Саливан: САД, Израел, Египет и Катар се договорија за „контурите“ на договорот за заложници

САД, Израел, Египет и Катар се договорија за „основните контури“ на договорот за заложниците.

Саливан: САД, Израел, Египет и Катар се договорија за „контурите“ на договорот за заложници

Соединетите Американски Држави, Израел, Египет и Катар постигнаа договор за „основните контури“ на договорот за заложниците и привремен прекин на огнот во Појасот Газа, изјави денеска за Си-Ен-Ен советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.

„За договорот сè уште се преговара“, рече Саливан, додавајќи дека се планирани индиректни разговори со палестинското исламистичко движење Хамас, а како посредници ќе бидат Катар и Египет.

Во меѓувреме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека се уште е нејасно дали тековните разговори ќе доведат до договор.

Во интервју за Си-Би-Ес Њуз, Нетанјаху рече дека подоцна денеска ќе се сретне со неговиот тим за да разговара за воениот план за евакуација на палестинските цивили во Газа и операцијата за уништување на преостанатите формации на Хамас.

„Ако имаме договор, тој ќе биде малку одложен, но тоа ќе се случи. Ако не се постигне договор, сепак ќе го направиме“, рече израелскиот лидер. /МИА

24 лица загинаа во големи шумски пожари во Јужна Кореја

Најмалку 24 лица загинаа во големите шумски пожари што го зафатија југоисточниот дел на Јужна Кореја.

24 лица загинаа во големи шумски пожари во Јужна Кореја

Уште 26-мина се повредени , од кои 15-ина критично во огнените стихии кои принудија на евакуација повеќе од 23 илјади луѓе.

Околу пет илјади пожарникари и војници се обидуваат да ги изгаснат пожарите кои досега опустошија околу 20 илјади хектари шума и над 200 објекти.

Како што пренесуваат јужно корејските медиуми, во пожарот изгорел и 1.300 години стар храм во градот Уисе-Онг, иако повеќето вредни предмети што биле внатре навреме биле изнесени на безбедно.

Каратистот Боре Видевски ги негира наводите за убиствата на Вања и Панче

Обвинетиот Боре Видевски не знае каде е пиштолот со калибар 9мм кој е во негова сопственост, а кој Палевски го посочуваше како „клуч“ за расчистување на убиствата.

Каратистот Боре Видевски ги негира наводите за убиствата на Вања и Панче

Тој на прашањата на судијата Ивица Стефановски посочи дека со години не знае каде му се наоѓа пиштолот, долго време го чувал дома, но не знаел точно каде завршил откако го извадил надвор од дома.

Видевски и на денешното рочиште негираше инволвираност во двете убиства, додека пак обвинителството читаше негов исказ даден во истрага, при што детално ги опишал грабнувањата и убиствата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска, посочувајќи го Љупчо Палевски како директен извршител.

-Тогаш слушнав истрел, девојчето беше убиено од куршумот на Палевски. Го прашав зошто го направи тоа, но тој само ги крена рамениците. Кога ја закопавме се вративме во Десна и тогаш пак го прашав зошто ја уби кога за неа требаше да бараме откуп. Тој рече: „Да помине малку време ќе бараме“ - Исказ на Боре Видевски во полициска станица

Видевски потврди и дека партијата Десна имала радиостаници, но дека ги користела само за партиски активности.. Инаку, според обвинителството и исказот на Велибор Манев, токму радиостаници биле користени за комуникација при грабнувањата.

За различните искази пак, неговиот адвокат тврди дека веродостоен е оној кој го дал во обвинителството, бидејќи исказот кој првично го дал во полиција бил под тортура.

-Јавноста може да верува на неговиот став даден во вториот исказ во ЈО, кога бевме заедно, а истиот исказ го даде и овде пред судот на минатото рочиште. Евидентно е употребена тортура од страна на полицијата врз него и тоа е евидентно по неговата здравствена состојба. - Бојан Манев – Адвокат на Боре Видевски

На следното рочиште кое е закажано за втори април, исказ треба да даде обвинетиот Влатко Кешишев.

Јон Фрчкоски поднесе оставка од партиската функција во СДСМ

Јон Фрчкоски поднесе оставка од морални причини од функцијата директор на Центарот за истражувања и анализи во СДСМ.

Јон Фрчкоски поднесе оставка од партиската функција во СДСМ

Директорот на Центарот за истражувања и анализа на СДСМ, Јон Фрчкоски поднесе оставка од функцијата од како што наведува на неговиот Фејсбук профил морални причини по обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека конзумирал наркотични средства иако нападите врз него ги оценува како дефокус на јавноста за начинот на кој се води истрагата за трагичната несреќа во Кочани, сепак вели дека не е горд на своето минато и не сака да биде товар на партијата, како и дека нема да дозволи СДСМ да биде мета на напади и јавен линч.

притисни ентер