3Клековски: Три нови антикоагулантни лекови се на позитивна листа – од 1 јули се достапни во аптеките
КошаркаСалата во Градски парк официјално преименувана во „Лазар Лечиќ“Советниците во општина Центар на денешната седница ја усвоија иницијативата на градоначалникот Горан Герасимовски, салата во Градскиот парк да го носи името на легендата на македонската кошарка Лазар Лечиќ.Спортската сала во Градскиот парк минатиот месец беше ставена во функција по едногодишна реконструкција според највисоките стандарди за одигрување кошаркарски натпревари. „На мој предлог, салата се преименува во чест на човекот кој остави длабока трага во македонската кошарка и во историјата на КК Работнички. Ја реконструиравме од корен и таа сега доби целосно нов лик – заслужува име што ќе го продолжи духот и традицијата на клубот. Горд сум што нашата сала е по ФИБА стандарди, подготвена за нови спортски успеси и генерации кои ќе ја продолжат славната кошаркарска приказна на Работнички. Лазар Лечиќ е вистинска легенда и неговото име ќе живее овде, каде што испиша историја“, објави градоначалникот на општина Центар, Герасимовски, на својот Фејсбук профил. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФранцуски суд: Ле Пен може на претседателските избори, но ќе носи електронска алкаАпелацискиот суд во Париз ја потврди пресудата на Марин Ле Пен за злоупотреба на средства од Европскиот парламент, но ја скрати нејзината забрана за вршење јавна функција, со што ѝ го отвори патот повторно да се кандидира на претседателските избори. Лидерката на крајната десница, сега може да учествува на изборите следната година, но под услов да носи електронска нараквица една година, што претходно изјави дека не го прифаќа. Судот ѝ изрече тригодишна затворска казна – две години условно и една година со електронски надзор. Ле Пен се кандидираше за претседател три пати. Таа стана главен ривал на Емануел Макрон, откако двапати се кандидираше и два пати загуби од него.Тагови: ле пен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре променливо облачно со сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој попладне наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 34 степени. Следува период на претежно стабилно време. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер. Во четврток и во недела се очекува локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Тагови: променливо облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Град Скопје со помош за Венецуела - Скопје, град на солидарноста!Град Скопје доделува финансиска помош во висина од 1.200.000 денари за справување со последиците од земјотресот.„Скопје многу добро знае што значи болка по разорен земјотрес. Нашиот град ја носи таа лузна длабоко во својата историја, но ја носи и најсилната порака, дека кога е најтешко, човечноста мора да биде најгласна. По катастрофалниот земјотрес во 1963 година, Скопје не остана само. Светот подаде рака, народи од сите континенти помогнаа градот повторно да се роди од урнатините, а меѓу првите земји кои застанаа со помош и солидарност беше токму Венецуела. Тоа Скопје не го заборава. Токму затоа, денес, кога народот на Венецуела се соочува со последиците од земјотресот, Град Скопје возвраќа со човечност, почит и поддршка. Град Скопје доделува финансиска помош во висина од 1.200.000 денари за справување со последиците од земјотресот, како искрен чин на солидарност кон пријателскиот народ на Венецуела. Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на жртвите, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Нашите мисли се со сите граѓани кои минуваат низ овие тешки моменти. Скопје беше изградено од солидарноста на светот, меѓу кои беше и Венецуела. Затоа Скопје денес е светски град. Скопје памети. Скопје сочувствува. Скопје помага.“- објави на Фејсбук, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook