31 година од атентатот врз Глигоров- останува мистеријата околу овој сложен политичко безбедносен случај
231 година од атентатот врз Глигоров- останува мистеријата околу овој сложен политичко безбедносен случај
3Државен пречек на посмртните останки на Цар Самоил во Софија, примопредавање беше извршено во Византискиот музеј во Солун
МакедонијаСамо 167 скопски Евреи преживеале: Како трескавично бил разграбуван имотот на депортираните скопски Евреи22 септември 1942 година. Македонија е окупирана. Бугарскиот Комесаријат за еврејски прашања со наредба од тој ден, за комесар за еврејски прашања во Скопје го назначил Иван Захариев, кој истовремено бил поставен и за помошник-кмет .22 септември 1942 година. Македонија е окупирана. Бугарскиот Комесаријат за еврејски прашања со наредба од тој ден, за комесар за еврејски прашања во Скопје го назначил Иван Захариев, кој истовремено бил поставен и за помошник-кмет на скопската општина, значи му помагал на кметот Спиро Китинчев, заедно со другите четворица помошници како, на пример, Кирил Жерновски, на пример. Се разбира, сите во општината бездруго добро знаеле што работи Иван Захариев. Штом дошол во Скопје, на 24 септември 1942 година, ги известил вработените во општината дека во иднина тој лично ќе решава за сé што е во врска со Евреите на територијата на Скопската еврејска општина. Со тоа Захариев станал страв и трепет за Евреите во Скопје. Истиот Захариев, во јануари 1943 година, значи само два месеца пред да ја реализира акцијата за собирање на Евреите во монополот и депортирање во Треблинка, издава наредба со која меѓудругото на сите Евреи во Скопје им забранува да посетуваат ресторани, слаткарници, кафеани, млекарници, да одат во кино, на игранки, во театар, па дури и да се шетаат во Градскиот парк и да се движат по главните улици. Со оваа монструозна наредба на сите Евреи им било забрането да се кријат во јавните скривници при воздушни тревоги, што значи дека им било наредено да останат како жива мета на бришан простор. Според сеќавањата на Жамила Колономос, македонска револуционерка и првоборец, професорка по француска филологија, општественик, писател и публицист, автор на прилози, мемоари и документи за минатото на Евреите во Македонија, посебно во Втората светска војна и НОБ, која почина на 91-годишна вораст, бугарската влада ревносно ги следела фашистичките режими во Европа, односно нивното законодавство и пропаганда. Притоа од писмото на Скопската еврејска општина до еврејската општина во Битола, испратено на 24 мај 1942 година, може да се види дека во Скопје сите еврејски дуќани биле ликвидирани уште на 28 февруари 1942 година: „Сопствениците на дуќаните беа предупредувани од контролорите на Бугарската народна банка средствата добиени од ликвидицијата да се уплатат во банката. Постојат повеќе документи за конфискација на дуќани и продавници на лица од еврејско потекло во полза на државата, а Министерството за внатрешни работи и народно здравје ги обврзува сите лица од еврејско потекло да носат посебен знак, односно значка, шестокрака ѕвезда со изразито жолта боја, закачена на левата страна од облеката. Значки не носеа само децата под 10 годишна возраст.“ Во меѓувреме бугарскиот режим подготвил и списоци за транспорт на Евреите од Скопје. Според списокот, околу 5000 лица требало да бидат натоварени во пет воза на Железничката станица во Скопје. Пред буквално да бидат натрупани во вагоните, скопските Евреи биле донесени во собирен логор, односно во логорски приспособените згради на Скопскиот монопол, кои биле близу до Железничката станица. По завршувањето на подготовките, ноќта меѓу 10 и 11 март 1943 година, градот бил блокиран, а еврејските населби опколени со бугарска војска и полиција. Во раните утрински часови на 11 март почнало собирањето на Евреите. По куќите, од број на број, оделе по неколку вооружени полицајци, агенти и војници. Ги скоривале сите со ред, ги туркале надвор и ги товарале во камиони или шпедитерски коли. Во мугрите се слушале само наредбите на полицајците кои гласно извикувале истераните од своите куќи да го земат со себе накитот и парите, зашто ќе им требаат, ќе ги носат за Бугарија. Во тој метеж веќе се случувал и грабеж. Додека извлекувале луѓето од нивните сопствени куќи, полицајците и агентите прибирале се што им се допаѓало, а грабежот продолжил се до доаѓањето во монополот, но и откако сопствениците ги затвориле во логорот. Според сведочењето на неколкумината преживеани од Скопскиот монопол, службените лица им одзеле речиси се – пари, прстени, часовници, лекови, сапуни, ќебиња, мантили... Табли кои се ставале на еврејските куќи (горе) и табли кои го забранувале влезот на Евреите (долу). Експонат од Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје Во грабежот учествувале не само стражарите туку и агентите кои постојано се моткале околу затворените, иако Министерскиот совет на бугарската влада на 2 март 1943 година, значи десеттина дена претходно, донел одлука со која сите „подвижни и неподвижни имоти на лицата од еврејско потекло се отуѓуваат во корист на државата“. Два дена по собирањето на скопските Евреи во монополот, значи на 13 март 1943 година, Комесарството за еврејски прашања во Софија издало наредба за „ликвидација на имотите на лица од еврејско потекло“. Веднаш потоа скопскиот комесар за еврејски прашања, Иван Захариев, упатува циркуларно писмо до сите заинтересирани установи дека имотите ќе се продаваат за левови според проценка на Комисија. Веднаш потоа скопскиот обласен директор Димитар Раев именува комисија во состав Иван Захариев, делегат на Комесаријатот за еврејски прашања, Симеон Касов, областен началник за посебен данок, и Христо Зографов, директор на Првата машка гимназија во Скопје, кој бил задолжен за распоредување на предметите и покуќнината за потребните на државните и општинските установи. Од документацијата се гледа дека голем број организации, установи, училишта, културно-научни институции побарале разни работи од покуќнината на депортираните Евреи, што значи дека, додека Евреите се уште биле во Скопскиот монопол без храна и без вода, ограбени и измалтретирани до крајни граници, некои скопјани, односно општинската управа веќе организирала распродажба на еврејскиот имот. Во првата фаза на „отуѓување на имотот во корист на државата“ конкурираат голем број институциите, без никаква почит кон мртвите и депортираните. Во тој списокот меѓу другите се Скопската обласна дирекција, Полициската управа во Гевгелија, Штабот на една самостојна коњичка бригада, Скопскиот универзитет - Државната народна библиотека, Општинската управа во Царево Село, манастирот „Свети Пантелејмон“ кај Кочани, Околиското агрономство во Скопје, весникот „Бугарско дело“ од Битола, Лозовиот расадник во Сарај, Природно-научниот музеј во Скопје, Читалиштето во Велес, Народниот театар во Скопје, Тенискиот клуб во Скопје, Бугарскиот народен сојуз за фискултура, Просветно-музичкото друштво, Скопското женско училишта „Екатерина Симитчиева“, училиштето „Кнез Симеон Трновски“, Основното училиште „Отец Паисиј“ од Скопје, и многу други. Бараните предмети, делови од покуќнина и слично, биле доделени без или со паричен надомест, според проценките на посебната комисија. Од некои институции биле во неколку наврати побарувани разни работи, најчесто делови од мебел и слично. Во секој случај, за многу кратко време буквално бил разграбен голем дел од подвижниот имот на скопските Евреи, имот што го создавале со генерации. Притоа треба да се знае дека најдобрите и најскапоцени „парчиња“ претходно веќе ги однеле токму службениците, чуварите, полицајците, агентите и членовите на комисиите, транспортирајќи ги веднаш надвор од Македонија. Како се одвивала распродажбата на она што останало? Како се одвивала распродажбата, односно грабежот на еврејскиот имот? Пред почетокот на лицитацијата на покуќнината во одредена улица со точно определени куќи, Комисијата најпрво вршела избор на предметите што ги побарувале разните државни и општински установи, селектирајќи ги предметите набележани во упатството на делегатот на Комесарството за еврејски прашања. Ваквите предмети биле под директна ингеренција на Захариев. Остатокот бил продаван на лицитација, а наддавањето им било дозволено само на лица од бугарско потекло. Откако ќе се распродадело се што има во куќата, клучевите му се предавале на Иван Захариев, и тој располагал со куќата додека државата не ја продадела или подарела на некоја установа. Во меѓувреме, пред да почне лицитацијата, специјални комисии формирани од Захариев оделе од куќа во куќа и ја собирале преостаната храна. Спроведувајќи претходно грабеж за своја душа, јавно објавената продажба била вршена по многу ниски цени. Сите поубави и повредни работи претходно биле сортирани во Скопската синагога за да им бидат отстапени како подароци на заслужни приватни лица, или едноставно украдени од полицајците и агентите. Станува збор за ретки скапоцености и уникатни предмети, меѓу кои имало и цели спални соби, сребрени и златни сервиси, странски душеци и завеси, јоргани, клавири, килими и слично. Во документацијата што останала зачувана во архивите во врска со „сортирањето на имотот“ не биле селектирани само златните и сребрените сервиси, туку и стилските шифоњери, отомани, наткасните со ноќни ламби, огледалата, уникатните гитари, скапоцените клавири и виолини, машините за пишување со латинични букви, стилските фотелји и многу други работи. Голем дел од овој имот бил однесен во станови на угледни скопски семејства или во некои од установите во градот. Дека ваквиот морбидан грабеж бил сфаќан како нормална работа, сведочи и еден документ од 24 април 1943 година, писмо од Германското училиште во Скопје кое побарало спална и три отомани, две библиотеки, две печки, еден клавир, еден фрижидер и три килими. Сите предмети што ги барале им биле дадени, односно постои документ од примопредавањето. Зошто на училиштето му била потребна спална соба, може само да се нагодува. Згора на тоа, истото училиште неколку дена подоцна побарало уште 36 други предмети, и пак ги добило сите, а во август, кога најголем дел од скопските Евреи најверојатно веќе биле ликвидирани во Треблинка и другите логори, повторно барало разна покуќнина, па комисијата во состав Миле Попов, Миле Серафимов и Тихомир Христов донела одлука на училишетото да му се додели и еден трикрилен орман, два креденца, два кауча, три пара прекривки, четири предиња, пет салфети, една крпа, една маса, два душека, десет перници, три свилени јоргани, три јоргански чаршафи, една комплет спална со трикрилен орман, два кревета, две наткасни и еден тоалет од ореово дрво, четири прекривки за маса, два штофа за женски фустани и друго. Во грабежот на еврејскиот подвижен имот, во општата пљачка, учеставувале и разни персони кои оперирале во градот, а кои ги кршеле дури и печатите на еврејските станови и ги ограбувале пред комисијата да направи увид и попис на предметгите. Сепак најмногу кражби вршеле полицајците и агентите, кои ноќе провалувале во куќите и ги ограбувале. Бугарскиот полициски началник украл 30 костуми од еврејските куќи и дуќани!? Во градот „оперирале“ и разни други службеници, членови на комисии, чувари, ликвидатори и други. Постојат документи дека некој си Славчо Стоилов бил казнет од својата полициска управа со една четвртина од својата плата и враќање на украдените работи - печка, пружина, две наткасни, три чаршафи, три перници и едно ѕидно огледало. Агентот Илија Неделков, по војната, на распитот пред македонските истражни органи ја дал следнава изјава: „Во текот на месец март 1943 година се случи иселувањето на Евреите од Скопје. Тогаш сите агенти земавме од Евреите кој што може и како може. Лично јас зедов за себе едно пенкало, три вратоврски, две кошули и еден костум. Знам дека Ѓорѓи Цонов и Анто Антонов, еден ден пред да бидат транспортирани Евреите од Скопје, влегле во една еврејска куќа кај дрвеното мовче, направиле претрес и зеле многу злато. Тоа го чув лично од нив. Агентот Тодор Ташев зел мебел. Емил Михајлов зел спална и дневна соба, комплет, а Јордан Џогенски, началник на криминалната служба, си соши над 30 костуми со материјал што го собрал од еврејските куќи и дуќани. Борис Ѓулгеров пред мене расправаше дека зел едно ќесе со 30-40 жолтици, но му ги дал на началникот Цанков, а после се каеше што не ги задржал за себе. Иван Захариев, комесарот по еврејски прашања, со камиони праќаше најскапоцени предмети и покуќнина за Бугарија, на својата адреса, во неговиот град. Никола Кодов, началник на административната служба при Скопското обласно управление, зел од Евреите по разни основи над шест милиони лева. Истиот овој началник, „хумано“, за пари, се разбира, им го олесни префрлувањетои на некои Евреи во Албанија. Се зборуваше дека и самиот областен полициски началник Стафан Стефанов земал пари за лажни пасоши со кои Евреите преку Албанија во Италија. Земаше големо мито за тоа.“ По општиот грабеж што го вршел кој ќе стигне, дел од предметите што останале требало да се дадат на лицатација. Затоа во мај и јуни 1943 година во скопскиот фашистички весник „Целокупна Б’лгарија“ со денови излегувале огласи со кои се информирале граѓаните за јавната лицитација на еврејскиот имот преостанат во куќите и во магацините. Според огласот предмет на продажба се спални, столови, трпезарии, машини за шиење, всушност само она што останало по грабежот од страна на власта, функционерите, агентите и полицајците. Поради кражбите со лицитациите не можела да се собере сумата што се очекувала. Имено, од еврејскиот подвижен имот во Скопје се очекувале околу 50 милиони лева, а се собрале само 12.070.960 лева, значи само околу една петтина од предвидената сума. Сето друго отишло низ каналите на општиниот гребеж што го извршиле оние што имале пристап до куќите на скопските Евреи во таканаречените еврејски маала во градот. Сепак, се разбира, и покрај се, најтрагично секако е тоа што од околу петте илјади скопски Евреи, на крајот успеале да се спасат само 167 лица, дел ослободени како странски државјани, неколкумина како лекари и двајца што успеале да побегнат од скопскиот монопол. Според Арон Асса, истакнат израелски општественик, кој по војната се преселил во Израел, грабежот на испразнетите еврејски имоти во Скопје почнал само неколку дена по собирањето на Евреите во Скопскиот монопол, за чија адаптација биле потрошени околу еден милиони и 300.000 лева: „На 9 април 1943 година, обласниот директор Димитар Раев издаде наредба за распродажба на еврејскиот имот во Скопската област. Специјални комисии составени од претставници на општинската управа, полицијата, даночната управа и комесарството за снабдување ги отклучуваа празните куќи и го изнесуваа мебелот, облеката, покуќнината, храната и скапоценостите. Во Скопје работеа четири ликвидациони комисии. Изнесените предмети, оние што беа останати по масовното разграбување од самата власт, беа распродадени по пазарите речиси за џабе. Додека Евреите умираат во логорите, бугарската власт и одредени поединци ги пополнуваа со нивната покуќнина своите институции или воени едници. Влечеа со воени камиони мебел, прибор за јадење и други предмети. Не само грабежот туку и на официјалното ’распродавање’ на еврејскиот имот во Скопје на јавна лицитација, исто така, само по себе, е срамен чин за самата бугарсска држава. Притоа најубавите и највредни предмети претходно беа одбирани од одговорни лица, кои ги присвојуваа под форма на фиктивни ’купувачи’ за ништожна цена. Цели складови беа разбивани, ограбувани и палнеи за да не се пронајде трага. Долго време потоа разни околиски управници или полициски агенти на црната берза ги распродаваа ограбените еврејски предмети.“ Само подвижниот имот на Евреите депортирани од Скопје се проценува на повеќе од 13 милиони долари! Фашистичлкиот Закон за заштита на нацијата наложувал секој Евреин да пополни специјална декларација која содржела недвижен имот, бугарски пари и чeкови, странски банкноти и чeкови, сметки во бугарски банки, сметки во странски банки, златни монeти во ситe видови, злато во зрно и друго злато, часовници, табакeри, бразлeтни, брошeви, прстeни, дијадeми, златни прeдмeти и сeрвиси, гравури, украси, статуeти, вилушки, ножeви и садови, дијаманти, рубини, бисери и брилијанти, бугарски и странски обврзници, акции дeлови од акции на бугарски и странски прeтпријатија, мeбeл, скапоцeни странски штофови, ситe видови на кожа, кожни капути и слично, бугарски и странски тeписи, втомобили, мотори, вeлосипeди, пајтони, запрeжни коли, бродови, шлeпови, моторни чамци, чамци, лаѓи, потоа машини во фабрикитe и работилницитe, како и ситe алатки во нив, стока во магацинитe, фабрикитe, работилницитe, складишта и слично; разни видови на инсталација, инвeнтар и друго. Само подвижниот имот на Евреите депортирани од Скопје се проценува на повеќе од 13 милиони долари. Но на крајта, како што рековме, најтрагично од се е што депортацијата воопшто се случила и што логорот го преживеале само 167 од нив. И тоа е крајот на се. /МИА.Тагови: Евреи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаБројни шкотски навивачи низ улиците на Скопје пред вечерашниот фудбалски дуелШкотските навивачи веќе ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска?Килтови, знамиња, песна и навивачка еуфорија веќе е присутна во главниот град, пооради натпреварот вечерва ќе има и посебен сообраќаен режим, на арената Тодор Проески се очекува да присуствуваат околу 4000 шкотски навивачи, познати како Тартар арми. За нив е резервирана источната трибина на националната арена „Тодор Проески“. Еве дел од атмосферата во Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Македонија31 година од атентатот врз Глигоров- останува мистеријата околу овој сложен политичко безбедносен случајНа 3 октомври 1995 година во 9.50 часот Скопје го потресе силна експлозија. Мета на нападот беше првиот македонски претседател Киро Глигоров. Во моментот на поминување на службениот автомобил на претседателот Глигоров на улица „Македонија“ во близина на хотелот „Бристол“ експлодирал парикиран автомобил „ситроен ами 8“, 20 килограмскиот експлозив бил активиран со далечинско управување. Претседателот Глигоров преживеа, загина неговиот возач Александар Спировски, минувачот Христо Христоманов, а тешко повреден беше и телохранителот Илчо Теовски. Обемната истрага и со учество на меѓународно експрети не го даде одговорот кој бил сторителот и нарачателот? Авторот на книгата „Скопскиот атентат“ Зоран Доревски, кој во времето на атенатот бил главен инспектор во управата за обезбедување на личности и објекти преку анализа на светски атентати, докази од атентатот во Скопје објаснува дека во тогшната млада држава Македонија била удар и на надоврешната политика. „Би можел да кажам и кој е тој некој меѓутоа, но јас не можам со сигурност да потврдам, бидејќи за ниту еден атентат не постои писмен документ каде некој наредува направете го тоа и тоа“- д-р Зоран Доревски автор на книгата Скопски атентат „Атентатот се случува во момент кога Македонија треба да пристапи кон ОБСЕ, кога се потпишува програмата за партнерство за мир, што значи НАТО доаѓа во државата, кога се потпишуваат договори со светска банка и монетарен фонд што значи економска стабилизација и средување на финансиско- економски аспект на државата и во момент кога Македонија ја напушта орбитата на Белград“, потенцира во анализата Доревски. Авторот Доревски посебен акцнет става на случувањата по атентатот и го споредува со други специфични атентати како на Кенеди, кога биле елиминирани и замолчени над 100 сведоци. Во неговото истражување објаснува колку луѓе загинале по обидот за елиминарање на Глигоров. „Јас најдов осум лица кои загинуваат во првите две години по атентатот. Најголемиот дел од нив во 1998 година кога доаѓа обновување на втората истрага на јавниот обвинител Ставре Џиков и новата власт која покренува истрага за атентатот. Мислам дека успеав да кажам зошто овие лица биле замолчани и кои биле нивните сознанија, вели Доревски. Во истрагата биле проверени околу 30 илјади возила и 15 илјади објекти, над 180 луѓе идентификувани. До денеска истрагата не покажа кој бил нарачателот на атентатот. Претседателот Глигоров имаше тешки повреди на главата. Тој почина на 1 јануари 2012 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканДржавен пречек на посмртните останки на Цар Самоил во Софија, примопредавање беше извршено во Византискиот музеј во Солун Со државни почести денеска Бугарија ги пречека посмртните останки на Цар Самоил. Со воен авион останките беа пренесени од Солун во Софија и поставени на плоштадот „Кнез Александар Први“ каде беше одржана церемонија на која се обрати бугарскиот државен врв. Од таму беа пренесени во базиликата „Света Софија“ каде имаше присуство на бројни граѓани. Претходно, во Музејот на византиската култура во Солун, официјално беше извршено предавањето на посмртните останки од Грција. Бугарскиот премиер Румен Радев порача дека со враќањето се исполнува, како што рече, морална обврска, додека грчкиот премиер Киријакос Мицотакис зборуваше за историскиот долг на Атина кон Софија и потенцираше дека Грција добива назад 48 црковни реликвии со големо духовно и историско значење. -Нашите сонародници и идните генерации заслужуваат и треба да им оддаваат почит на своите предци. Овие шест децении, нашите политичари, дипломати, научници и државници работеа напорно за да стигнеме до денешниот ден. Херојскиот и величествен цар Самоил, кој не можел да ја поднесе глетката на своите војници, е пример за секој Бугарин. Ако во минатото цар Самоил нè разделувал, денес нè обединува. Денес тој го прави нашето стратешко партнерство уште посилно, а врските меѓу двата народа – поцврсти.- Румен Радев – Премиер на Р. Бугарија -Враќањето на важен црковен предмет ги претвора и тешките историски моменти во нови можности за комуникација. Атина ја исполнува својата историска должност, враќајќи ѝ ги на Софија посмртните останки на цар Самоил, кои во 1964 година ги открил професорот Моцопулос во базиликата „Свети Ахил“. Тие со децении биле чувани од грчката влада, а сега му се враќаат на бугарскиот народ, за да им се оддаде почит на начин што вие ќе го сметате за најсоодветен. – Киријакос Мицотакис – Премиер на Р. Грција На новинарско прашање околу чинот на пренесуваењ на останките на Самоил во Софија, премиерот Христијан Мицкоски се наврати на Бледскиот догово и пренесувањето на моштите на Гоце Делчев во Скопје. -Што се однесува до пренесување на мошти јас би се вратил наназад неколку децении кога моштите на македонскиот великан Делчев како резултат на тој Бледски договор се донесени во Скопје и нешто што треба нас како Македонци да не прави горди, зашто моштите на тој великан којшто бил во свое време пред времето, симболизираат многу за македонскиот идентитет и штета шт малкумина денеска го споменуваат Бледскиот договор и сето она коешто таму е договорено, а тоа не етолку одмана, пред неколку децении после капитулацијата на фашистичка Бугарија после Втората светска војна којшто ја окупирала територијата на денешна Македонија. – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада Во однос пак на дилемите кои се отворија и во дел од научните кругови во Софија има сомнежи дали од Грција навистина сепак стигнале останките на цар Самоил. -Единственото нешто кое претстои според мене да се направи а не било направено претходно, е ДНК анализа на коските кои ќе бидат вратени во Бугарија и која ќе потврди или нема да потврди, она што е трагично во случајот, она кое сите го знаеме а тоа е дека таму е погребано семејството на царот и дел од неговото семејство. Јас разбрав дека станува збор за детски скелет што означува колку е неподготвена целата таа операција. – Проф. Милко Палангурски - Историчар Останките на Цар Самоил биле откриени во базиликата „Свети Ахил“ на островот Ахил во Малото Преспанско Езеро, при археолошките ископувања на грчкиот професор Николаос Моцопулос во 1964 година а во последните години се наоѓаа во Музејот на византиската култура во Солун.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16