Видео: Десетици китови насукани на плажа: Спасувачите се обидуваат да ги вратат преживеаните во водата
2Видео: Десетици китови насукани на плажа: Спасувачите се обидуваат да ги вратат преживеаните во водата
БалканСали Бериша е обвинет за корупција, приведен е и неговиот зет Албанското обвинителство го обвини поранешниот премиер Сали Бериша и неговиот зет за корупција поврзана со договорот за купопродажба на терени и објекти за спортски клубови, соопштија денеска истражителите.Канцеларијата на Специјалното обвинителство за борба против корупција и организиран криминал, познато како СПАК, во обвинението обвини дека Бериша го користел своето влијание како премиер од 2005 до 2009 година за да изврши притисок „за завршување на процедурите за приватизација во корист на други, вклучително и сопругот на неговата ќерка“. Неговиот зет е уапсен вчера вечерта, а Бериша е пратеник, па има имунитет од гонење. Нему му е забрането да ја напушта државата и има обврска да се пријави во полиција. Кривична постапка беше покрената во 2020 година кога актуелниот министер за внатрешни работи, Таулант Бала, го обвини Бериша дека е вклучен во приватизацијата на терен и другите спортски објекти на ФК Партизани во албанскиот главен град Тирана, кои подоцна биле заменети со катна згради. Бериша го обвини премиерот Еди Рама дека го организирал целиот случај. „Тој им нареди на своите платеници обвинители. Обвинувањата се неосновани и се директни политички напади на Еди Рама врз мене“, им изјави Бериша на новинарите вчера вечерта. Соединетите Американски Држави им забранија на Бериша и неговото семејство да влезат во земјата во 2021 година со образложение дека како премиер бил вмешан во „коруптивни дела како проневера на јавни средства и мешање во јавни процеси, што вклучува злоупотреба на моќта за лична корист и збогатување на политичките сојузници и членовите на семејството“. Бериша беше претседател од 1992 до 1997 година, веднаш по падот на комунизмот во Албанија, и премиер од 2005 до 2013 година. Тој сега е лидер на Демократската партија, најголемата опозициска партија, но води одделни правни битки за неговото лидерство со друга партиска фракција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - ПалентаВо четврток (29.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Александар Терца Мишковски.Состојки за денешниот рецепт: 200 гр. палента 100 гр. кашкавал 50 гр. сирење 1 мала кисела павлака 20 гр. путер сол, бибер, сув зачин и свежо нане Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗдружение на млади паравници: За несобран отапд испратете фотографии на [email protected]Македонското здружение на млади правници со интересна иницијатива, ги повикува граѓаните да пријавуваат локации во Скопје каде има несобран комунален отпад, со цел да се побара инспекциски надзор и реакција од надлежните институции.За да се документираат проблемите, граѓаните треба да испратат фотографија или видео од отпадот, точна локација, како и датум и време кога е направена снимката. Пријавите може да се достават преку приватна порака или на електронската адреса на здружението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаГермански политичар пронајден мртов во хотелска соба! Мистериозна смрт ја потресе нацијата55 годишниот Хуберт Ивангер, министер за економија и заменик-премиер на германската покраина Баварија, е пронајден мртов во хотелска соба во Берлин. Веста прв ја објави германскиот весник „Билд“, повикувајќи се на извори од баварската покраинска влада и берлинската полиција. Ивангер бил пронајден во средата вечерта, на 4 ноември, во хотелот „Нојер Фриц“ (Neuer Fritz) во берлинската населба Мите. Според весникот „Билд“, Ивангер требало да присуствува на отворањето на новата канцеларија на неговата партија „Слободни гласачи“ (Freie Wähler) во Берлин, но го откажал учеството бидејќи не се чувствувал добро. Германските медиуми пренесуваат дека претходно тој го откажал и планираното интервју. Политичарот престојувал во хотелот, а откако престанал да одговара, бил пронајден мртов во својата соба. Според информации од весникот „Тагесшпигел“ (Tagesspiegel), Ивангер наводно првично имал симптоми на гастроинтестинална инфекција. Берлинската полиција и обвинителството покренаа постапка за утврдување на околностите на смртта, со цел да се дознаат точната причина и текот на настаните, како и да се исклучи можноста за вмешаност на трети лица. Весникот „Тагесшпигел“, повикувајќи се на полициски извори, објави дека засега нема индиции за надворешно влијание и дека се претпоставува оти смртта настапила од здравствени причини. Според весникот „Билд“, на телото на политичарот не се забележани надворешни повреди, а засега нема ниту првични сомневања дека станува збор за кривично дело. Сепак, истрагата е во тек, а официјалната причина за смртта сè уште не е соопштена.Тагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00