МакедонијаСами сме си најголеми непријатели? - репортажа и коментар на Александар ВидиновскиМакедонскиот народ со векови се борел да добие своја држава. За тоа дал многу жртви, преживувал невидено страдање, неправди и негации. По многу години конечно се изборивме да бидеме свое на своето. Но, потоа се случи еден чуден процес кој се уште трае. Еве како денеска изгледа Македонија. Една слика 1000 зборови. Ќе направиме мала прошетка од Скопје до Битола преку Стража. Тргнуваме од населбата Ѓорче Петров кон Тетово. Излупените стари знаци ни го покажуват патот. Вака изгледа северниот главен влез и излез на Скопје. Огромна депонија непосредно до патот. Ова го гледаат и сите странски туристи кои оттука патуваат кон Охрид. Вака е со години. Политичарите очигледно не се ни трудат да откријат кој ни валка државата. Еве ние повторно ќе им помогнеме. Сред бел ден, маж спокојно во количка носи ѓубре до дивата депонија. Ова е казниво со закон. Прави и дополнителен прекршок, ја загрозува безбедноста во сообраќајот со цел да се ослободи од отпадот. Вака изгледа дивата депонија одозгора. Ова е влезот во главниот град на независна Македонија. За се да биде уште по мизерно придонесуваат и старите излупени билборди. Во сите градови на вакви места има промотивни паноа за туристичките места или симболите во градот. Кај нас тоа изгледа вака. Дури има и некоја коректна симболика со реалноста. Продолжуваме кон Тетово. Високата и неискосен трева на автопатот не успева до крај да го скрие ѓубрето. Валкано е и по среднишниот дел. Слично е и меѓу Тетово и Гостивар. Изгледа како со години тука да не е исчистено. Вакви валкани автопати веќе нигде не постојат, освен кај нас секако. За 30тина минути пристигнуваме до Гостивар. Покрај главниот пат нови диви депонии. Покуќнина, градежен шут, одпадоци … душмански се уништува оваа наша земја. Невидена девастација. За кратко продолжуваме кон националниот парк Маврово. По 10 минути возење наидуваме на нов пораз. Ова е патот кон Маврово, а ова е тоа што несовесните граѓани и неодговорните служби и го направиле на природата. Веце-шолја гордо си постои покрај патот. Меѓу купиштата ѓубре има и мртви животни. Тоа што го гледаме буквално боли. Дваесетина метри подолу, уште повеќе ѓубре. Каде и да се завртите отпадоци. Ова е пред можеби нашиот најубав Национален парк. Природата како од бајка, а депониите како од хорор филм, од кој никако да се разбудиме. Ѓубрето е веќе всадено во почвата, а тоа е доказ дека со години никој тука нечисти. Од птичја перспектива се гледа дека не е една, туку во прекрасната планина има голем број диви депонии. Сами себе сме си најголеми непријатели. Ова не е ни патриотизам, ни љубов кон Македонија. Ова е последица на еден распаднат систем. Продолжуваме. Патот од Маврово - Кичево е преполн со ѓубре. Практично нема дел што е чист. Нова локација – нов дебакл. Овој пат тој се вика Стража. Ова е дефинитивно најпопуларното место за одмор за патот кон Охрид. Секој ден огромен број странски туристи тука застануваат да одморат од патувањето и со вкусна мекица да уживаат во природата. Наместо уреден репрезентативен простор, ова им го покажуваме. Стража е една голема дива депонија. Ѓубре има толку многу, што со него веќе се прават и уметнички инсталации. Уништена е и патната заштитна опрема. Влакано е на сите страни. Парадоксално ѓубре нема единствено во контерјнерите. Погледот кон шумата го пресретнува оваа нереална слика. Нема зборови со кои може да се објасни. Ова е просто необјасниво. Нешто длабоко не е во ред се нас. Тоа треба да си го признаеме. Ваква е сликата за нас. Ова е производ на односот на институциите и граѓаните, а ваквата импровизација на систем е пресликана во речиси сите аспекти во живеењето. Ова не е само еколошки, ова е и голем политички проблем. Ова е злосторство врз Македонија и за ова треба некој да понесе одговорност. Продолжуваме кон Кичево. Влегуваме во градот. И тука хигиената е под секое цивилизациско ниво. Но, кичевчани имаат и друг уште поголем проблем. Ова е огромна депонија буквално среде град. Ридови со отпад кој скапува. Потемнетите делови се од горење. Чадот го дишат Кичевчани и директно им го уништува здравјето. Нашите сограѓани не го заслужуваат ова. Се жалат на неподнослива смрдеа. Каква „генијална“ идеа е да имаш огромана депонија која гори седе град? Се движиме накај Демир Хисар. Веќе не се ни изненадуваме дека и тука има ѓубришта покрај патот. Безобѕирно се уништуваме. За кратко стигнуваме од Железнец. Преубавото село само не потсетува за тоа колку неискористен потенцијал имаме. Наместо да си ја уништуваме земјата, ова можеме да го претвориме во вистински туристички рај. Ова да беше во некоја друга европска земја, можеме само да змислиме каква атракција ќе беше. Кај нас и ова е осудено да пропадне. Продолжуваме кон Битола, еден од нашите најубави градови. Вака изгледа дел од неговата околина. Неуреден простор и голем број диви депонии. Во подножјето на Баба планина забележуваме шумски пожар. Чад во планината и ѓубре во низината. Епохална негрижа. Веќе сме на влезот на градот. Сликите поразителни. Населба Баир. Затрупана е со ѓубре кое некогаш се пали, а почесто се истура нуделе кон магистралниот пат Ресен – Битола. Ваква нечистотија не може со ништо да се оправда. Сите ние можеме секој две минути да се колнеме во Македонија, но ова е производот од нашата таканаречена љубов контатковината. Ова мора да престане. Треба конечно да почнеме вистински да си ја сакаме, почитуваме и чуваме државата. Во спротивно уште долго нема да излеземе од црниот тунел во кој сами влеговме.. Тагови: Македонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаКолекционерско издание на „GTA 6“: За 400 долари добивате сè освен самата играАко се суди според огромната возбуда околу „Grand Theft Auto VI“, брзо се приближуваме кон еден од најголемите настани во светот на видеоигрите во последните неколку години.Новата „GTA“ ветува враќање на сè што ги направи автомобилите клучен дел од серијалот – од брзи потери и трки до уште подетални опции за прилагодување на возилата. Сето ова доаѓа со препознатливата мешавина од криминал, хаос и судири со законот, по кои станаа познати „Rockstar Games“. Сепак, иако очекувањата се огромни, најновата одлука на „Rockstar“ може да разочара дел од фановите. Компанијата претстави колекционерско издание насловено „The Goodtime State - Vice City Collection“, со висока цена од 399,99 долари. Проблемот е што во пакетот недостасува најважниот елемент: самата игра. Што добивате? „Rockstar“ ја претставува колекцијата како луксузен пакет со предмети за колекционери, инспириран од светот на „Vice City“. Таа содржи разновидни предмети, вклучувајќи очила за сонце „Oakley“, налепници, значки и мапа на Леонида – измислениот регион во кој се одвива дејството на „GTA VI“. Купувачите добиваат и бејзбол капа, фигура на маскотата на „Vice City“, чашка за жесток пијалак, торба за носење преку тело, приврзок за клучеви, стапче за мешање коктели и магнетно огледало. Иако колекцијата е очигледно наменета за сериозни колекционери, во кутијата нема да го најдете најважниот предмет: „GTA VI“. За самата игра, ќе треба да издвоите дополнителни 79,99 долари за стандардното издание или 99 долари за „Ultimate“ верзијата. Тоа значи дека купувачот што го сака целиот пакет ќе мора да плати речиси 480 или 500 долари, во зависност од изданието на играта. „GTA VI“ без физички диск Колекционерскиот сет пристигнува во време кога „Rockstar“ веќе предизвика реакции со одлуката „GTA VI“ да биде првиот голем AAA наслов на компанијата без традиционално издание на физички диск. Играта ќе биде достапна дигитално преку продавниците на „PlayStation“ и „Xbox“, додека физичките примероци во продавниците ќе содржат само код за преземање. Оваа одлука предизвика негативни реакции во дел од гејмерската заедница. Извршниот директор на „Take-Two Interactive“, Штраус Зелник, го бранеше овој пристап, тврдејќи дека физичките дискови веќе немаат голема смисла за потрошувачите. Ситуацијата е особено интересна за колекционерите. Тие сега можат да потрошат речиси 400 долари за кутија полна со предмети поврзани со играта, а сепак да не ја добијат самата игра во таа кутија. „Rockstar“ има направено нешто слично и претходно Сепак, ова не е првпат „Rockstar“ да продава колекционерска кутија без самата игра. Компанијата направи сличен потег во 2018 година со „Red Dead Redemption 2“, изданието „Collector's Box“ објавено тогаш, исто така, не содржеше примерок од играта. Разликата, сепак, беше во цената. Таа колекционерска кутија чинеше 99 долари – помалку од една четвртина од цената на новата „Vice City Collection“. Денес, оригиналните колекционерски кутии за „Red Dead Redemption 2“ можат да се најдат на „eBay“ по цени што надминуваат 700 долари, што покажува дека вредноста на ваквите производи може да порасне кај колекционерите со текот на времето. Сепак, останува фактот дека фановите на „GTA VI“, кои ги сакаат и колекционерските предмети и самата игра, ќе мора да ги купат одделно. Со цена од речиси 400 долари само за колекционерските предмети, „Rockstar“ очигледно цели кон најпосветените фанови на серијалот и кон колекционерите кои се подготвени да платат висока цена за предмети поврзани со еден од најочекуваните наслови во историјата на видеоигрите. Извор: Б92Тагови: GTA 6 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Живот„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објаваЛука Модриќ преку социјалните мрежи ѝ го честиташе деветтиот роденден на својата најмлада ќерка, Софија.По тој повод, хрватскиот фудбалер сподели неколку фотографии на кои се заедно, придружени со кратка и емотивна порака. На една од фотографиите, таткото и ќерката се насмеани додека позираат заедно, додека другите прикажуваат опуштени моменти од семејниот живот. На пример, на една фотографија се гледа како Софија седи на рамениците на татко ѝ, а на друга Модриќ ѝ помага да си ја исуши косата. „Среќен роденден на мојата прекрасна и многу посебна мала принцеза! Многу те сакам!“, напиша Модриќ. Најмладото од трите деца Софија е најмладото дете на Лука и неговата сопруга, Вања Модриќ. Покрај неа, тие имаат син, Иван, и ќерка, Ема. Лука и Вања стапија во брак во 2010 година, а една година подоцна ја прославија и црковната венчавка во Загреб. Модриќ честопати преку социјалните мрежи ги одбележува важните моменти од животот на своите деца, особено нивните родендени. Неговото семејство често го придружува на фудбалски настани. Сопругата и децата честопати го бодреле од трибините за време на клучни натпревари и му се придружувале во прославите по големите победи. Извор: Индекс.хрТагови: Лука Модриќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
СветНов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредувањеРускиот претседател Владимир Путин вчера присуствуваше на воена вежба на планините Урал, во која учествуваа војници од Кина и од неколку други земји.Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот за колективна безбедност – безбедносен сојуз предводен од Москва, составен од неколку поранешни советски републики. Путин изјави дека 47.000 војници учествуваат во вежбата „Центар-2026“, вежбајќи одбивање напади на 11 полигони и во Каспиското Море. Вежбата започна во понеделникот, а завршува денес. Путин предупреди дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград. „Околу 6.000 војници од Русија и од други земји учествуваа во завршната фаза на полигонот Чебаркул“, рече Путин. Тој додаде дека делегации од 55 земји учествувале како набљудувачи. Според извештаите на руските медиуми, во вежбата учествуваат воени единици од Белорусија, Киргистан и Таџикистан, заедно со војници од Кина, Монголија и Пакистан. За време на посетата, Путин изврши увид во различни видови вооружување, вклучително и новите беспилотни летала „Геран“ на млазен погон, кои руската војска ги користи во нападите врз Украина. Посетата на Путин уследи еден ден откако Русија го предупреди НАТО дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград, доколку некоја членка на воениот сојуз се обиде да ја отсече таа руска ексклава на западот на земјата од остатокот на Русија. Извор: Б92Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16