КошаркаСамарџиев: Секој од нас мора да даде максимумСелекторот на македонската кошаркарска репрезентација до 20 години Горан Самарџиев го сумира сработеното во изминатиот период од подготовките за настап на претстојното Европско првенство – Дивизија Б.- Задоволен сум од досегашното залагање на момците, бидејќи, и тоа како, се борат за место во тимот. Засега имаме навистина добра атмосфера, и секој ден гледаме да напредуваме се повеќе и повеќе како репрезентација, без разлика на тоа што овие момци немаат, ама скоро никакво, прволигашко искуство. Секој од нас мора да даде максимум кога игра за Македонија, изјави Самарџиев. Македонските кошаркари во првиот дел од подготовките одиграа три пријателски натпревари на гостувањето во Романија - два против соодветната селекција на Романците и уште еден против нивната селекција „Под 18“ години. Согласно со планираните активности, веќе во среда, во Скопје, поточно во салата на СРЦ „Кале“ (од 17 часот) ќе гостуваат младинците на Косово. А два дена подоцна, во петок, предвидено е гостувањето во Качаник, каде двете репрезентации ќе го одиграат и вториот пријателскки натпревар во средишниот дел од подготовките за настап на ЕП од Дивизијата „Б“ во Ереван. Тагови: Самарџиев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветБројот на загинати мигранти во Шпанија расте! Најмалку 77 загинати при обид за преминување на границата. Најмалку 77 лица загинаа обидувајќи се да стигнат до шпанската енклава Сеута, откако дури 50.000 мигранти влегле на оваа мала територија од Мароко, пренесува „Скај њуз“. Шпанскиот премиер Педро Санчез оцени дека станува збор за „повреда на територијалниот интегритет на Шпанија“. Масовниот прилив на мигранти, кој се случи за само 24 часа, го преплави градот со околу 85.000 жители, предизвика политичка криза во Мадрид и доведе до поделени реакции кај другите земји-членки на ЕУ, вклучително и повици Шпанија да биде суспендирана од Шенген-зоната за слободно движење. Санчез, кој пристигна во Сеута во петокот наутро, изјави дека владата ќе ги искористи сите расположливи средства за да ја гарантира безбедноста на жителите на градот. Тој за масовното преминување на границата ги обвини „мафиите за трговија со луѓе“, кои ја искористиле одлуката на Врховниот суд на Шпанија. Судот неодамна пресуди дека лицата пресретнати на море додека се обидувале да влезат во Сеута или во другата шпанска енклава во Северна Африка, Мелиља, не можат автоматски да бидат вратени според посебни правила.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканУште 30 см подолу и – готови сме: Вучиќ предупредува на нискиот водостој на ДунавАко Дунав се спушти уште 30 сантиметри – ние сме готови, ги предупреди своите сограѓани српскиот претседател Александар Вучиќ. Евентуалното дополнително намалување на нивото на водата на Дунав може да предизвика голем проблем, изјави Вучиќ. „Дунав е сè уште пловен по целата своја должина, но на некои места е толку плиток што мораме да градиме премини. Сè што е поврзано со нафтата е пекол за нас. Никаде нема дизел. Што да им кажам на луѓето? Не можете да купите ни еден литар дизел никаде. Нема. Го дадовме од оперативните резерви за да не го извезуваат во регионот“, рече српскиот претседател. Тој додаде дека Србија ги чува своите резерви. Добро е што ни беа дадени уште 28 дена, 4 недели. „се надевам дека во следните 10 дена ќе разговарам и со унгарскиот премиер и со рускиот претседател – рече Вучиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Градскиот парк го враќа својот сјајЕкипите на јавните претпријатија на Град Скопје го расчистија првиот дел од Градскиот парк од последиците на силното невреме што пред неколку дена го зафати Скопје. Засадени се нови садници, санирана е оштетената урбана опрема, а просторот повторно е достапен за посетителите. Интензивно се работи и во вториот дел од Градскиот парк каде што се отстрануваат последиците од невремето, се санираат штетите, се отстрануваат старите и оштетени дрвја и се засадуваат нови садници. „Природните непогоди не можеме да ги спречиме, но можеме да покажеме дека со заедништво, организираност и посветена работа брзо и одговорно ќе ги надминеме последиците. Изразувам огромна благодарност до сите вработени и служби кои деноноќно беа на терен, за Градскиот парк повторно да биде чист, безбеден и зелен дом на сите скопјани. Продолжуваме со работа сè додека не биде обновен и последниот оштетен дел од паркот“, вели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Силното невреме што пред неколку дена го зафати Скопје остави сериозни последици низ целиот град, а еден од најпогодените простори беше токму Градскиот парк. Повеќе од 100 дрвја беа соборени, пешачките патеки беа затрупани, а значителна штета беше нанесена и на урбаната опрема.Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook