кои сакаат активно да се вклучат во политиката. Преку две тематски предавања, учесниците разговараа за градењето и развојот на политичкиот подмладок, мобилизацијата и работата на терен, младинското лидерство и начините за поефикасно политичко организирање. Првата изборна конференција на Клубот на млади, која ќе се одржи утре во рамките на кампот, е предвидена со Акцискиот план на Движењето за 2026 година. Со неа се заокружува досегашната иницијатива и се отвора можност за понатамошен развој на младинската структура, преку која младите ќе можат поактивно да се вклучат во работата на ЗНАМ. ЗНАМ ја потврдува важноста на континуираната едукација и личниот развој на младите луѓе кои се подготвени да преземат одговорност. Политичкото учество подразбира знаење, посветеност и конкретна работа, а токму тие вредности се во фокусот на активностите што ги обединуваат младите на Пелистер. Вториот младински камп на ЗНАМ испраќа јасна порака: младите не се само иднината на Македонија, тие се гласот, енергијата и двигателот на промените што се случуваат денес. Центар за комуникации и аналитикаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook