Салах: Ова е мојата последна сезона во Ливерпул - Канал 5

Салах: Ова е мојата последна сезона во Ливерпул

Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах изјави дека ова е негова последна сезона во клубот.

Салах: Ова е мојата последна сезона во Ливерпул

Египќанецот го сподели ова веднаш по големата победа на „црвените“ со 3:0 над Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“. Тој имаше огромен придонес за успехот бидејќи направи две асистенции и го постигна третиот гол на натпреварот.

-Поминав добро лето и многу време за себе да останам позитивен бидејќи, како што знаете, ова е мојата последна година во клубот. Сакам само да уживам и да не размислувам за тоа. Чувствувам дека имам слобода да играм фудбал, а ќе видиме што ќе се случи следната година, изјави Салах во студиото на „Скај спортс“.

Напаѓачот додаде дека клубот не разговарал со него за нов договор и дека неговиот актуелен договор истекува на крајот од сезоната.

Запрашан за можноста ова да биде негов последен натпревар на „Олд Трафорд“, тој рече дека кога пристигнал на стадионот помислил дека ова може да биде последен пат.

-Никој во клубот се уште не разговарал со мене за нов договор, така што оваа сезона ја играм како последна, а ќе видиме на крајот од сезоната. Во моментов не знам со кој клуб можам да се вратам, но засега ова е мојот последен натпревар овде со тимот на Ливерпул. Не зависи од мене, но никој не разговарал со мене за договор со клубот. Ќе видиме, додаде тој. /MИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Каква лага на ВМРО и Мицкоски. Каква врска има дата-центарот со Реформската агенда?

Пратеникот на ВМРО-ОКГ, Миле Лефков, денеска тврди дека националниот дата-центар бил обврска од Реформската агенда со ЕУ.

СДСМ: Каква лага на ВМРО и Мицкоски. Каква врска има дата-центарот со Реформската агенда?

За кредибилитетот на Лефков нема потреба да трошиме ниту збор.

Но, ова е уште една класична манипулација.

Реформската агенда требаше да биде завршена до 1 јуни – како што самиот Мицкоски вети.

Наместо да ги испорачаат ветените реформи, сега измислуваат дата-центар и го ставаат под капата на „европска обврска“.

Што има заедничко националниот дата-центар (за чување на податоци на државните институции) со дата-центарот што Мицкоски го најавува за некој странски инвеститор, со огромна потрошувачка на струја и вода?

Апсолутно ништо.

Станува збор за две сосема различни работи.

ВМРО-ОКГ толку многу лаже и свесно ги манипулира граѓаните за да ги збуни и да ја прикрие вистинската намера – ресурсите на државата да ги стави во функција на приватни интереси.

Ова е спин.

Ова е обид да се оправда нешто што нема никаква врска со европската агенда, туку со тендерски апетити.

Зошто постојано мешаат јавни обврски со приватни дата-центри за инвеститори?

Затоа што многу, многу лаже криминалната група ВМРО и Мицкоски, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Напаѓачи на скутер пукале во наргиле- бар во Марсеј, изма мртви и повредени

Едно лице е убиено, а четворица други се повредени, од кои едно потешко, во пукотница во бар за наргиле во Марсеј рано утрово, објавија денеска француските медиуми.

Напаѓачи на скутер пукале во наргиле- бар во Марсеј, изма мртви и повредени

Осумнаесетгодишен маж е убиен, четири лица на возраст меѓу 17 и 23 години се ранети, а едно е во критична состојба, објави „Паризиен“.

Весникот наведува дека две лица пристигнале во барот со скутер, по што едно од нив отворило оган врз барот со автоматски пиштол.

На местото на настанот се пронајдени осум чаури од 9 милиметри, додека скутерот на сторителите подоцна е пронајден, но целосно изгорен.

„Покрената е истрага за убиство и обид за убиство извршено од организирана криминална организација, а случајот е доделен на Одделот за организиран и специјализиран криминал (DCOS)“, соопшти јавното обвинителство на Марсеј.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спречен обид за илегално преминување на државната граница

Денеска (30.08.2026) околу 00:40 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранична контрола Богородица спречиле обид за илегално преминување на државната граница.

Спречен обид за илегално преминување на државната граница

При преземање мерки и активности, од слобода е лишен М.А.(42) од Република Албанија, за кого постои сомнение дека бил водич на група од десет турски државјани, на возраст од 15 до 61 година, кои имале намера илегално да ја преминат државната граница.

М.А. е задржан во Полициската станица од општа надлежност Гевгелија, додека турските државјани се задржани во Полициската станица за граничен надзор и гранична контрола Богородица и истите ќе бидат изведени пред надлежен суд, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер