Министерство за култура: Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2026 година
2Министерство за култура: Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2026 година
3Австралија соопшти дека вештачката интелигенција на „Опенаи“ извршила упад во владин портал за здравствени податоци
МакедонијаСали: Европската интеграција останува стратешки приоритет, проектите ќе ја зајакнат јавната довербаТој посочи дека по завршувањето на скрининг фазата, земјата влегува во одлучувачка фаза на евроинтеграциите, во која фокусот е на конкретна имплементација на реформите и постигнување мерливи резултати.Европската интеграција останува највисок стратешки приоритет на државата и неповратен процес, порача денеска првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали на церемонијата за доделување грантови во рамки на повикот „Зајакнување на јавниот ангажман и комуникацијата на патот кон членство во ЕУ“. Тој посочи дека по завршувањето на скрининг фазата, земјата влегува во одлучувачка фаза на евроинтеграциите, во која фокусот е на конкретна имплементација на реформите и постигнување мерливи резултати. Министерот ја нагласи важноста од градење јавна доверба и транспарентна комуникација, како и вклучување на граѓаните во процесот, додавајќи дека европската интеграција не е само институционален, туку и општествен процес кој бара широк консензус и активна поддршка од јавноста. Сали им честиташе на добитниците на грантовите, изразувајќи благодарност за поддршката од меѓународните партнери. Според него, проектите што ќе се реализираат преку грантовите ќе придонесат за поинаклузивен и потранспарентен процес на приближување кон Европската Унија. Првиот вицепремиер изрази очекување дека проектите ќе донесат конкретни резултати и ќе помогнат во зајакнување на довербата на граѓаните во европскиот пат на државата. Тагови: Беким Сали Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00
МакедонијаНа Граничниот премин „Свети Наум“уапсено лице барано по потерницаНа 22.09.2026 година, на влез на Граничниот премин „Свети Наум“, полициски службеници го лишиле од слобода С.Ч.(44) од Охрид, со живеалиште во Битола.Лицето се барало по централна потерница распишана по наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. С.Ч. е лице под истрага и е опфатено со кривична постапка за дела “злосторничко здружување” по член 394, “даночни затајување” член 279 и “перење пари и други приноси од казниво дело” член 273 од Кривичниот законик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураМинистерство за култура: Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2026 годинаОдборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ распиша Конкурс за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2026 година.Со државната награда „Св. Климент Охридски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност. Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани. Државната награда може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство за долгогодишни остварувања кои се од јавен интерес за Република Македонија. Конкурсот ќе трае од 25.9.2026 до 15.10.2026 година. Конкурсот и пријавата се достапни на веб-страницата на Министерството за култура и туризам: Државни награди - Државни награди - Конкурси - Министерство за култура и туризам - Република Северна МакедонијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00
ЗабаваФото: Бред Пит повторно е најголемата ѕвезда во Холивуд, а воопшто не се оптоваруваНајголемиот заводник во Холивуд, актерот Бред Пит повторно воодушеви со својот изглед на Филмскиот фестивал во Сан Себастијан.Мегапопуларниот актер на филсмкиот фестивал се појави во тексас комбинација. Бред Пит веќе подолго време го привлекува вниманието на јавноста. Често можеме да го видиме во необични, лежерни изданија што не ги следат правилата на светот на модата кога станува збор за големи филмски настани и проекции. Неодамна, на Меѓународниот филмски фестивал во Сан Себастијан, тој се претстави во шарена комбинација што спојува дури шест навидум неспоиви бои, а сега нè воодушеви со младешки изглед. Тој присуствуваше на прес-конференцијата за филмот „Срцето на ѕверот“ и за таа прилика одлучи да ја продолжи својата низа лежерни комбинации, кои изгледаат како воопшто да не се трудел да го шармира светот на модата. Се појави во тексас од глава до пети, постигнувајќи го оној лежерен, младешки изглед. Сепак, главниот адут на стајлингот беа парчињата облека што се „криеја“ под неговата тексас-јакна. Носеше бела кошула со розова вратоврска, со што постигна ефект на модерна елеганција која не делува премногу круто. Ќе се согласите, ретко кој маж би се осмелил на ваква модна комбинација...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter