Салман Ружди ќе објави книга за обидот за негово ликвидирање - Канал 5

Салман Ружди ќе објави книга за обидот за негово ликвидирање

Американско-британскиот автор Салман Ружди ќе објави книга идната пролет за нападот со нож кој за малку ќе го чинеше живот летото 2022 година, за да одговори „на насилството преку уметноста“, објави неговиот издавач „Пингвин Рендом Хаус“.

Салман Ружди ќе објави книга за обидот за негово ликвидирање

„Тоа е неопходна книга за мене, начин да се помирам со она што се случи и да одговорам на насилството преку уметноста“, рече 76-годишниот писател со индиско потекло, икона на слободата на изразување на Западот, објави францускиот весник „Фигаро“.

Книгата ќе биде објавена на 16 април 2024 година во повеќе од 15 земји, вклучувајќи ги САД и Велика Британија, додаде издавачот.

Галимар најави француско издание за 18 април 2024 година, додека неговите романи досега главно ги објавува Акт Суд во Франција.

Салман Ружди, кој од 1989 година живее под закана за смрт од фатва издадена од Иран, по објавувањето на книгата „Сатански стихови“, беше нападнат со нож на 12 август 2022 година во Њујорк на конференција за уметнички слободата.

Нападот го извршил млад Американец со либанско потекло, осомничен дека е симпатизер на шиитскиот Иран.

Тешко повреден, писателот го изгубил видот на едното око во овој напад и рече дека имал големи тешкотии да пишува шест месеци по настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американска пливачка собори два светски рекорда во ист ден

Американската пливачка Кејт Даглас собори два светски рекорда во ист ден на Првенството во пливање „Пан Пацифик“ во Ирвин, Калифорнија.

Американска пливачка собори два светски рекорда во ист ден

Во финалето на трката на 50 метри слободен стил, Даглас дополнително го подобри рекордот што го постави само неколку часа претходно во квалификациите.

Во финалето, Даглас ја заврши трката за 23,19 секунди, надминувајќи го сопствениот резултат од 23,49 секунди од утринските квалификации за дури 30 стотинки.

Со тоа, таа повторно го презеде светскиот рекорд во оваа дисциплина од својата сонародничка Гречен Волш.

Волш претходниот светски рекорд од 23,55 секунди го постави на 28 јуни на митингот „Сет Коли Трофи“ во Рим, но Даглас двапати го собори светскиот рекорд во текот на истиот ден.

Американката претходно учествуваше во соборувањето на светскиот рекорд во штафетата 4x100 метри мешано на првата вечер од натпреварувањето, заедно со Гречен Волш, Ван Матијас и Вил Модглин. Даглас е освојувач на пет олимписки медали.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Поплави во Шпанија, загинаа две жени, седум региони се под предупредување.

Две постари жени загинаа, а две бебиња се повредени во поплави и одрони предизвикани од обилни врнежи во рурална област во северозападна Шпанија.

Видео: Поплави во Шпанија, загинаа две жени, седум региони се под предупредување.

Локалните власти ја потврдија информацијата.

Поради најавените невремиња и обилни врнежи, во недела е на сила жолто предупредување за временските услови во седум региони, пренесува Ројтерс.

Службите за итни интервенции во автономната заедница Кастиља и Леон соопштија дека загинатите жени имале приближно 60 и 80 години. Несреќата се случила доцна во саботата вечерта во селото Манзанедо де Валдуеза, недалеку од Понтеведра. Надлежните исто така објавија дека две доенчиња се здобиле со нагмечувања и им била укажана лекарска помош.

Шпанската агенција за цивилна заштита издаде предупредувања за невреме и обилни врнежи од дожд за недела, кои опфаќаат седум региони во централните и северните делови на земјата.

Овие поплави доаѓаат по повеќенеделен период на рекордно високи температури, за време на кој земјата беше погодена и од серија големи шумски пожари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Подигнати авиони на НАТО – добиена дозвола за напад

Романското Министерство за одбрана денеска соопшти дека рано утринава во неделата, авион на НАТО соборил беспилотно летало што нелегално навлегло во романскиот воздушен простор.

Подигнати авиони на НАТО – добиена дозвола за напад

Беспилотното летало било уништено од пилотите на авионите Ф-18 на шпанското воено воздухопловство, распоредени во Романија, пренесува порталот Digi24.ro.

„Во текот на ноќта меѓу 15 и 16 август, во 4:44 часот наутро, системите за надзор на воздушниот простор на романското Министерство за одбрана регистрираа навлегување на воздушна цел во националниот воздушен простор од правец на Република Молдавија, на околу 24 километри северно од Галац“, се наведува во соопштението на романското Министерство за одбрана.

Авион Ф-18 на шпанското воено воздухопловство, кој извршуваше борбена задача во рамките на мисијата за воздушно патролирање од воздухопловната база „Михаил Когалничану“, успешно го собори дронот, а како можна локација за падот на неговите остатоци е идентификувана ненаселена област меѓу местата Балени и Кудалби, во округот Галац. Според соопштението, воздушната тревога за округот Галац заврши во 5:20 часот наутро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер