ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
ЖивотСамит за климата на ОН во ГлазговСветот има шанса за успех за обединување против глобалното затоплување.Претставници на речиси 200 држави од светот ќе бидат учесници на Светскиот климатски самит COP26 во Шкотска од 31 октомври до 12 ноември кои ќе треба да дадат одговор – дали светот може да се обедини и да се соочи со глобалното затоплување како заеднички непријател, пред да биде предоцна. Во момент на екстремни временски појави ширум светот и по извештајот на ОН за климата, што предупреди дека глобалното затоплување ќе излезе од контрола, постапките на владите на оваа конференција ќе одредат дали самитот ќе биде успешен. Разговорите што почнуваат в недела во Глазгов се тешки, но двонеделниот самит е под дополнителен притисок поради пандемијата на коронавирусот, економската криза што ја предизвика и проблемите во светот со енергенсите. На Самитот ќе има пет главни теми со кои ќе се занимаваат: Пред шест години во Париз државите се согласија за намалување на емисиите на штетни гасови за да се ограничи глобалното затоплување до 2 степена Целзиусови и во идеален случај – до 1,5 степени. За да се постигне тоа ќе има предлог за намалување на штетните емисии за 45 отсто до 2030 година во однос на нивото од 2010 година. Не се работи за теми за кои ќе се преговара, туку за предлог чие усвојување се очекува за самитот во ОН да се нарече успешен. Експертите сметаат дека преполовувањето на емисиите во следната деценија е клучен предуслов за постигнување нула емисии до 2050 година, што, според науката, е единствениот начин да се ограничи глобалното затоплување на 1,5 степени до крајот на векот, според Парискиот договор. Конференцијата на ОН беше одложена минатата година поради пандемијата на коронавирус, и оваа година е крајниот рок во кој земјите треба да ветат дека ќе се посветат на уште посериозни намалувања на емисиите. Анализата на ОН за нови или ревидирани поднесена до крајот на јули наведува дека до 2030 година, овие 113 земји заедно ќе ги намалат своите емисии за 12 отсто во однос на нивото од 2010 година. Но, според анализата, комбинираните достапни НОП на сите 191 земја од Парискиот договор заедно изнесуваат 16 отсто зголемување на емисиите на штетните гасови во 2030 година во споредба со 2010 година. Досега, околу 120 земји поднеле ревидирани НОП, но има недостаток на кохерентност и нема заедничка временска рамка за исполнување на обврските. Исто така, постои разновидност на пристапи во различните НОП, што го отежнува нивното споредување. Преговарачите мора да се договорат и за заедничките рокови за идните намалувања на емисиите. Главните извори на емисии на штетни гасови како Кина, Индија, Саудиска Арабија и Турција, кои заедно сочинуваат околу една третина од глобалните емисии на штетни гасови, допрва треба да увезат засилени НОП и треба да го сторат тоа на оваа конференција, наречена СОР 26. Следува ветувањето на богатите земји од 2009 година дека ќе издвојат 100 милијарди долари годишно за сиромашните земји за да можат да се справат со климатските промени. Богатите не го исполнија тоа ветување во 2020 година, а проценките покажуваат дека и во 2019 година сиромашните земји добиле нешто помалку од 80 милијарди долари. Неисполнувањето на ветувањата на богатите за првпат во 2009 година предизвика длабоко незадоволство и недоверба кај сиромашните земји, а некои се заканија дека ќе ги блокираат сите договори додека тоа ветување не се исполни. Според последните податоци на Органзиацијата за економска соработка и развој во 2019 година владите на развиените држави собрале 79,6 милијарди долари што е за два отсто повеќе од собраните пари една година претходно. Нема договорена формула колку една развиена земја треба да придонесе за сумата од 100 милијарди или како. Сепак, Светскиот институт за ресурси (WRI) во Вашингтон пресмета дека само неколку богати земји, вклучувајќи ги Франција, Јапонија, Норвешка, Германија и Шведска, дадоа нешто што може да се нарече праведно, додека САД, Австралија и Канада не исполнија. Едно од предложените решенија што ќе се најде на дневен ред во Глазгов е од 2021 до 2025 година да се исплати договорената сума од 100 милијарди, а подоцна да се компензира сумата што не била подмирена во претходните години. Исто така, се очекува дека неразвиените земји ќе извршат притисок на самитот да искористат половина од тие ветени пари за проекти за адаптација на климатските промени. Владите се согласија да се справат со последиците од климатските промени во државите во развој но нема детали за одговорноста или за обештетување. Во моментов најголемиот дел од сумата оди за намалување на емисиите. Посиромашните земји, исто така, инсистираат на тоа дека е време да се зборува за тоа кој ќе ја плати штетата што ја имаат од покачувањето на нивото на морињата, ширењето на пустините и екстремните временски појави. Друга важна тема на самитот е прашањето што не беше решено на самитот за климата во Париз во 2015 година, а тоа е прашањето за правилата на глобалната трговија со емисиите на јаглерод, што се смета за еден од клучните инструменти за ангажирање на пазарните играчи во борбата против климатските промени. ЧЛЕН 6 – Сe уште не е постигнат договор за Членот 6 од Парискиот договор за улогата на пазарите на јаглерод, а споровите околу него продолжуваат. Напредокот за тоа беше запрен за време на последните преговори во 2019 година. Toj член повикува на „строга одговорност" за да се избегне „двојно броење" во намалувањето на емисиите. Исто така, има за цел да воспостави централен механизам на ОН за трговија со јаглеродни кредити од намалени емисии генерирани од проекти со ниска потрошувачка на јаглерод. Преговорите во Мадрид пред две години не успеаја да ги финализираат тие правила утврдени во Парискиот договор за климата, па преговарачите ќе се обидат тоа да го сторат во Глазгов. На едната страна од табелата ќе бидат земјите кои бараат построги правила за да спречат безвредни ваучери за емисиите на јаглерод диоксид да не го преплават пазарот, а на другата страна помалку развиените земји кои инсистираат на признавање на дозволите за емисии на претходно масовно производство. Воспоставувањето на единствен глобален пазар за тргување со емисии е и можност да се добијат пари преку трансакциски даноци кои можат да се искористат за борба против климатските промени, но се уште нема договор за тоа кој и како би управувал со тој пазар и даноци. Претседателот на COP 26 од Велика Британија, Алок Шарма рече дека на оваа конференција сака енергијата од јаглен да влезе во историјата. ОН повикаа на постепено укинување на јагленот на земјите од ОЕЦД до 2030 година, но министрите за животна средина од групата 20 главни економии не се договорија за краен рок. Важно прашање на самитот ќе биде транспарентноста во борбата против климатските промени, бидејќи принципот на доброволности ги наведе земјите внимателно да погледнат што прават другите земји и каков напредок е постигнат пред да одлучат да постават поамбициозни цели. Поврзани со ова прашање се временските рамки за поставување на нови цели за намалување на загадувањето. На самитот во Глазгов ќе се разговара и за метанот, гас кој е главна компонента на природниот гас и нуспроизвод на одредени земјоделски активности, а кој не беше предмет на претходни преговори. Метанот е исто така стакленички гас и делува околу дваесет пати посилен од јаглерод диоксидот, но опстојува во атмосферата околу една деценија. Од поплави и пожари до конфликти и миграции, економските модели се борат да се справат со многуте можни ефекти од глобалното затоплување. ММФ проценува дека неограниченото затоплување ќе го намали светското производство за 7 проценти до 2100 година. Групата „Мрежа за екологизирање на финансискиот систем" (MEFS), која ги вклучува централните банки ширум светот, предвидува уште поголем пад од 13 проценти. Според западни анализи кои се повикуваат на економисти, просечното ниво на проектиран пад на производството во такво сценарио е 18 отсто. Сепак, постои „сериозен ризик" средбата во Глазгов да не ги даде посакуваните резултати, рече генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш на прес-конференција пред состанокот . „Тоа не е предвидување, туку предупредување. Се уште имаме време да ги вратиме работите на вистинскиот пат", рече Гутереш.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Шоу бизФото: Цеца за фотките во бикиниБалканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело. Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците. Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца. Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати. Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија. Тагови: Цеца Ражнатовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Сабаленка ужива во тангаСабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови. Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона. По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови. Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време. Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи. Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ФудбалСупер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на БаернФудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник 2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд. Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд. Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините. Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот. Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката. Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва. Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter