Салата „Расадник” може да биде новиот дом на РК Вардар

Стартува реконструкција на спортската сала „Расадник“, која долги години досега беше под клуч, а некогашниот нејзин сјај беше прекриен со отпад, руинирана инфраструктура. 

Надлежните очекуваат некогашниот дом, каде кариерата ја почнале еминентни имиња во македонскиот спорт за околу 1 година повторно да го добие некогашниот сјај.

„Од понеделник почнува реконструкцијата на салата проектот за реконструкција чини 120 милиони денари и се надеваме иако рокот според договорот е некаде 20 месеци, меѓутоа мислам дека со една добра соработка, со економскиот изведувач, со поддршка од локалната самоуправба, но и со константна комуникација со нас министерството мислам дека ќе го завшриме за многу пократок рок. “-изјави Борко Ристовски – министер за спорт.

„Оваа сала е доказ за тоа како 30 години наназад не функционирал системот и како многу ветувале и не реализирале.... од денеска па натаму, овде се менува приказната и сликата и ова повторно ќе биде место кадешто ќе се собира народот и кадешто ќе се раѓаат нови спортски имиња како што било случај во минатото .“-изјави Орце Ѓорѓиевски - градоначалник на Кисела Вода.

Реконструкцијата доаѓа откако пред една година Општина Кисела Вода ја презема спортската сала од Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти, без долгови. Некогашниот спортски новинар Атанас Костовски, вели го памети денот кога меѓуостанантите бил дел од отворањето на салата и се надева дека час поскоро ќе биде сведок на нејзиното повторно отворање, а најавено е и враќање на ракометниот клуб „Вардар“ во неговиот стар дом.

„Ми е драго што токму на овој ден општината го определи за реконструкција не некогашната наша спортска убавица....која да ве потсетам ја изградивме скопјаните со самопридонес имавме неколку години помали примања за 2 насто....“ -изјави Атанас Костовски – поранешен спортски новинар.

„Ние вардарците сме сентиментално врзани за оваа сала затоа што од 1985 до 1999 година Вардар играше во оваа сала и тогаш почна да освојува титули, куп, да игра во полуфинале во тогашниот систем на Европа - Лига Европа. “-изјави Михајло Михајловски - Долгогодишен претседател на РК Вардар.

Предвидено е со рекнструкцијата Расадник да добие простор за ракомет, баскет, мал фудбал, фитнес центар, теретана и спа центар, и простор кој ќе може да се издава.

Морбидно: Секои четири го откопува телото на починатата ќерка, ја мие и пресоблекува

Народот Тораја од Јужен Сулавеси во Индонезија спроведува еден од најбизарните обичаи за да го слави култот на мртвите.

Имено, на секои неколку години, овој народ ги обединува минатото и сегашноста преку необичен ритуал, а во рамките на церемонијата наречена „Ma'nene“, членовите на оваа заедница ги откопуваат телата на своите починати роднини, ги капат и ги облекуваат во нова облека, објави Лајфстајл.

Овој ритуал не е само симбол на почит кон мртвите, туку и длабоко вкоренето верување на овој народ дека душата постепено се преселува во задгробниот живот.

Секој август „Манене“ е време кога семејствата се собираат да ги исчистат и исушат телата на нивните предци, а потоа во духот на славењето често се фотографираат со нив. И ова е дел од верувањето дека присуството на покојникот е благослов за домот и семејството.

Според легендата, оваа необична традиција ја започнал извесен ловец Понг Румасек пред повеќе од еден век. Според легендата, тој пронашол напуштено тело во џунглата што му се згадило, па решил да го облече и да го закопа. Оттогаш, се вели дека бил благословен со обилен улов и плодна жетва.

Овој настан го иницираше верувањето кај народот Торај дека смртта не е крај - туку процес. Затоа со грижата за телата на покојниците обезбедуваат духовна блискост и континуитет меѓу живите и мртвите генерации. Ритуалот, според нив, станал мост меѓу живите и мртвите, со што е зачувана безвременската врска.

Некогаш, не толку ретко, се гледаат родители како поминуваат време со своите починати деца, па фотографијата на таткото кој на секои четири години го ископува телото на својата ќерка, го мие, облекува и го враќа во гроб го обиколи светот. На тој начин не само што го одржува жив народниот култ, туку и нивната нераскинлива врска.

Ги скршиле украсите за елка и од нив излегле стотици мравки: Отклучен е нов страв (ВИДЕО)

Американската тиктокерка Ем Пис се подготвувала да украси елка, но кога ги извадила украсните топчиња од кутијата, слушнала необични звуци.

„Морав да откријам што има внатре“, рекла таа, а потоа во видеото покажала како со стап скршила една топка, а од неа излегле мравки. „Погледнете ги мравките кои излегуваат, ова беше страшно“, рече таа во видеото кое собра 423.000 прегледи.

@empease7 PSA: If you stored ornaments in a cardboard box, give them a good shake outside before decorating inside. #christmas #ornaments #nightmarebeforechristmas #ants #ornamentsmash #fyp ♬ We Wish You a Merry Christmas (Glockenspiel Version) - Musik Bayi ID

Бројни тиктокери реагираа под видеото и го коментираа нејзиното ужасно откритие.

„Ова беше многу полошо отколку што мислев“, „Отклучен е нов страв“, „Не знам што очекував, но дефинитивно не беше ова“, „Некој да ми каже дека ова е вештачка интелигенција“, „Не ќе можам да ја заборавам оваа глетка“ и „Очекував две или три мртви бубачки, а не милион живи“, напишаа тие.

Еден тиктокер ја прашал каде ги чувала топчињата, а таа му напишала: „Кутијата беше во мојата гаража, на горната полица“, а потоа ѝ одговори: „Затоа во моментов ѝ помагам на мајка ми да ги замени сите картонски кутии со пластични“.

Мексико не сака да ги прифати депортираните мигранти од САД, кои се од други земји

Мексико сака да постигне договор со администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп дека не мора да прифаќа депортирани кои потекнуваат од трети земји во случај на масовни депортации на илегални имигранти од САД.

Мексико сака да постигне договор со администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп дека не мора да прифаќа депортирани кои потекнуваат од трети земји во случај на масовни депортации на илегални имигранти од САД, изјави денеска мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум.

Трамп вети дека ќе ги депортира мигрантите кои нелегално живеат во САД, а неговиот потпретседател Џеј-Ди Венс рече дека ќе депортира еден милион луѓе годишно.

Мексико е клучна алка во американската имиграциска политика во последниве години, прифаќајќи имигранти од земји како Куба, Хаити, Никарагва и Венецуела кои биле депортирани од САД.

Сложените дипломатски односи што ги имаат САД со некои од овие земји го отежнуваат депортирањето на мигрантите од овие националности директно во нивните земји на потекло.

„Се надеваме дека ќе постигнеме договор со администрацијата на Трамп, така што, во случај да се случат овие масовни депортации, тие да испраќаат луѓе од други земји директно во нивните земји на потекло“, рече Шејнбаум на прес-конференција.

Мексико „стои во солидарност со сите, но неговата главна цел е да им посака добредојде на Мексиканците“, рече таа.

притисни ентер