Само бод за Вардар против Елверум - Канал 5

Само бод за Вардар против Елверум

Кај Вардар добро одиграа Гаџа со 8 гола и Чупиќ со 6, а на голот извонреден беше младиот Кизиќ.

Само бод за Вардар  против Елверум

Ракометарите на Вардар одиграа нерешено 34-34 со Елверум во заостанатиот натпревар од вториот круг во Лигата на шампионите. за македонскиот првак тоа беше само четврти бод од девет одиграни натпревари сезонава што небеше доволно да се одлепи од дното на табелата во А групата.

Норвежаните кои имаат натпревар повеке стигнаа до пет бода и останаа едно место над Вардар. двата тима повторно ке се сретнат веке в среда исто така во скопје во меч од 13-от круг кога формално домакин ке биде норвешкиот првак.

Кај Вардар добро одиграа Гаџа со 8 гола и Чупиќ со 6, а на голот извонреден беше младиот Кизиќ.

Без оглед на пласманот во групата на крајот Вардар ке игра осминафинале по одлуката на ЕХФ да им даде шанса на сите во периодото на пандемија, само е прашање против кој противник. доколку Вардар неуспее да се одлепи од последното место ке игра против Барселона.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Нова провокација од „мајсторите за скандал“, Бјанка и Канје Вест

Бјанка во танга и длабоко деколте мозле крава, во новиот спот на нејзиниот контроверзен сопруг Канје Вест .

Видео: Нова провокација од „мајсторите за скандал“, Бјанка и Канје Вест

Тој на полева со млеко

Контроверзниот пар повторно но сега најверојатно најжестоко ја возбуди јавноста со овој проект, претставувајќи го како пример за креативна иновација, додека бројни критичари го оценуваат како обична провокација без уметничка вредност. Кој е во право?

Музичкото видео за песната „Gemini Season“ на Канје Вест премиерно прикажано на неговиот 49-ти роденден, предизвика хаос на социјалните мрежи.

Главната актерка во спотот е нормално Бјанка Цензори која ја потпишува и режијата.

Во една од првите сцени, Бајнка се појавува во провокативен костим додека молзи крава, а потоа ѝ се придружува Канје Вест, на кого му подава сад со млеко. После тоа, контроверзниот рапер и дизајнер истура млеко врз својата сопруга, продолжувајќи низа провокативни сцени по кои овој пар веќе стана препознатлив.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Балкански музички плоштад во Охрид

Синоќа во просториите на Аудиокултура во Скопје беше отворенo 15-то издание на интернационалниот музички фестивал Балкански Музички Плоштад (Balkan Music Square) со настап на џез триото “Трицкл“ .

Балкански музички плоштад во Охрид

Синоќа во просториите на Аудиокултура во Скопје беше отворенo 15-то издание на интернационалниот музички фестивал Балкански Музички Плоштад (Balkan Music Square) со настап на џез триото “Трицкл“ составено од студенти и дипломци на џез академијата “Гоце Делчев“ од Штип.

Фестивалот продолжува во Охрид со следните две фестивалски вечери. На 20-ти Јуни настапуваат: Елена Христова од Баклава, а потоа групата ВИС Билјана од Охрид.

Фестивалот го затвара на 21-ви Јуни популарниот македонски гитаристи и композитор Владимир Четкар со својот бенд.

Двете фестивалски вечери ќе се одржат во Центарот за култура Григор Прличев со почеток во 20 ч, а влезот е слободен.

И оваа година фестивалот се одржува во чест на Денот на Охридското езеро 21-ви Јуни, а еколошка порака гласи: “Езерото не е контејнер, чувај го чисто!“.

Организатор на Фестивалот Балкански Музички Плоштад е продуцентската куќа “Трето Уво“, а истиот е поддржан од Министерството за Култура и туризам на Македонија и Општина Охрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аргентинец потпиша за Тотенхем

 Поранешниот аргентински играч на Борнмут, Маркос Сенеси, е ново засилување за Тотенхем, објави лондонскиот клуб.

Аргентинец потпиша за Тотенхем

Во соопштението се наведува дека Сенеси ќе се приклучи на Тотенхем на 1 јули, бидејќи договорот на аргентинскиот фудбалер со Борнмут истекува на 30 јуни.

„Многу е посебно чувство да се биде играч на Тотенхем. Сакам да освојувам титули со Тотенхем и ќе направам сè што можам за да го остварам тоа“, рече Сенеси, објави официјалната веб-страница на Тотенхем.

Сенеси (29) пристигна во Борнмут во 2022 година, а пред тоа играше за Феенорд и Сан Лоренцо. Одигра три натпревари за аргентинската репрезентација, но не беше вклучен во конечниот список на фудбалери на „гаучосите“ за Светското првенство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер