Самит Македонија2025 - Канал 5

Самит Македонија2025

Македонија внимателно треба да ги следи очекувањата и движењата, поттикнати од глобалната неизвесност  и да не превзема брзи туку таргетирани мерки, вели извршената директорка на Македонија 2025 Никица Мојсоска

Самит Македонија2025

Македонија внимателно треба да ги следи очекувањата и движењата, поттикнати од глобалната неизвесност и да не превзема брзи туку таргетирани мерки, вели извршената директорка на Македонија 2025 Никица Мојсоска, по отворањето на овогодинешниот Самит. Вели глобалната неизвесност, случувањата на Блискиот Исток и растот или како што оцени недоволниот раст во ЕУ влијаат врз македонската економија, но она на кое што според неа треба да се фокусира Владата со цел заштита на стандардот на граѓаните се економските реформи и инфраструктурните проекти.

„Секогаш се залагаме таргетриани мерки наместо универзална поддршка. Таргетирани зборам за заштита на животниот стнадард на посиромашните граѓани, меѓутоа и на економски план е добро што инвестициите особено инфрастурктурните инвестиции се одвиваат добро, и тоа доведува до економски раст, меѓутоа мислам дека треба да размислиме повеќе на поголеми структурни рефоми кои е тешко да се спрвоедат во случаи на неизвеснот и ограничен фискален простор“....-Никица Мојсоска – извршна директорка на Македонија 2025

Последиците од војните, не само онаа на Блискиот Исток туку и онаа во Украина, се чувствуваат насекаде, па дури и во САД, вели коосновачот на Македонија 2025 Мајк Зафировски, но очекува брзо да завршат и порача дека наместо глобалните проблеми да се користат како изговор државите да се фокусираат како да помогнат.

„Постои огромна поларизација насекаде во светот – тоа е мој личен поглед. Но би се вратил на Македонија и на она што јас го нарекувам „советување“ за политичарите и сопствениците на бизниси – контролирајте го она што можете. Наместо да ги користиме глобалните проблеми како изговор за да бидеме парализирани и да не се движиме напред треба навистина да им помогнеме да граѓаните таму каде што можеме.“ - Мајк Зафировски – коосновач на Македонија 2025.

Во излагањето на првиот дел од овогодинешниот Самит на Македонија 2025, премиерот Христијан Мицкоски осврнувајќи се на глобалните предизвици и случувања, оцени дека инфраструктурното поврзување претставува клучен фактор за економски раст на државата. Според Мицкоски и покрај низата предизвици со кои се соочуваме сепак вели државата бележи стабилни економски резултати.

„Влеговме во решавање на проблемот онолку колку што може да се решава и прилично успешно се справуваме со состојбите и покрај тоа што имавме исклучително големи фискални откажувања, коишто на прв поглед може да се очекува да влијаат на Буџетот, но принципот теорија т.е. економија на обем кој го применивме до овој момент не само што не ги почувствувавме туку и ги надминаа нашите очекувања во услови на криза. Тоа значи зголемена потрошувачка на бензините и дизелот, со што имаме поголемо влијание во Буџетот и на тој начин поголемо влијание во Буџетот. “- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Борба против корупцијата која останува број еден предизвик, економскиот раст, дигитализацијата, вештачката интелегенција, но и за тоа како дијаспората да стане стратешки капитал за развој на Македонија се главните теми на кои овие два дена во рамки на САмитот ќе дебатираат учесниците....

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата Конрад Аденауер

Би сакал да се заблагодарам на Фондацијата "Конрад Аденауер", за овој прекрасен настан којшто го имаме овие три дена со извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ , членовите на Владата, министрите и замениците министри кои што се предложени од ВМРО-ДПМНЕ.

Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата Конрад Аденауер

Ефективната комуникација е најзначајна за едно добро владеење, она што се наши политики да можеме добро да ги презентираме пред граѓаните, но истовремено да имаме една добра синергија и една добра комуникација помеѓу нас, помеѓу различните структури во партијата, Извршниот комитет, општинските комитети, Унијата на млади сили, Унијата на жени, и секако пратеничката група и Владата, како би можеле заеднички да ги креираме овие политики.

Би сакал да се заблагодарам на Кристијан Серак, којшто специјално дојде за овој настан, и за тоа што прави една прекрасна обука за сите нас, има доста да се научи и доста работи кои се иновативни.

Ова е начин на којшто ВМРО-ДПМНЕ се обидува да остане во една добра форма, во кондиција, ова покажува дека и тоа што сега сме на власт, ја водиме државата, не не одлепува од партијата, напротив посветуваме доста време и енергија на организација на партијата и ќе продолжиме тоа да го правиме во следниот период, а со цел економски напредок на Македонија, ефективно владеење на правото и повеќе успеси за државата.- објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски е подготвен да се сретне со Путин на самит во Мајами

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на самитот на Г20 во Мајами, доколку биде поканет.

Зеленски е подготвен да се сретне со Путин на самит во Мајами

„Да, секако. мораме да дојдеме. Мораме да се сретнеме, да разговараме и да донесеме одлука“, рече Зеленски во интервју за „Дојче Веле“ во канадската воена база во Норт Беј.

Според украинскиот лидер, она што ќе му го каже на рускиот претседател нема да биде најважната работа.

Во меѓувреме, најмалку 23-ца луѓе се повредени, а меѓу нив има и петмесечно бебе, кога руски ракети утрово погодиле станбена зграда во украинскиот град одес, соопшти претседателот на одеската обласна воена администрација Олексиј Кипер.

Шестмина од повредените, меѓу кои е и бебето, се во болница.

„Како резултат на нападот, горните катови на повеќекатна станбена зграда се целосно разрушени. Експлозивниот бран оштети и соседни станбени згради и гасовод со низок притисок“, се вели во соопштението на гувернерот.

На уште три станбени згради им е нанесена штета, а оштетен е гасоводниот систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ со свои претставници на шведските избори

Пратеникот и заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, викендов е во дводневна посета на Стокхолм како меѓународен гостин на шведскиот изборен процес.

ВМРО-ДПМНЕ со свои претставници на шведските избори

Петрушевски во Шведска е на покана на Moderaterna и Jarl Hjalmarson Foundation, со кои ВМРО-ДПМНЕ има долгогодишна соработка и партнерски односи како дел од европското семејство на сестрински и партнерски партии.

Во рамки на работната посета, Петрушевски учествува во програмата посветена на шведскиот изборен процес, на средби и брифинзи со претставници на шведската политика, како и со гости и претставници на политички партии од повеќе европски земји.

ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на градењето силни партнерства со европските сестрински партии и на размената на позитивни искуства и практики кои можат да придонесат за унапредување на демократските процеси и политичкото делување во Македонија.

Од ВМРО-ДПМНЕ изразуваме благодарност до Jarl Hjalmarson Foundation за поканата и поддршката на престојот на Петрушевски во Стокхолм.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер