Сали: Остануваме посветени на реформската агенда, има напори за усвојување на изборниот законик - Канал 5

Сали: Остануваме посветени на реформската агенда, има напори за усвојување на изборниот законик

Новата стратегија за проширување на Европската унија која за две недели треба да биде претставена во Брисел, не нуди олеснување на евроинтегративниот процес, туку негово забрзување за да се реализира во текот на следните 2 години.

Сали: Остануваме посветени на реформската агенда, има напори за усвојување на изборниот законик

Новата стратегија за проширување на Европската унија која за две недели треба да биде претставена во Брисел, не нуди олеснување на евроинтегративниот процес, туку негово забрзување за да се реализира во текот на следните 2 години, изјави министерот за европски прашања Беким Сали. Во меѓувреме, државава чека и одобрување од Европската комисија за дополнителен пакет реформски чекори додека пак за реформскиот Изборен законик повторно се водат преговори за негово усвојување - посочи ресорниот министер.

-Во новиот пакет во кој што ние сме „топ-ап„ држава и се очекува да имаме дополнителни чекори во реформската агенда, тука веќе имаме предложено околу 25 точки во кои што државата е спремна да ги реализира тие реформи. Се очекува од Европската комисија, да ги потврдат дали се согласуваат за тие чекори или пак имаат некакви други или дополнителни барања. // Нема олеснувања во процесот од аспект на реализација на сите очекувања кои се дел од реформската агенда или пак процесот на интегрирање,- изјави министерот за европски прашања Беким Сали.

Побрзото проширување на Унијата но и постепената интеграција на земјите кандидатки на патот кон полноправно членство беа едни од главните теми на денешниот собир во Скопје на главните преговарачи од сите девет земји аспирантки.

-Прво, моментумот за проширување мора да се претвори во веродостојни реформи и реализација и обратно. Второ, постепената интеграција ќе им донесе придобивки од ЕУ на граѓаните и бизнисите попатно,- -Бен Нупнау, заменик евроамбасадор.

-Кредибилниот процес на проширување мора да остане цврсто заснован на заслуги, демократски вредности, владеење на правото и ефикасно спроведување на реформите,- -Петра Дрекслер, Амбасадор на Германија во Македонија .

По презентирањето на новата стратегија за проширување, во посета на земјава се очекува и претседателката на Европската комисија – Урсула фон дер Лајен.

Вчера, евроамбасадорот во земјава – Михалис Рокас, посочи дека токму оваа посета може да биде како што рече, одлучувачки чекор во однос на отворањето на пристапните преговори за државава, притоа не откри повеќе детали за потенцијалните решенија кои што се дискутираат.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хрватски пар уапсен во Германија: Жртвата била мачена, тепана и задавена во Словенија

Во петокот вечерта, германската федерална полиција уапси двајца хрватски државјани – маж и жена – на границата со Холандија, Словенија имаше издадено европски налог за апсење за нив. 

Хрватски пар уапсен во Германија: Жртвата била мачена, тепана и задавена во Словенија

Тие се товарат за тешко убиство, соопшти германската федерална полиција во Бад Бентхајм.

Апсењето се случи околу 19:20 часот на паркинг на улицата „Бентхајмер штрасе“ (Bentheimer Straße) во општината Истерберг. Полициски службеници во цивил запреа автомобил со словачки регистарски таблички како дел од привремено воведените контроли на внатрешните граници.

Издаден налог за убиство со мачење

Проверката на идентитетот на патниците – 31-годишен возач и 29-годишна сопатничка – покажа дека и двајцата се бараат врз основа на европски налог за апсење. Словенечките власти бараат нивна екстрадиција поради сомнение за убиство и нанесување тешки телесни повреди. Според налогот, тие се обвинети дека ја мачеле, тепале и задавиле жртвата.

Уапсениот пар ја помина ноќта во полициски притвор, а во саботата се појавија пред судија во Окружниот суд во Нордхорн. Судијата одреди притвор, по што тие беа префрлени во казнено-поправна установа. Јавното обвинителство во Олденбург сега ја води постапката за екстрадиција во Словенија.

Откриени и други прекршоци

Полициските проверки исто така открија дека регистарските таблички на запрениот автомобил не му припаѓале на тоа возило. Покрај тоа, 31-годишниот возач немал важечка возачка дозвола. Автомобилот е одземен, а покрената е посебна постапка во врска со овие прекршоци.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Електричниот „Mitsubishi“ добива зголемен досег, а цената му е намалена за дури 12.700 евра

„Mitsubishi Eclipse Cross EV“ добива батерија од 67 kWh и досег до 650 км!

Електричниот „Mitsubishi“ добива зголемен досег, а цената му е намалена за дури 12.700 евра

Една година по дебито, „Mitsubishi Eclipse Cross EV“ – достапен за европските купувачи – добива технички надградби инспирирани од „Renault Scenic E-Tech“, со кој ја дели технологијата.

Најзначајната новина е новата „LFP“ батерија од 67 kWh, која овозможува досег до 472 километри (според „WLTP“).

Поголемата батерија ја задржува „NMC“ технологијата, но нејзиниот капацитет е зголемен од 87 на 89 kWh.

Благодарение на ова, максималниот досег се зголемува за 15 километри, достигнувајќи 650 километри (според стандардот „WLTP“).

Двете батерии поддржуваат брзо полнење со еднонасочна струја (DC). Полнењето од 15% до 80% од капацитетот трае 24 минути за помалата батерија и 28 минути за поголемата.

За погонот е задолжен еден електромотор на предната оска, кој сега развива 223 КС – зголемување од 5 КС во однос на претходната верзија.

Дизајнот останува непроменет; цената е значително пониска

„Mitsubishi“ не го промени надворешниот изглед по само една година на пазарот.

Познатите детали остануваат и во кабината, вклучувајќи ги двата екрани од 12,3 инчи и мултимедијалниот систем на „Renault“ базиран на платформата на „Google“.

Ажурираниот „Eclipse Cross EV“ ќе биде достапен за нарачка на европските пазари од ноември 2026 година.

Почетната верзија („Mid-Range“) со батерија од 67 kWh чини 32.990 евра, вклучувајќи попуст и субвенција од 3.000 евра за електрични возила. За споредба, почетната цена на „Eclipse Cross EV“ при лансирањето на пазарот минатата година изнесуваше 45.690 евра. Тоа значи дека почетната цена сега е пониска за 12.700 евра.

Верзијата со поголем досег („Long-Range“) и батерија од 89 kWh пристигнува подоцна, додека актуелниот модел со поголемата батерија е достапен по цена од 40.490 евра.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Засилени сообраќајни контроли за електрични тротинети, одземени 18 електрични тротинети

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени сообраќајни контроли.

Засилени сообраќајни контроли за електрични тротинети, одземени 18 електрични тротинети

Министерството за внатрешни работи- Сектор за сообраќајни работи во текот на минатиот месец (август) спроведе засилени акциски контроли на целата територија на државата за санкционирање на прекршоците што ги чинат возачите на лесни електрични возила (електрични тротинети), при што се констатирани 606 прекршоци. Од нив, 162 санкции се изречени за неносење рефлектирачко елек при управување електричен тротинет во ноќни услови, 134 поради некористење велосипедска или пешачка патека, 59 поради некористење заштитен шлем, 45 поради превезување на две лица, 20 за малолетници кои управувале електричен тротинет итн. При тоа, одземени се 18 електрични тротинети во времетраење од 30 дена.

Од вкупниот број прекршоци, најголем дел се констатирани на подрачјето на СВР Битола – 236, потоа СВР Скопје – 97, СВР Струмица- 82, СВР Охрид – 57, СВР Тетово -27, СВР Велес-18, СВР Штип-13, СВР Куманово – 7 и 69 од Мобилната единица за безбедност во сообраќајот.

Во текот на контролите констатирани се и 3665 прекршоци од друг вид. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки и изречени се санкции согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени сообраќајни контроли со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер