Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце
1Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце
3Николоски: Потпишан Договор за грант од 30,8 милиони евра со ЕБОР за изградба на автопатот Скопје - Блаце
ФудбалСалах се изедначи со Ибрахимовиќ и Шевченко по број на голови во Лигата на шампионитеФудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, постигна гол синоќа во победата од 3:2 над Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите во првото коло. Овој гол беше неговиот 48-ми во најсилното европско натпреварување. Триесет и тригодишниот Египќанец се искачи на 11. место на листата на стрелци на сите времиња во Лигата на шампионите, израмнувајќи се со Андриј Шевченко и Златан Ибрахимовиќ, кои двајцата застанаа на 48 гола. Пред Салах е напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, со 49 гола. Лидер е Кристијано Роналдо со 140 погодоци. Тагови: Мохамед Салах Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамЕвтините автомобили не поскапеа– тие едноставно исчезнаа од пазаротАвтомобилската индустрија се префрли на поскапи модели, а евтините автомобили речиси исчезнаа.Иако просечната цена на нов автомобил во САД сега е околу 50.000 долари, аналитичарите во „Кокс Аутомотив“ веруваат дека автомобилите не се главната причина за проблемот со прифатливоста. Според нив, најголемиот товар е зголемувањето на трошоците за домување, храна, осигурување, кредит и други трошоци за живот. Во исто време, новите автомобили нудат значително повеќе опрема отколку што имаа пред една деценија. Системи како што се автоматско сопирање, адаптивен темпомат, помош при одржување на лента и големи мултимедијални екрани сега се стандардни дури и кај попристапните модели. Сепак, постои и друга страна на приказната. Во последниве години, многу евтини модели исчезнаа од пазарот. Автомобили како што се „Хонда Фит/Џез“, „Форд Фиеста“ и „Шевролет Спарк“ повеќе не се произведуваат, додека производителите сè повеќе фаворизираат поскапи теренци и подобро опремени верзии. Како резултат на тоа, купувачите денес имаат многу помал избор на навистина прифатливи нови автомобили отколку што имаа пред една деценија. Иако растечките трошоци за живот се голем проблем, аналитичарите истакнуваат дека самата автомобилска индустрија придонела за фактот дека прифатливите модели речиси исчезнале од пазарот. Иако оваа вест се однесува на американскиот пазар, истиот тренд можеме да го видиме и во Европа, каде што многу мали, прифатливи автомобили постепено се исфрлаат од продажба, а нивното место го заземаат кросовери или електрични еквиваленти. Во двата случаи, станува збор за модели кои се поскапи од оние што ги наследуваат. Извор: Б92Тагови: автомобили Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
МакедонијаМицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - БлацеПотпишан договорот за изградба на автопат Скопје-Блаце.„Почитувани претставници на медиумите, Драги колеги од Владата, Почитуван амбасадоре Рокас, Почитуван Фатих, Претставници од Европската комисија, од Европската банка за обнова и развој, Почитуван директоре Трајановски, вработени во Јавното претпријатие за државни патишта, Сите коишто сте денеска овде со нас, Ми претставува голема чест и задоволство што денеска можеме да отпочнеме еден проект којшто со децении, би рекол, беше најавуван. А за мене како претседател на Владата претставува големо задоволство што наскоро на целата територија на државата ќе се развиваат 6 автопатски делници. Покрај оваа, којашто треба да го поврзе главниот град со границата со Косово, односно Блаце, тука се и делницата којашто треба да ги поврзе Тетово и Гостивар, Гостивар со местото Букојчани, го завршуваме делот од автопатот Кичево-Охрид, потоа Прилеп-Битола, и наскоро очекувам да биде завршена и процедурата којашто треба да го поврзе Букојчани со Кичево. Заедно со оваа автопатска делница, очекувам овие 6 автопатски делници во еден момент да се реализираат. Тоа ќе биде голема додадена вредност за македонската економија. Нешто коешто за мене претставува исклучително важно и еден од врвните приоритети на оваа Влада, економскиот развој да продолжи онака како што го поставивме пред две години кога бевме избрани како влада. Градежништвото како еден од главните драјвери на економскиот развој во годините кои што следат очекувам да продолжи со несмалена динамика. Во месец април имаме исклучително висок степен на реализација на проекти, голем бум на градежништвото. Последните податоци на Државниот завод за статистика велат дека е за речиси една третина подобро од минатата година за истиот месец. Тука зборувам и за ниско и за високоградба, нешто што досега е незабележано во новата историја на државата. Очекувам во таа насока да се движат работите и во периодот којшто следи. Но, дозволете да кажам и нешто што граѓаните многу добро го знаат. Овој автопат со години беше симбол на неисполнети ветувања. Речиси секоја влада го најавуваше, секоја пред избори ветуваше дека токму таа ќе го изгради, а одредени политички партии со години се удираа во гради и зборуваа дека токму тие најмногу се грижат за овој дел од државата. На крајот, од сето тоа останаа само празни зборови, по неколку купени парцели на трасата на оваа делница од овој автопат од одредени лица со сомнителна позадина и лица кои се поврзуваат со некои политички партии, сето останато остана само на ветувања, за жал. Денес разликата е јасна и видлива. Наместо нови ветувања, имаме обезбедени средства, потпишани договори, избран изведувач и започната реализација. И очекувам ако биде сè како што треба со Бога напред, овој или другиот месец, Коце, да почнеме веќе со теренските активности да ги завршуваме. Така што, знам дека финално останува да се избере надзорот, Александар така ти ме брифираше. Се надевам дека и од банката ќе бидат брзи и експедитивни како што знаат тие сами знаат да бидат, и објективни како што знаат да бидат. И се надевам дека многу брзо и оваа процедура ќе ја завршиме и ќе може да отпочнеме со реализација на овој проект. Оваа Влада нема намера да биде запаметена по изговори. Сакаме да бидеме запаметени по проекти, по автопати, експресни патишта, железници, училишта, болници и инвестиции што ќе останат зад нас. Тоа е нашиот одговор на сите оние кои со години само ветуваа. Продолжуваме со работа, продолжуваме со капитални инвестиции и продолжуваме да градиме држава која ќе се движи напред.“- изјави премиерот Христијан Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Ѓорче Петров обезбедува 10.000 денари годишна поддршка за секој ученик со попреченостСо оваа мерка, Општина Ѓорче Петров ја потврдува својата заложба за создавање инклузивна локална заедница во која секој ученик има можност да го оствари својот потенцијал, без оглед на предизвиците со кои се соочува.Општина Ѓорче Петров продолжува со конкретни мерки за унапредување на инклузијата и еднаквите можности, преку обезбедување еднократна годишна финансиска поддршка во износ од 10.000 денари за секој ученик со попреченост, согласно класификацијата МКФ и мислење на ЗМЗ, во текот на целото образование. Со оваа мерка, општината им излегува во пресрет на семејствата на учениците со попреченост, обезбедувајќи финансиска помош наменета за покривање на дел од трошоците поврзани со образованието, развојот и секојдневните активности на учениците. -Продолжуваме да градиме заедница во која ниту едно дете не е заборавено. Нашата цел е секој ученик да има еднакви можности за учење, развој и напредок. Инклузијата не смее да биде само збор - таа мора да биде конкретна грижа, мерка и поддршка. Токму затоа продолжуваме со политики што ги ставаат граѓаните на прво место и ја прават Општина Ѓорче Петров пример за општество со еднакви шанси за сите - истакна градоначалникот, Александар Стојкоски. Со оваа мерка, Општина Ѓорче Петров ја потврдува својата заложба за создавање инклузивна локална заедница во која секој ученик има можност да го оствари својот потенцијал, без оглед на предизвиците со кои се соочува.Тагови: Општина Ѓорче Петров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20