Само 22 проценти од заразените Британци имале симптоми на денот на тестирањето од Ковид-19 - Канал 5

Само 22 проценти од заразените Британци имале симптоми на денот на тестирањето од Ковид-19

Само 22% од луѓето во Велика Британија кои се тестирале позитивно за коронавирус имале симптоми на денот на спроведувањето на тестот, соопшти британскиот завод за статистика.

Само 22 проценти од заразените Британци имале симптоми на денот на тестирањето од Ковид-19

Ова укажува на важноста на проблемот на луѓето кои не се свесни дека го носат вирусот и го шират наоколу, пишува Би-Би-Си.

Анализата на статистиката покажа дека здравствените работници и оние во системот за социјална заштита кои се тестираат, најверојатно, се позитивни на вирусот. Статистичките податоци покажуваат дека имало 59.000 повеќе смртни случаи во Британија од март до јуни годинава од просекот во претходните пет години. Според официјалните британски податоци, вкупно нешто повеќе од 44,000 луѓе починале од Ковид-19.

Статистичките податоци сугерираат некои модели како што се оние кои имаат директен контакт со други во својата работа и кои не работат од дома, со поголема веројатност да тестираат позитивно на коронавирусот.

Исто така, постојат некои докази дека луѓето кои живеат во поголеми семејства поверојатно ќе бидат позитивни на коронавирус во споредба со домаќинствата со помалку членови.

Иако мажите се статистички со поголема веројатност да починат од коронавирус, студијата не покажала дека има поголема веројатност да се заразат.

Опасноста од пренесувањето на вирусот преку асимптоматски носители веќе е предупредувано од Светската здравствена организација и научните советници на британската влада, но не се знае кој е ризикот од вакво пренесување. Статистичката студија покажа дека 78 проценти од позитивите на коронавирус кои немаат симптоми на денот на тестирањето, биле асимптоматски пациенти кои никогаш не развиле симптоми.

Во однос на вкупниот број испитаници вклучени во истражувањето, 33% имале симптоми на денот на тестирањето, а остатокот ги развиле после тоа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МНРиТ: Со внимание ја следиме актуелната состојба со пожарите во Грција

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со внимание ја следи актуелната состојба со пожарите во Грција, преку своето дипломатско-конзуларно претставништво во Солун и во комуникација со надлежните грчки институции.

МНРиТ: Со внимание ја следиме актуелната состојба со пожарите во Грција

Апелираме до нашите државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса [email protected], како и на дежурните телефонски броеви на Конзулатот на Република Македонија во Солун: +30 694 526 8068 и +389 71 323 001.

Воедно, ги потсетуваме македонските државјани кои се наоѓаат во засегнатите подрачја внимателно да ја следат состојбата и да ги почитуваат упатствата и насоките на надлежните локални власти.

МНРиТ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никол Кидман за нејзиниот брак со Том Круз: „Бев млада, се заљубивме лудо“

Актерката Никол Кидман се осврна на својот брак со Том Круз и нагласи дека врската била сосема природен дел од нејзиниот живот.

Никол Кидман за нејзиниот брак со Том Круз: „Бев млада, се заљубивме лудо“

Иако рано влегла во светот на славата, таа вели дека нејзината врска со една од најголемите ѕвезди на ерата ѝ изгледала нормална, пишува британскиот Вог.

Брак на 22 години

Кидман објасни дека се чувствува удобно на настани како што се модни ревии и на црвени теписи бидејќи многу рано била потопена во тој свет. „Мора да размислите за кого се омажив толку млада. Бев турната во тој свет на 22 години. Бев навистина млада“, рече таа.

За нејзиниот брак со Круз, таа додаде: „Одеднаш, на 23 години, имав сопруг кој беше светски позната филмска ѕвезда. Ми се чинеше сосема природно. Едноставно се заљубивме лудо и сè беше многу едноставно“.

Кариера и љубов

Актерката изјави дека многу луѓе биле против нивната врска во тоа време, загрижени за нејзината кариера. „Се сеќавам дека луѓето ми кажуваа како тоа ќе влијае на мојата кариера. Реков дека не ми е гајле бидејќи бев заљубена и сакав да се омажам“, рече таа.

Деценија брак и развод

Кидман и Круз се запознаа во 1990 година на снимањето на филмот „Days of Thunder“. Тие беа во брак повеќе од десет години, а официјално се разведоа во август 2001 година. Кидман подоцна зборуваше за овој период во интервју за „Vanity Fair“.

„Имав многу време за себе, што беше добро бидејќи бев практично дете кога се омажив. Требаше да пораснам“, рече таа во тоа време.

Нов живот и поглед назад

Во 2006 година, таа се омажи за пејачот Кит Урбан. Двојката го објави својот развод во 2025 година по 19 години брак, а заедно ги имаат ќерките Сандеј Роуз и Фејт Маргарет. Во претходно интервју за „New York Magazine“, Кидман објасни зошто не сакаше да зборува за нејзиниот брак со Круз.

„Секогаш не сакав да зборувам за тоа како се омажив за Том Круз на 22 години. Сега сум во брак со маж кој е моја голема љубов и чувствувам дека тоа би било непочитување кон него“, рече таа, додавајќи дека бракот ја заштитил од негативни искуства во индустријата. „Се омажив од љубов, но тоа што се омажив за исклучително моќен маж ме заштити од сексуално вознемирување. Работев, но во исто време бев многу заштитена, како во кожурец“, заклучи таа.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Инспиративна приказна од Германија: Млад брачен пар од струмичко со сопствена служба за медицинска нега

Од Германија пристигнува една исклучително позитивна и инспиративна приказна за двајца млади Македонци кои докажуваат дека дури и далеку од дома со труд, желба и истрајност, соништата се остваруваат.

Инспиративна приказна од Германија: Млад брачен пар од струмичко со сопствена служба за медицинска нега

Кире и Цветанка Коцеви, родени во 2002 година во струмичкото село Ангелци, веќе 7 години живеат и работат во Германија. Иако млади, преку сопствената посветеност и напорна работа, тие успеале да постигнат голем деловен успех: отворање на сопствена служба за амбулантна нега.

Нивната компанија обезбедува професионални медицински и хигиенски услуги за пациенти во нивните домови.

„ За нас ова е голем успех и убаво е да за ова нешто да дознае јавноста, за да може да мотивираме повеќе народ да не се откажуваат од нивните сонови. Затоа што ние лично сме во туѓа земја ама сепак достигнавме нешто убаво ипозитивно, тоа е добро да се слушне за мекдонскиот народ, а не само негативни вести за Македонија“, порачуваат Кире и Цветанка

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер