Самит ЕУ-Канада: Брисел и Отава ќе продолжат со поддршка на мултилатералниот систем - Канал 5

Самит ЕУ-Канада: Брисел и Отава ќе продолжат со поддршка на мултилатералниот систем

Брисел и Отава ќе продолжат со поддршка на мултилатералниот систем заснован на правила .

Самит ЕУ-Канада: Брисел и Отава ќе продолжат со поддршка на мултилатералниот систем

Важноста на заедничката соработка за промовирање на глобалната економска безбедност и стабилност и обновата на напорите за унапредување и диверзификација на трговијата, беа главна тема на денешната средба на претседателот Европскиот совет, Антонио Кошта и на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен со канадскиот премиер Џастин Трудо во Брисел.

- Канада и ЕУ, заедно, ќе продолжат да го поддржуваат инклузивен мултилатерален систем заснован на правила, утврден во принципите на Повелбата на Обединетите нации и ќе го поддржуваат суверенитетот, територијалниот интегритет и неповредливоста на границите, како основни начела на меѓународното право, се наведува во соопштението од средбата.

Лидерите ги истакнале силните трговски и инвестициски односи меѓу Канада и ЕУ и важноста на меѓусебната соработка за решавање на тековните предизвици во денешниот комплексен, конкурентен и непредвидлив свет.

- Во пресрет на тригодишнината од целосната инвазија на Русија врз Украина, лидерите ја потврдија својата непоколеблива поддршка за Украина, додека таа продолжува да се спротивставува на руската неоправдана агресивна војна, се додава во соопштението.

На средбата станало збор и за случувањата на Блискиот Исток, особено во Газа и Сирија, при што е поздравен минатомесечниот договор за прекин на огнот и за ослободување на заложниците меѓу Израел и Хамас и е упатен апел за негово целосно спроведување. Соговорниците ја истакнале нивната посветеност на мировното решение според моделот за две држави, како важноста за „инклузивна структура на политичко управување во Сирија“.

- Лидерите разговараа за глобалната трговија, вклучувајќи ги и очекуваните царини од страна на САД. Тие, исто така, разговараа за други заеднички приоритети и се согласија да останат во близок контакт, се наведува во соопштението, при што се додава дека Кошта и Фон дер Лајен му изразиле благодарност на Трудо за неговиот личен придонес и лидерство во зајакнувањето на односите меѓу Канада и ЕУ и во одржувањето на заедничките вредности и на меѓународниот поредок заснован на правила.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Оливер Миланов си поднесе оставка, на негово место на чело на АХВ доаѓа Јовица Андовски

Оливер Миланов си поднесе оставка од директорската функција во Агенцијата за храна и ветеринарство. На негово место е назначен досегашниот заменик-министер за здравство Јовица Андовски.

Оливер Миланов си поднесе оставка, на негово место на чело на АХВ доаѓа Јовица Андовски

Миланов ја презеде директорската функција на 4 јули 2024 година, откако владата на 2 јули истата година го именуваше за вршител на должноста директор.

По нешто повеќе од две години на чело на агенцијата, заминува од функцијата, а раководењето со институцијата го презема Андовски.

Андовски пак ја вршеше функцијата заменик-министер за здравство во периодот од јули 2024 до октомври 2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Амандманска расправа за предлог законот за изменување на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Собраниската комисија за транспорт денеска ќе расправа за измените на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Амандманска расправа за предлог законот за изменување на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

За предлог-законот е поднесен еден амандман од пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски.

Со измените се предвидува нов модел за финансирање на радиодифузната дејност.средствата ќе се обезбедуваат од буџетот во висина од еден процент од реализираните даночни приходи.

Финансирањето ќе се утврдува за период од пет години.по истекот на овој период, повторно ќе се дефинира висината на средствата за наредните пет години.

Целта е да се обезбеди стабилно и предвидливо финансирање на радиодифузната дејност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авион на „Ер Србија“во кој патувал Вулин вратен во Белград на патот кон Москва

Авион на „Ер Србија“ кој летал кон Москва бил вратен во Белград поради дополнителни безбедносни проверки.

Авион на „Ер Србија“во кој патувал Вулин вратен во Белград на патот кон Москва

Од компанијата соопштија дека добиле информации од аеродромските служби за проверка поврзана со еден патник.

Одлуката била донесена согласно безбедносните прописи и упатствата на надлежните органи.

Од „Ер Србија“ нагласуваат дека екипажот постапил според утврдените стандарди.

Српските медиуми објавија дека во авионот наводно биле и тројца познати функционери.Меѓу нив се Александар Вулин и претседателот на Српската народна партија Ненад Поповиќ. Во авионот, според медиумите, бил и директорот на „Србијагас“, Душан Бајатовиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер