Самит на НАТО сојузниците од Балтикот во Хелсинки

Финскиот претседател Александар Стуб и естонскиот премиер Кристен Михал денеска ќе бидат домаќини на Самит на земјите членки на НАТО од регионот на Балтичкото Море што ќе се одржи во Хелсинки. 

Според најавите, на Самитот ќе учествуваат и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, потпретседателка на Европската комисија за технолошки суверенитет, безбедност и демократија Хена Виркунен, претседателите на Летонија и на Литванија, Едгарс Ринкевичс и Гитанас Науседа, германскиот канцелар Олаф Шолц, данската премиерка Мете Фредериксен и премиерите на Полска и на Шведска, Доналд Туск и Улф Кристершон.

Тема на Самитот, што ќе се одржи во Претседателската палата во Хелсинки, ќе биде безбедноста во регионот на Балтичкото Море, особено мерките потребни за обезбедување на критичната подводна инфраструктура.

Како што соопшти Кабинетот на Стуб, дискусијата на средбата ќе биде фокусирана и на зајакнување на присуството на НАТО во Балтичкото Море и на одговор на заканата од т.н. „руската флота во сенка“.

Терминот „флота во сенка“ се користи за бродови кои се користат за „тактики за прикривање на шверц на стоки под санкции“ со цел да се заобиколат меѓународни или еднострани рестриктивни мерки за увоз или извоз на овие производи, кои може да вклучуваат енергенси, железо, луксузни производи, оружје, воени технологии итн. Во конкретниот случај станува збор за користење на трговски бродови за заобиколување на западните санкции кон Русија воведени поради нејзината агресија врз Украина.

Слон испил буре алкохол, па не можеле да го запрат ни со булдожер- потоа настана хаос (ВИДЕО)

Див слон предизвика хаос во селото Дам Дим, во областа Џалпајгури, северна Индија, откако испил алкохол.

Инцидентот се случил на 1-ви февруари и предизвикал голем страв кај мештаните. На снимката од местото на настанот се гледа како багер се обидува да избрка пијан слон, што само дополнително го испровоцира животното и го натера да го нападне возилото. Набљудувачите снимаат видео и го следат слонот додека полека се оддалечува.

Подоцна, слонот се свртел и се упатил кон видиковецот, поради што селаните почнале панично да бегаат. Слонот ја соборил конструкцијата, а парчиња бетон паднале на земја. На снимката се гледа и човек кој во страв скока од кулата. Додека слонот продолжил понатаму, селаните почнале да го напаѓаат - некои му ја повлекле опашката, додека други го удирале со дрвени стапови или фрлале цигли по него.

Неколку моменти подоцна полицијата го запленила багерот поради незаконско провоцирање животно. Според информациите, слонот пиел алкохол од буре во плантажа со бетел ореви. Слонот се здобил со полесни повреди додека се обидувал да избега од нападот. Набрзо на местото на настанот пристигнале шумските власти и полицијата, кои употребиле звучни бумови за да го насочат слонот кон шумата и на крајот го конфискувале багерот поради провоцирање на животното.

Негувателка во дом за стари во Германија се задоволувала и се снимала во кревети на штитениците

Негувателка (39) од Баварија снимала голи видеа во дом за стари лица, а да биде уште полоша, мастурбирала во креветите на пациентите.

Овој шокантен случај бил откриен благодарение на Јутјубер, а сега полицијата ги истражува новите наводи, пренесе ое24.at.

Меѓутоа, друг случај бил откриен во дом за стари лица во областа Бастеим каде оваа жена отишла уште подалеку.

Според истрагата, жената не само што се снимала гола, туку и се тркалала по креветите на жителите на домот и мастурбирала. После тоа, без да ги измие рацете, им делела храна на постарите лица.

Од полицијата потенцираат дека немало сексуални дејствија со станарите во домот. Сепак, жената е под истрага бидејќи несвесно снимила некои од жителите на домот во своите видеа.

Скандалот го открил Кевин Хартвиг ​​(31), Јутјубер кој покрива теми поврзани со нега и здравствена заштита. Членовите на неговата заедница му покажале клип што првично изгледал како сцена од филм. По извршената истрага, старечкиот дом е идентификуван и известен за случајот.

Кога случајот станал познат, жената го избришала својот еротски профил. Сепак, снимката веќе привлекла големо внимание. На едно од видеата се гледа жител на домот во инвалидска количка, додека на други се слушаат разговори меѓу постари лица.

Властите ја обвинуваат негувателката за нарушување на доверливоста на разговорите и неовластено снимање на луѓе во приватни простории. За овие дела е предвидена казна затвор до три години или парична казна. Таа добила и привремена забрана за работа.

Наставниците добиваат откази, никој не сака да работи- Образовниот систем во Британија во криза

Училишните одбори ширум Велика Британија објавија дека се принудени да го отпуштат наставниот кадар за да се избегнат финансиски загуби, и покрај ветувањата на лабуристичката влада дека ќе вработи 6.500 нови наставници.

Ова беше едно од главните ветувања откако лабуристите дојдоа на власт во јули минатата година, но образовните синдикати сега велат дека отпуштањата на училишниот персонал веќе започнале, пренесува Гардијан.

По повеќе од една деценија кратења на финансирањето на образованието под владата на ториевците, нема простор за отстапки, така што оваа болна мерка беше неопходна, пишува весникот.

Синдикатот на образованието предупредува дека доколку владата продолжи со планот да не финансира дополнително зголемување на платите на наставниците следната година, уште повеќе наставници ќе останат без работа.

Како што покажаа податоците објавени пред Божиќ, има сѐ помалку луѓе кои сакаат да се обучуваат за да станат наставници во основните и средните училишта.

Истовремено, тука е и проблемот со зголеменото трошење во образованието, при што секој четврти нововработен наставник останува на работното место помалку од три години, така што во 2023 година, за првпат, професијата ја напуштиле онолку наставници колку што почнале да работат во образовниот сектор, покажуваат статистичките податоци.

Училишните администратори стравуваат дека ситуацијата може дополнително да се влоши во зависност од зголемувањето на платите следната година.

Министерката за образование Бриџит Филипсон во декември рече дека зголемувањето од 2,8 отсто би било соодветно по зголемувањето од 5,5 отсто оваа година, додека националниот синдикат за образование повика на поголемо зголемување на платите или повеќе наставници ќе ја напуштат професијата.

Училишните администрации и синдикатите, сепак, стравуваат дека, без оглед на конечниот исход од зголемувањето на платите, може да дојде до отпуштања доколку владата побара од училиштата зголемувањето на платите да го покриваат од постоечките буџети.

Истражувањето спроведено во 90 основни училишта во Западен Јоркшир покажало дека повеќе од половина од нив планираат да го отпуштат наставниот кадар, додека 90 отсто рекле дека нема да вработуваат нови наставници.

Портпаролот на Министерството за образование рече дека владата наследила многу фискални предизвици, вклучително и дефицит од 22 милијарди фунти, но дека буџетот сепак има обезбедено одредба за заштита на клучните приоритети во образованието, вклучително и основното финансирање за училиштата.

„Знаеме дека училиштата се соочуваат со предизвици, но и покрај економскиот контекст, доделивме дополнителни 2,3 милијарди фунти за буџетите на училиштата, а 1 милијарда фунти се наменети за деца и млади луѓе со посебни потреби“, рече портпаролот.

притисни ентер