Салма Хаек во бикини ги воодушеви фановите и веднаш доби над половина милион лајкови (ФОТО) - Канал 5

Салма Хаек во бикини ги воодушеви фановите и веднаш доби над половина милион лајкови (ФОТО)

Салма Хаек минатото лето ги воодушеви своите фанови со фотографии во бикини, а сега уште еднаш се пофали дека ужива на плажа.

Салма Хаек во бикини ги воодушеви фановите и веднаш доби над половина милион лајкови (ФОТО)

57-годишната актерка објави фотографија на Инстаграм на која позира во жолто бикини и го додаде хаштагот #sundaymood.

Фотографијата за само еден ден од објавувањето собра повеќе од 564 илјади лајкови, а фановите во коментарите го пофалија нејзиниот изглед.

„Најубава“, „Изгледаш неверојатно“, „Прекрасна“ и „Повторно ќе го скршиш интернетот“ се само дел од коментарите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Развојот на ависообраќајот е производ на паметните политики на Владата, секој месец рушиме рекорди

Успехот што го постигнуваме во развој на авиосообраќајот е резултат на паметната политика на субвенционирање што ја создадовме 2024 година и почнавме да ја спроведуваме во 2025 година и веќе ги даде резултатите. 

Николоски: Развојот на ависообраќајот е производ на паметните политики на Владата, секој месец рушиме рекорди

Секој месец рушиме рекорди. Во јули месец, споредено со јули минатата година, двата аеродроми пораснаа 21%, август пораснаа 31%- вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

“Кога бевме избрани, вкупната фреквенција на сообраќај на двата аеродроми заедно беше некаде околу 2 милиони и 400 илјади. Јас очекував до крајот на првиот мандат на оваа влада на ВМРО-ДПМНЕ некаде околу 3,2 – 3,3 милиони патници, а веќе стигнавме за една година на 3 милиони патници и оваа година е само прашање на среќа, буквално на десеттина илјади патници, дали ќе стигнеме до 4 милиони патници. Значи, држава со милион и 800 жители има 4 милиони патници на двата аеродорми. Дополнително на тоа, ние го снабдуваме приштинскиот аеродром целосно со керозин и снабдуваме голем дел од потрошувачката на нишкиот аеродром. Исто така на Скопскиот аеродром е третата најголема база на компанијата Визер, во моментов најголема европска компанија после Туркиш Ерлајнс во авиоиндустријата и сите нивни авиони коишто преноќуваат на Скопскиот аеродром се најновите Ербаси, “Airbus A321Neo”, коишто најмалку загадуваат” – истакна вицепремиерот Николоски

Во делот на Охридскиот аеродром, вицепремиерот вели дека има огромен раст на сообраќајот, со можност Визер, базата да ја прошири и во Охрид со уште еден авион.

“ Концесијата кога е дадена, во неа пишуваше дека до 2030 година Охридскиот аеродром ќе достигне 130.000 патници. Значи тоа го определил концесионерот и државата. Оваа година Охрид ќе помине 350.000–400.000 патници, со многу голема шанса да го замине Нишкиот аеродром” – вели Николоски.

Најави дека се прецизира отворање на линијата Скопје-Дубаи.

“Дубаи е одлична дестинација. Одлична што голем дел од бизнисот веќе се сели во Обединетите Арапски Емирати, зборувам од европскиот бизнис. Оние големи саеми каде што се претставуваат производители веќе мигрираат кон Дубаи, што многу ќе значи за македонските производители од една страна. Од друга страна, очекуваме сè повеќе туристи од Обединетите Арапски Емирати и во Скопје”- истакна Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Реновирана спортската сала во „Коле Неделковски“, подобри услови за спорт и развој на учениците

Со спортски активности и многу игра, во обновената фискултурна сала во ООУ „Коле Неделковски“ се одбележа Детската недела. На учениците им се придружи и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Герасимовски: Реновирана спортската сала во „Коле Неделковски“, подобри услови за спорт и развој на учениците

„Салата ја реновиравме во текот на летото. Учениците сега имаат функционален простор за спорт и физичка активност, а дополнително тука се и игралиштата во училишниот двор. Спортот е важен елемент во образовниот процес и затоа континуирано вложуваме во развојот на таа инфраструктура. Децата мора да спортуваат и да го градат тимскиот дух , ако сакаме утре да имаме генерации кои ќе бидат здрави“, истакна градоначалникот Герасимовски.

Просторот во салата од 350 квадратни метри, која со децении беше во незавидна состојба, сега е целосно трансформиран во современ и безбеден амбиент со одлични услови за наставата по физичко образование и за рекреација.

Реконструкцијата опфати целосно освежување на паркетот, кој е избрусен и лакиран, како и санација на ѕидовите, таваните и нови внатрешни врати. Поставени се нови инвертер-клима уреди и современо ЛЕД-осветлување, а електричната инсталација е целосно заменета. Дополнително, обновени се соблекувалните и кошевите, а во тек е обновување и замена на преостанатите спортски реквизити.

Општина Центар, вложувајќи во образованието и спортот, го поттикнува правилниот физички и ментален развој на учениците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кристијано Роналдо се огласи по збогувањето на Меси: Никој не ги очекуваше овие зборови...

Лионел Меси се прости од аргентинската репрезентација со емотивна порака по својот последен настап во дресот на „Гаучосите“, а набрзо потоа и Кристијано Роналдо ја коментираше неговата објава.

Кристијано Роналдо се огласи по збогувањето на Меси: Никој не ги очекуваше овие зборови...

Еден од најдобрите свтески фудбалери во историјата, волшебникот со буба мара Лионел Меси се прости од аргентинската репрезентација со емотивна порака по својот последен настап во дресот на „Гаучосите“, а набрзо потоа и Кристијано Роналдо ја коментираше неговата објава.

Аргентинецот се осврна на својата репрезентативна кариера и призна дека веќе му недостига носењето на славниот сино-бел дрес.

„Вчера го одиграв последниот натпревар и веќе ми недостига сино-белиот дрес. Знам дека ја носам вистинската одлука. Тоа беше неверојатно патување, исполнето со радост и некои тажни моменти, но целосно сум убеден дека вредеше за секој чекор“, напиша Меси.

Тој особено им се заблагодари на своето семејство, пријателите, соиграчите и тренерите кои беа покрај него во текот на кариерата, но не го заборави ниту Диего Марадона.

„Не сакам да го заборавам Диего, кој ја издигна нашата земја таму каде што заслужуваше да биде и кој – како што секогаш велам – беше со нас на секој чекор, овде со нас, но и од небото“, рече Меси. Во емотивна порака, тој им се заблагодари на клубовите за кои настапуваше, како и на Бога, а на крајот повторно им се обрати на навивачите. „Ве сакам многу, ќе ми недостигате и засекогаш ќе бидам благодарен што бевте со нас – и со мене“, заклучи Меси.

А потоа уследи реакција што привлече посебно внимание. Под објавата на Меси се огласи Кристијано Роналдо, неговиот долгогодишен ривал од ерата што го одбележа светскиот фудбал.

„Лео, толку многу години во одбрана на твојата земја и историја што ќе остане засекогаш. Целосна почит за она што го постигна со Аргентина. Поздрав“, напиша Роналдо.

Меси ја заврши кариерата во националниот тим по финалето на Светското првенство во 2026 година, во кое Аргентина загуби од Шпанија со 0:1.

Сепак, тој се прости од репрезентацијата и на ревијалниот натпревар против Бенин, на кој Аргентина победи со 3:0. Двајцата беа најголеми ривали во светскиот фудбал повеќе од 15 години, но пораката на Роналдо уште еднаш покажа дека големото ривалство на теренот не мора да значи и недостаток на почит надвор од него.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер