Само 28 отсто од жените се јавуваат на скрининг за гинеколошки карциноми - Канал 5

Само 28 отсто од жените се јавуваат на скрининг за гинеколошки карциноми

Недостига здравствена култура и во урбаните центри

Само 28 отсто од жените се јавуваат на скрининг за гинеколошки карциноми

Во реалноста постојат гинеколошки скрининг програми што одамна се етаблирани на хартија, но опфатот на пациентките со нив е многу мал, односно само 28 отсто од жените се јавиле на превентивните прегледи. Одѕивот е минимален во руралните средини, но и во најурбаните центри недостига здравствена едукација и култура, истакнуваат од Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари.

По повод Светскиот ден на свесноста за гинеколошките карциноми вечерва Асоцијацијата ќе организира јавна дебата за подигање на јавната свест за неопходноста од редовни прегледи.

- Дебатата е на тема како да се премостат предизвиците во дијагнозата и лекувањето на гинеколошките карциноми, каде сме сега и каде се движиме. Целта е да ги споиме сите институции кои се релевантни во однос на она што се случува со превенцијата, раното откривање и терапијата на гинеколошките карциноми. Ќе бидат присутни претставници од Министерствотот за здравство, Фондот за здравствено осигурување, од Мој термин кој се вклучува со платформата скрининг.мк, потоа експерти од гинеколошка онкологија, од Клиниката за онкологија и претставници од граѓански здруженија, истакна Глигор Тофоски, претседател на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО).

Според честотата, односно инциденцата, кај нас најчести се ракот на грлото на матката, на ендометриумот, односно на внатрешната лигавица и ракот на јајникот. Беше нагласено дека освен подигањето на свеста, неопходно е да има и организиран скрининг со голема покриеност на женската популација.

-Од 2015 година се менуваат протоколите како се изведува скринингот, а има насоки и од Светската здравствена органзиација, дека треба да се премине од Папаниколау брисот на ХПВ тест како примарен скрининг. Тој е со поголем кост бенефит и е многу сензитивен, а е во блиска специфичност со Папаниколау, за кој има научни трудови што го означуват дека е трагедија, а некогаш бил триумф, истакна Горан Димитров, претседател на Здружението за цервикална патологија и колпоскопија и на Македонското лекарско друштво.

Од Здружението за помош и поддршка на пациенти со гинеколошки заболувања Фемина-М истакнаа дека според смртноста, ракот на грлото на матката е четвртиот предизвикувач во однос на сите други карциноми, поради што неопходно е да се подига јавната свест за превентивни лекарски прегледи.

Јавната дебата што ја организира Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари ќе се одржи денеска од 18 часот, во просториите на Општина Центар – старо матично.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Анима Мунди: Сакаме во Еу, а толерираме суровост кон животните- во ЕУ за ова се оди во затвор!

Замислете го човекот кој во преплашено живо суштество, врзано и изложено на страдање, страв и болка, не гледа апсолутно никаков проблем! 

Анима Мунди: Сакаме во Еу, а толерираме суровост кон животните- во ЕУ за ова се оди во затвор!

Коза на покривот на возило, додека тоа се движи, принудена да се бори за рамнотежа и да се обидува да се исправи. Ова е одвратна суровост без оправдување, крајно непочитување на животот и целосно отсуство на совест, емпатија и одговорност!

Со што сме опкружени кога некој може толку бесчувствително да постапува со живо суштество? И ако ваквото однесување помине без последици, каква порака испраќаме?

Еве го возилото. Јавно ја објавуваме регистрацијата благодарение на хуман и одговорен човек кој го забележал и снимил ова постапување. И не, ова не смее да заврши со згрозување на јавноста и уште еден случај што ќе биде заборавен.

Сакаме во Европската Унија? Тогаш европските стандарди за заштита на животните мора да важат и кај нас не само на хартија! За вакво постапување мора да има сериозна правна одговорност, вклучително и затворска казна доколку се утврдат законските услови.

Министре за внатрешни работи, Панче Тошковски, директоре на АХВ, Јовица Андовски - бараме итно постапување, целосно утврдување на одговорноста и примена на најстрогите санкции предвидени со закон!

БАРАМЕ МВР И АХВ ВЕДНАШ ДА ПОСТАПАТ!

Бараме козата веднаш да биде одземена и спасена, да ѝ се обезбедат ветеринарен преглед и сигурно згрижување, а против одговорното лице да се поведе соодветна постапка.

Ова е и директна опасност за безбедноста во сообраќајот. Не е загрозено само животното, туку и сите учесници во сообраќајот.

Бараме итно дејствување, спас за козата и вистинска казна за сторителот. Институциите се на потег!, соопштуваат од Анима Мунди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поради барања за паузи, закажаните опозициските прашања во Собрание за првпат не се одржаа

Кавги, дофрлања, навреди, аплаузи и бројни процедурални забелешки – хаотична седница во Собранието откако спикерот Гаши констатираше дека опозициските пратенички прашања нема да се одржат.

Поради барања за паузи, закажаните опозициските прашања во Собрание за првпат не се одржаа

Неговата одлука следи по двете побарани едночасовни паузи, со што според него било потрошено предвиденото време за поставување на прашања.

Повикувајќи се на деловникот, Гаши рече дека времето почнало да тече откако е усвоен дневниот ред, а според опозициските партии тој со свое толкување ја саботирал седницата.

За да се смират тензиите Гаши свика вонредна координација. Ова е прв случај да не се одржат опозициските прашања откако се воведени со новиот Деловник на Собранието.

На почеток првата пауза ја побараа од ДУИ бидејќи министрите за кои имале прашања не биле присутни во салата, а втората пауза ја побараа од ЗНАМ со образложение дека, со барањата за паузи опозицијата досега не покажала интерес за прашања до премиерот и министрите.

Според претседателот на Собранието, денеска сите министри се одзвале на поканата, освен тие кои се на службени патувања.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноски: СДСМ одбива да свика продолжение на надзорната расправа за Алта банка.

Денеска сакам да ве известам за две работи.

Стојаноски: СДСМ одбива да свика продолжение на надзорната расправа за Алта банка.

Прво, СДСМ одбива да свика продолжение на надзорната расправа за Алта банка.

По вчерашното фијаско кое самите си го приредија, денеска нè известија дека немаат намера да свикаат продолжение.

Ние, како пратеничка група од мнозинството, бараме итно и неодложно, утре да биде свикано продолжението на надзорната расправа, со цел да продолжи испрашувањето на сведоците, за да можеме конечно вистината да ја расветлиме.

Тоа што тие го правеа изминативе денови, со фабрикувани лаги во јавноста, кои вчера им се распрскаа, повторно укажуваме дека сакаме да се свика и да се продолжи надзорната расправа, за да продолжиме дополнително со разјаснувањето на фактите кои исклучително ја прикажуваат вистината.

Во текот на денот, една третина од членовите на Комисијата за финансирање и буџет, писмено ќе се обратиме до претседателката Сања Лукаревска, со цел, повторно ќе кажам, итно и неодложно, утре да ја продолжи надзорната расправа, со цел усвојување на заклучоци.

Сè друго е бегање од вистината, бидејќи, како што кажав претходно, беа вчера соочени со истата и сите можевте да видите како заврши.

Втората работа е дека опозицијата, особено СДСМ, прави сè што може за да го спречи поставувањето на опозициските пратенички прашања.

Самите си бараат пауза, заради тоа што не сакаат да прашуваат, бидејќи не е во нивен интерес да се знае вистината.

Видовме дека има неколку пратеници пријавени. Сите оние за кои тие сметале дека треба да дојдат и да одговорат на нивните прашања, беа во Собранието.

Но, по сè изгледа, по тоа што се случи вчера, не сакаат јавноста да ги знае одговорите за Алта банка, но и за сите други случувања.

Овие два преседани сметам дека се невидени.

Ако нешто започнеме, треба да го завршиме и ние ќе направиме сè како мнозинство.

Прво, надзорната расправа да заврши и да се усвојат заклучоци, бидејќи тоа им го должиме на граѓаните.

А второ, кога ќе се свика седница за опозициски прашања, тие кои бараат да дојдат оние функционери на кои сметаат дека треба да им ги постават прашањата, треба да дозволат одржување на таква седница, рече Бојан Стојаноски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер