Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
МакедонијаСали–Бланар: Поддршката на Словачка за европската интеграција на Македонија останува силна и значајнаПрвиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, во рамки на посетата на Братислава, оствари средба со министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар.На средбата беа потврдени одличните односи меѓу двете земји и континуираната поддршка на Словачка за европската перспектива на Македонија и на Западен Балкан. Сали му се заблагодари на министерот Бланар за гостопримството и за континуираниот ангажман на Словачка во одржувањето на политиката на проширување високо на агендата на Европската Унија, особено истакнувајќи ја активната улога на Братислава во рамки на групата „Пријатели на Западен Балкан“. „Европската иднина на Македонија е наша стратешка определба и остануваме целосно посветени на реформите и исполнувањето на обврските што произлегуваат од процесот на пристапување. Истовремено, од суштинско значење е процесот да остане кредибилен, предвидлив и заснован на заслуги, при што исполнувањето на договорените обврски ќе биде проследено со конкретен напредок“, истакна Сали. Во овој контекст, беше разговарано и за значењето на добрососедските односи и потребата билатералните прашања да се решаваат преку дијалог, меѓусебно разбирање и почитување, притоа зачувувајќи го европскиот и реформскиот карактер на пристапниот процес. Сали истакна дека Македонија останува посветена на конструктивен дијалог со Бугарија и на градење одржливи добрососедски односи, нагласувајќи ја важноста европскиот процес да обезбеди предвидливост и сигурност дека исполнувањето на договорените обврски ќе овозможи напредок кон следните фази од преговорите. Соговорниците разговараа и за постепената интеграција на земјите кандидати во политиките и единствениот пазар на ЕУ, спроведувањето на Реформската агенда и Планот за раст за Западен Балкан, како и за можностите за продлабочување на билатералната соработка и размена на словачкото искуство во процесот на европска интеграција. Сали нагласи дека поддршката од пријателски и партнерски земји како Словачка е значајна како за напредокот на Македонија кон ЕУ, така и за зачувување на кредибилитетот на политиката на проширување во целиот Западен Балкан. Кабинет на министерот за европски прашањаТагови: Беким Сали Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСите петмина кандидати за шеф на ОЈО ГОК остануваат во трката Заврши огласот за нов шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција со што петмина обвинители официјално поднеле кандидатури. Советот на јавните обвинители денеска на седница формираше комисија за подготовка на кандидатските листи која во следните три дена треба да провери кој од нив ги исполнува законските услови, и кој би влегол во трката, а формирашѓе и комисија за спроведување на изборот. -Официјално се пријавија пет кандидати, јавноста веќе ги знае. Значи за тие пет кандидати сега комисијата ќе разгледа дали ги исполнуваат условите согласно закон согласно огласот и ќе ги објават во рок од три дена. Потоа веќе е закажан изборот за 20 октомври. – Башким Бесими – Претседател на Совет на ЈО За позицијата, како што и самите потврдија, се кандидираа вишите обвинители од скопско Јове Цветановски и Трајче Пеливанов кој е и поранешен обвинител во СЈО. Потоа обвинителката од ОЈО Скопје Лидија Раичевиќ, како и обвинителките од ОЈО ГОКК Искра Хаџи-Василева и Фатон Азизи. За обвинителот Цветановски, неодамна заврши и дисциплинската постапка која се водеше против него а ја покрена екс државниот обвинител Љупчо Коцевски. Дисциплинската комисија ја укина претходно изречената казна и не утврди одговорност, со што му се отвори патот да конкурира за раководната позиција на ојо гокк... Тој како виш обвинител по приговорот на АД ЕСМ, даде мислење да продолжи прекинатата истрага за мазутот во ТЕЦ Неготино која претходно беше прекината откако ова обвинителство не најде штета на државниот буџет. Државниот јавен обвинител Ненад Савески најавил дека нема да ја обжали одлуката на комисијата. -Одлуката ја примив. Нема да поднесам а освен тоа рокот за поднесување жалба е истечен. – Ненад Савески – Јавен обвинител на РМ На 28 октомври ќе се спроведе гласањето за нов шеф на ОЈО ГОКК кој ќе го наследи Ислам Абази. За петтемина кандидати ќе гласаат сите јавни обвинители во државата, односно околу 160 обвинители од сите јавни обвинителства. Потоа, Советот на јавните обвинители ќе го именува кандидатот кој ќе освои најмногу гласови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија85 милиони евра за реновирање на студентските домови, ќе штедат 56 отсто енергија„Стив Наумов“ наскоро ќе ги отвори вратите за студентите, додека посложената реконструкција на „Кузман Јосифовски-Питу“ треба да заврши до крајот на годинава. Во „Кузман“ било утврдено дека зајакнувањата направени по скопскиот земјотрес не ги исполнуваат денешните стандарди, поради што била потребна дополнителна санација на конструкцијата. По реконструкцијата, домот ќе има капацитет за околу 280 студенти, сместени во еднокреветни соби со нов мебел, греење и ладење. Овие два скопски дома се првата фаза од поширокиот проект, кој до 2031 година треба да опфати девет студентски домови, шест ресурсни центри и еден ученички дом во седум града. Подобри услови треба да добијат повеќе од пет илјади студенти и ученици. За преостанатите седум студентски домови тендерите се во завршна фаза, а наскоро треба да започне реконструкцијата и на „Никола Карев“ во Охрид. Расположливиот буџет изнесува над 80 милиони евра. Од нив, 60 милиони се заеми од германската развојна банка, повеќе од 21 милион се неповратни средства од Европската Унија, а 3,85 милиони евра обезбедува Министерството за образование и наука. Од ЕУ и и развојната банка објаснуваат дека комбинирањето на грантовите со заемите го прави финансирањето поповолно за државата. Со реконструкцијата и помалата потрошувачка на енергија оченувањата се да се создат заштеди што ќе помогнат во отплатата на заемите. По обновата, потребата за енергија во домовите треба просечно да се намали за 56 проценти, а емисиите на јаглерод диоксид за 49 проценти. Четири од домовите – во Охрид, Прилеп и Штип, како и „Томе Стефановски-Сениќ“ во Скопје , ќе се реконструираат според повисок стандард, близу до објекти со речиси нулта потрошувачка на енергија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПуштена во употреба реновираната зграда на Клиниката за неврофизиологија Неврофизиологија доби нов лик – подобри услови за пациентите и посовремена работна средина за медицинскиот персонал. Внатрешниот дел е целосно реновиран, а обновата продолжува во втора фаза со реконструкција на фасадата и кровот. Со вкупно 20 болнички легла, од Клиниката велат дека се зголемуваат капацитетите за хоспитализација и се подобруваат условите за третман на пациентите. Новина е и Кабинетот за когнитивна стимулација, кој треба да овозможи нов пристап во работата со пациентите со деменција. Директорот Јован Божиновски најавува и набавка на апарат за магнетна резонанца, како еден од приоритетите на Клиниката. Но, инвестициите не се насочени само кон просторот и опремата. Од Клиниката велат дека во изминатиот период е зајакнат и медицинскиот кадар. Ангажирани се нови лекари и друг медицински персонал, а 25 млади здравствени работници одлучиле својата професионална иднина да ја продолжат во земјава и да придонесуваат во домашното здравство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook